post

Телевизија – Маркетинг Средство 30

Стигнавме и до 30-тото маркетинг средство од овој турбо серијал на маркетинг средства на претприемач. Телевизијата е уште едно традиционално маркетинг средство кое е можеби и едно од најкористени заедно со радиото и весниците. Многу често кога се мисли на маркетинг во главата на претприемачите им поминува телевизија, радио, магазини и весници.

Телевизија како маркетинг средство

Високата цена на националните телевизии ги одвраќа претприемачите на малите бизниси, но затоа локалните мали бизниси можат да ја искористат оваа предност. Во секој случај, слободно може да се каже дека овој маркетинг медиум кај нас сеуште има голема популарност иако во поразвиените земји се повеќе и повеќе го губи сопственото влијание врз пошироките маси.

Предности на ТВ како Маркетинг Средство

Ќе презентирам некои од предностите на телевизијата како маркетинг средство:

  • Присуство во скоро секој дом. Присуството на телевизијата во скоро секој дом претставува предност на истата како маркетинг средство. Слободно може да се каже дека телевизијата е присутна секаде. Телевизорите ги има во популарните кафулиња, во ресторани, во домовите на луѓето, па дури и на отворени места при некои собири.
  • Широка опфатност. Ова е една од најголемите предности на телевизијата. Навистина има широк спектар на опфатност на различни сегменти од пазарот. Бидејќи телевозорот како технологија е присутен насекаде околу нас, така и телевизијата како маркетинг средство може да допре до голем број на луѓе кои се Вашите потенцијални купувачи.
  • Визуелизација. За разлика од радиото каде пораката е во аудио форма која може само да се слушне, и за разлика од весниците каде пораката е само во пишана форма која може само да се прочита, телевизијата нуди визуелна форма која може и да се види и да се слушне и да се прочита во исто време.
  • Дизајн на пораката. Додека ова во минатото беше недостаток, денес слободно можеме да кажеме дека не е. Денес скоро секој може да дизајнира видео економско-пропагандна порака, додека во минатото требаше да се најмат техничари како професионалци за оваа намена. Дури и Вашето 7 -годишно дете денес знае да искористи различни апликации на персонален компјутер и да дизајнира интересна видео порака за Вашиот бизнис.

Недостатоци на ТВ како Маркетинг Средство

Да разгледаме и некои од недостатоците на телевизијата како маркетинг средство:

  • Должина на пораката. Должината на економско-пропагандната порака на телевизијата е навистина кратка и за да се постигне вистинскиот ефект ќе мора да се повторува повеќекратно. Овој недостаток претпоставува дека целната група на гледачи во моментот на прикажување на пораката ќе прават нешто друго. Затоа и целта на претприемачите е да дизајнираат порака која ќе го привлече вниманието.
  • Менување на каналите. Тоа сум јас и над 90% од луѓето што ги познавам. Кога гледам ТВ го држам даљинското во рака и кога ќе ме прекинат со пропагандна порака, нормално одам на следниот канал. Па можеби ќе се навратам подоцна на претходниот канал или пак ќе најдам нешто поинтересно. Значи пропагандната порака ми дава слобода до погледнам дали има нешто поинтересно на ТВ. Значи парите кои ги трошат претприемачите за мене и оние како мене се едноставно фрлени во вода.
  • Пренатрупаност. Во еден маркетиншки сегмент на телевизијата кога ќе се прикажува и Вашата пропагандна порака ќе одат уште неколку други со што секоја од пораките губат на сопствената ефикасност и ефективност.
  • Трошоци. Трошоците за овие пораки се навистина големи во споредба со останатите. Доколку најмите и професионален дизајнер уште пред да започне емитувањето на пораката ќе мора да издвоите значителна сума на пари. И самото изнајмување на просторот за емитување на една телевизија е навистина поскапо во однос на останатите медиуми.

Неколку Препораки при Подготвување на „ТВ Реклама“

  • Пораката нека биде едноставна која нема да претставува збунувачка за гледачите.
  • Фокусирај се на ползите на потенцијалните потрошувачи бидејќи само ползата може да им го обрне вниманието.
  • Докажи ги полезностите за потенцијалните потрошувачи кои ги презентираш во пораката.
  • Направи ја пораката уникатна, односно нешто што не постои, а во исто време интересна и лесно запомлива.
  • Користи емоции во однос на презентирање на проблемот на потенцијалниот потрошувач кој сакаш да го опфатиш со пораката.
  • Внимателно избери ја телевизијата која ќе ја користиш за емитување на твојата порака. Различни телевизии се гледани од различна популација.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] ги весниците, телевизиските станици за да ги видите рекламите на производите што се нудат. […]

Speak Your Mind

*