Глобалното рекламирање и создавањето на глобални купувачи е многу значајно за успех на некој производ, а со тоа и на компанијата.
Целта на меѓународното рекламирање е со помош на средствата за масовна комуникација да се дојде до одредена целна група и да се проследат информациите за производот и за компанијата. Врз база на тие информации, купувачот го вреднува производот и компанијата и формира одреден став како за производот така и за компанијата и сопствениците на компанијата. За разлика од личната продажба, рекламирањето не подразбира директен контакт со купувачот, а за разлика од публицитетот, рекламата се плаќа. Доколку се определи за овој инструмент менаџерот мора да испланира рекламна кампања.
Врз база на спроведени истражувања, компанијата дефинира што да и се презентира на целната група, на потенцијалните купувачи. Менаџерот може да управува со кампањата преку:
- Индентификација на целните аудиториуми
- Дефинирање на јасните, реални и мерливи цели на рекламирањето
- Избирање на пораката
- Избирање на медиуми
- Определување на буџетот кој треба да ги покрие трошоците за рекламирањето
- Контрола и оценки за ефектите од рекламирањето
Кога менаџерите ќе ги определат целните аудиториуми, како и она што со својата реклама сакаат да им порачаат на купувачите, следниот чекор е утврдување на медиумската стратегија и тактика.
За таа цел треба да се знаат предностите и недостатоците на одделни медиуми. Најчесто еден медиум не е во состојба да покрие цел пазар. Поради тоа најдобро е да се направи медиумски микс, односно комбинација на различни медиуми (месечни, неделни, дневни и локални весници, тв, радио, директна пошта, патокази, надворешни знаци, жолт печат, туристички публикации и водичи, телефонски именици, транспорт, рекламни паноа, театарски програми, интернет) со чија помош пораката ќе се пренесе до целната група.
Терминирањето на рекламата (во текот на денот, во одреден час, во тек на викендот), како и траењето, мора да овозможи целната група во одредено време да је прими пораката.
Рекламирањето носи одредени трошоци, кои можат битно да влијаат врз изборот на соодветна рекламна стратегија.
Менаџерот треба да има алтернативна варијанта на медиум миксот, која ќе му овозможи повеќе можности за реализирање на поставените цели.
Оптимална варијанта за менаџерот е онаа со која тој, користејќи најмали финансиски средства, е во состојба да постигне најголеми резултати. Во тој контекст е и оценката, како и контролата на постигнатите резултати во рекламната кампања и тоа е финалниот чекор во процесот на нејзиното управување.
Доколку компанијата е задоволна од ефектите на рекламирањето, може да продолжи и понатаму со истото рекламирање, а доколку остварените резултати се незадоволителни, потребно е да се направи анализа дали е проблемот во лошо осмислената рекламна порака или е лошо одбран медиумот, како и можноста за лош тајминг за рекламирањето.
Кога ќе се утврди во што е проблемот, при работењето се постапува кон исправување на тие грешки. Одредени рекламни пораки во една земја можат да доживеат успех, а во друга не. Тоа може да се должи на различни културни вредности и потреби. За рекламирање на глобално ниво многу големо значење имаат: спортски настани, популарни интернет сајтови, популарни глумци, популарни пејачи… Се позначаен медиум за рекламирање претставува интернетот, бидејќи е нецензуриран (барем сеуште или пак помалку цензуриран) и не подлегнува на определени ограничувања.




Speak Your Mind