Однос помеѓу менаџер со помало искуство и вработени

stanuvanje-prodolzuvanje

Менаџмент и менаџер, зборови кои во последните 20 години станаа едни од најпопуларни зборови. Но, дали се практицираат онака како што треба? Во последните неколку недели имав разговори со неколку топ, односно врвни менаџери во нивните организации. Сите се сложени и комплексни организациски системи со одредена комбинација на организациска структура. Но, кај сите се забележува висока неефективност и неефикаснос, а со тоа и висока « Продолжи »

Како тим лидер мора да обезбедите поддршка за вашиот тим

претприемач

Вие сте претприемач, личност која креира нешто вредно за вашите купувачи од ништо. Но, исто така вие сте и лидер, бидејќи не можете да креирате и дистрибуирате вредност за купувачите како индивидуалец кој е сам. Имате потреба и веројатно веќе имате тим кој ќе работи со вас и ќе ви помогне за да ги постигнете вашите цели. Согласно моите анализи на група на претприемачи, открив дека без поддршка од страна на претприемачот « Продолжи »

Како алтернативите влијаат на вас како претприемач?

Алтернативи

Како еден претприемач сигурно повеќе пати сте се соочиле со различни алтернативи од кои треба да изберете една. Исто како кога се наоѓате на пат и имате неколку можни рути за да стигнете до дестинација (најквалитетна, најбрза или најкратка), така и во бизнисот ќе имате повеќе насоки кои можете да ги изберете. Но, проблемот со алтернативите не е само во вашиот избор. едно е тоа што вие можете да го изберете преку донесување на « Продолжи »

Како лидерите можат да ги подобрат вештините на членовите на тимот?

Системи

Како еден претприемач вие сте тим лидер кој постојано ќе треба да работи на зголемување на нивото на вештини на членовите на вашиот бизнис. Вашиот сопствен успех како тим лидер во голем дел ќе зависи од успехот на членовите на вашиот тим. Тие треба да бидат доволно вешти за да излезат во пресрет на предизвиците на тимот, но исто така треба да бидат доволно мотивирани за да го дадат најдоброто во севкупните напори на тимот. Како « Продолжи »

Од домашно во меѓународно работење

Меѓународна стратегија

Кога ќе се премине од домашно на меѓународно работење, се менува комплексноста во работењето. Врвниот менаџмент мора да изврши ревизија на мисијата и целите. Тие мора да ги оценуваат стратегиите од аспект на можностите и ограничувањата кои ги наметнува новото опкружување, како и нивните јаки и слаби страни. Секоја компанија работи и дејствува во определено опкружување. Од меѓусебната јачина на сите чинители на опкружувањето ќе « Продолжи »

Како да одлучувате без двоумење

Заборавање

Сте се нашле ли во позиција кога треба да донесете одлука, но нешто ви кажува дека не ја правите вистинската работа? Тоа нешто ве двоуми околу одлуките кои треба да ги донесете. Во една таква состојба, кога едноставно не верувате на вашите сопствени одлуки, или едноставно донесувате одлука со двоумење ќе се најдете во позиција да одлучите, но нема да ги имплементирате вашите одлуки, или едноставно ќе ги одложите. Мора да верувате во « Продолжи »

Можете ли да изградите лојалност кај вработените

vraboteni

Сите ја сакаме лојалноста. Сакаме семејството да ни биде лојално. Сакаме пријателите да ни бидат лојални. Сопругите или девојките и обратно да бидат лојални. Како претприемачи сакаме купувачите да ни бидат лојални на нашиот бизнис. Но. што е со вработените? Дали сакате тие да бидат лојални на вашиот бизнис? Прашањето е што можете да направите за да обезбедите повеќе лојалност од страна на вашите вработени. « Продолжи »

Менаџмент – Најдоброто од 2012

Претприемач 2013

Одиме со менаџментот како категорија на претприемач и дел од серијалот за најдоброто на претприемач за 2012 година. Оваа категорија (во потесна форма само менаџмент на малиот бизнис) содржи 144 наслови кои ќе ви помогнат во развој на вашите менаџерски вештини. Менаџментот е важна тема во секој мал бизнис без разлика дали станува збор за бизнис со 2 или повеќе вработени. Секој претприемач ќе мора да менаџира. Да ги разгледаме « Продолжи »

Водич за организирање на ефикасни и ефективни состаноци

Купувачи

Ефикасни и ефективни состаноци се оние состаноци кои се насочуваат на вистинските работи, водат на вистински начин и секако произлегуваат вистински применливи следни чекори за тимот. Состаноците, денес може да се претстават како "нужно зло" за еден мал бизнис. Иако технологијата која постои денес може да го намали нивното влијание, сепак понекогаш состанокот е единственото средство преку кое може да се реши некој проблем во вашиот « Продолжи »

Одговорете ги следниве прашања за подобро да се организирате

Денес

Мозокот на еден претприемач е преполн со многу работи. Тука се идеите, идните проекти, сегашни и идни активности, работи кои бараат уште денес да бидат фокусирани и работи кои не бараат фокус уште денес... Сите тие "работи" едноставно црпат од капацитетот на психичкото складиште во мозокот на еден претприемач. Тие замараат, дефокусираат, дезорганизираат и доведуваат до чувство на напнатост и стрес. Се она што не е распределено за « Продолжи »