post

Како да го привлечеш твојот идеален купувач?

Твојата работа како еден претприемач е секогаш да работиш на привлекување на нови потрошувачи за твојот бизнис. На ова се базира растот на твојот бизнис. Тоа е дополнителна бизнис потенцијална енергија за твојата компанија.

Но, привлекување на купувачи за твојот бизнис те чини пари. Сакаш да бидеш присутен секаде каде што се наоѓаат твоите потенцијални купувачи. Оваа присутност бара напор, време и пари.

Зошто би сакал да ги фасцинираш потенцијалните купувачи доколку тие немаат интерес за твоите производи или услуги?

Зошто би сакал да ги фасцинираш потенцијалните купувачи доколку тие ги немаат проблемите кои твојата компанија ги решава?

Сигурно не сакаш да ги фасционираш таквите потенцијални потрошувачи, туку сакаш да ги привлечеш идеалните потрошувачи за твојата компанија.

За таквите потрошувачи вреди напорот, времето и парите вложени за нивно привлекување. Тие имаат поголем потенцијал да конвертираат во купувачи, бидејќи тие веќе имаат потреба од твоите производи или услуги, и секако сакаат да ги решат проблемите кои твојата компанија може да ги реши за нив.

Во продолжение се дадени 4 чекори кои ќе треба да ги преземеш доколку сакаш да ги привлечеш идеалните купувачи за твојата компанија.

#1 Целен пазар

Кој е твојот целен пазар?

Треба да го знаеш одговорот, бидејќи твоите идеални потрошувачи се токму на тој пазар. Треба да ги пронајдеш таму.

Без прецизно знаење на целниот пазар, нема да можеш ниту да ги најдеш твоите идеални потрошувачи.

Затоа треба да го опишеш твојот целен пазар. Користи демографија, социологија, географија или било што друго што ќе ти каже каде се наоѓаат твоите идеални купувачи.

#2 Твоите идеални потрошувачи

Знаеш ли кои се твоите идеални потрошувачи?

Дали тоа е Перо, сопственик на мал бизнис кој продава мобилни телефони и има потреба од рекламирање на неговиот бизнис? Или тоа е Елена, која сака да има сопствена пекара и има потреба од консултации за започнување на бизнис?

Повторно, кои се твоите идеални потрошувачи?

Размисли за ова:

  • Тие се дел од твојот целен пазар.
  • Тие имаат потреби за твоите производи и услуги.
  • Тие треба да имаат проблеми кои твојот бизнис ги решава.
  • Тие треба да имаат страсна желба за да ги решат тие проблеми.
  • Тие мора да бараат можни решенија за нивните проблеми.

Опиши го твојот идеален купувач користејќи ги погоре опишаните потреби за некој да може да влезе во категорија на твојот идеален купувач.

#3 Лоцирај ги

Сега знаеш кој е твојот целен пазар и ги знаеш твоите идеални потрошувачи. Следното нешто што треба да го преземеш е да ги лоцираш.

Каде се твоите идеални потрошувачи?

Каде одат, каде јадат, каде работат, каде ги бараат решенијата за нивните проблеми…?

Сите овие прашања се важни за тебе и за твојот бизнис доколку сакаш да изградиш присуство на твојот бизнис на тие места и нормално, да ги привлечеш.

#4 Начини за привлекување

Можеш да бидеш присутен на сите тие места каде што се наоѓаат идеалните купувачи, но доколку не успееш да го привлечеш нивното внимание нема да можеш да ја исполниш целта, а тоа е да привлечеш колку што може повеќе од нив.

Размисли за овие прашања:

  • Како можеш да им пристапиш?
  • Како можеш да комуницираш со нив?
  • Која ќе биде првата работа за која ќе комуницираш со нив?
  • Како ќе кажеш приказна за слични проблеми?

Доколку ги одговориш прашањата, ќе знаеш како да ги привлечеш. Денешниот бизнис свет не е место каде едноставно ќе ги закачиш твоите маркетинг материјали и ќе се здобиеш со потребното внимание.

Таму, на твојот целен пазар, постојат многу ентитети кои се обидуваат да го привлечат истото внимание за истите лица кои ти се обидуваш да ги привлечеш. Мора да бидеш попаметен, и да го искористиш твојот потенцијал.

Затоа комуницирај, не продавај. Едуцирај, не продавај. Гради односи, зголеми го кредибилитетот и довербата, биди нивен пријател… (Повеќе за тоа како до позитивно влијание врз идеалните купувачи можете да видите во вебинарот насловен како: Како потрошувачите да те изберат тебе место конкуренцијата.) Доколку успееш во ова, ќе зграбиш многу поголемо внимание и привлекување на твоите идеални купувачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*