post

Што претставува SEO?

Што претставува SEO?

Што претставува SEO?

Ќе продолжам со 60-тото маркетинг средство на претприемач кое оди во серијал на написи. Како што најавив во претходниот напис SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство 60 потребно е јасно разграничување на тоа што претставува оптимизација за пребарувачи. Сметам дека тука лежи и најголемата грешка која може да се направи да сите други активности да бидат бесцелни.

Првин би сакал да напоменам дека SEO не значи измама за да пребарувачот смета дека токму твојата веб страна треба да се појави меѓу првите кога некој пребарува за нешто на интернет. SEO едноставно значи да се прилагоди веб страната за да се обезбеди полесна достапност од страна на пребарувачите кои врз база на нивниот алгоритам ќе одлучат на кое место да ја покажат вашата веб страна (на пример, 1-во или 50-то место).

Дефинирање на SEO

Да започнам со нешто формално. Во Wikipedia оптимизација за пребарувачи (SEO) се дефинира како:

процес на подобрување на количина и квалитет на сообраќај кон една веб страна од страна на пребарувачите преку „природен“ или неплатен („органски“ или преку алгоритамот) резултат од пребарување како спротивно на маркетинг на пребарувачи (SEM – Search Engine Marketing) кој се однесува на платено прикажување.

Ги болдирав оние важните елементи во дефиницијата:

  • SEO претставува процес на подобрување. Значи наместо користење на процес на измама користиме процес на подобрување на веб страната како полесно би била пронајдена од страна на пребарувачите.
  • Освен со број на посети SEO се занимава и со квалитетот на тие посетители. Ова е многу значаен елемент особено за еден претприемач и неговиот бизнис. Може да имаш огромен број на посети, но едноставно тие доаѓаат и си одат. Нема конверзија, нема враќање, процесот завршува тука.
  • SEO се однесува на органскиот сообраќај од пребарувачите. Тоа значи на оној дел за кој не се плаќа. Кога станува збор за Google постојат две подрачја од екранот со резултати кои се неоргански (платени реклами) додека останатиот најголем дел се однесува на оние бесплатни резултати кои се добиваат со помош на SEO. Како што е прикажано на сликата десниот дел (до 8 места има дозволен простор) се однесува на приказ на резултати на оние кои му плаќаат на Google (Google Adwords) за да се појават тука. Постои уште едно подрачје кое се наоѓа веднаш над органскиот дел каде исто така се прикажуваат резултати од платен маркетинг, а не SEO.

Резултати од пребарување на Google

Што не е SEO – Еден пример

Преку различните обуки низ кои што поминав ми беа покажани различни веб срани за тоа што не претставува SEO, но пред некое време налетав и на една веб страна од Македонија која сосема погрешно го сватиле SEO процесот. Затоа и напоменав на почетокот од овој пост дека SEO не претставува измама од страна на администраторот на веб страната за да биде забележана таа веб страна како вредна. Можеби пред 10-тина години ова функционирало, но денес не функционира. Погледнете една веб страна (го прикажувам само долниот дел):

Лош SEO пример

Ме зачуди зошто толкав простор оставен на дно?

А кога направив селекција на се што има на страната еве што произлегува:

Лош SEO пример

Но чудењето беше кратко - Причина е погрешно SEO

Втор пример на истата страна што го забележав е URL-то на страните. Погледнете само како изгледа:

http://www.kupi.com.mk/store/Macedonia_Computers_Rainbow_Makedonija_Kompjuteri_Prodavnica_Shop_Store_Acer_ Apacer_ASUS_Epson_HP_Dell_IBM_LG_Logitech_Samsung_SONY_Toshiba_WD_Intel_AMD.asp

Во написот за домен име како маркетинг средство пишував дека ова има влијание на SEO но тоа не значи дека треба да направите километарско URL со што само ќе ги нафрлате зборовите. Што мислите дали ова поминува кај Google? Од лично мое искуство преку тестирања и истражувања не ви дава предност, туку само ќе обезбеди банирање на вашата веб страна или контраефект на она што сакате да го постигнете.

Принцип на работа на пребарувачите

За да навлеземе полека во процесот на SEO мора накратко да навлезам и во историјатот на принципот на работа на пребарувачите.

Раниот начин на работење на пребарувачите се базирал на неколку решенија. На пример Yahoo имале креирано систем кој предвидувал да сопственикот на веб страната специфицира категорија на страна и клучни зборови кои се однесувале на таа страна. Откако на таков начин веб страната ќе се испратела до Yahoo, луѓе специјалисти вработени во Yahoo нарчени како онтологисти ја проверувале релевантноста на она што е доставено. Но, овој метод едноставно давал многу непрецизни резултати иако барал Yahoo да вработи многу луѓе кои збор по збор, јазик по јазик ќе ги проверуваат доставените веб страни и ќе вршат рангирање на истите.

Некои други пребарувачи во тоа време ги класифицирале веб страните врз основа на временски период што еден посетител се задржувал на таа страна. Но, набргу со појава на интернет прелистувачи со повеќе јазичиња за преглед на страни овој метод бил нефункционален. Тоа значи дека доколку некој отвори повеќе јазичиња може да заборави да исклучи некои од претходно, а истите добивале поени врз основа на тоа време.

За разлика од останатите пребарувачи основачите на Google, Larry Page и Sergey Brin сметале дека репутацијата на една стран е најдобра мерка за рангирање на истите, но наместо да користат време кое еден посетител се задржувал на една веб страна, го искористиле методот кој се користел од научниците за да се рангира еден научен труд како повреден од другиот. Тоа е вкупен број на цитати или во овој случај вкупен број на линкови кон една веб страна.

Но овој процес тие во голем дел го подобриле и затоа не е толку едноставен како што изгледа. На пример, секој линк (цитат) нема еднаква важност.  Да земеме еден пример, секако дека цитат во една книга објавена од Harvard Business School нема да има иста вредност со цитат во еден учебник кај нас. Не дека се потценува знаењето на авторот тука, но едноставно името, репутацијата, вложените средства во научно истражувачка работа, награди и признанија го прават HBS да биде повлијателен кога се мерат цитатите кон еден научно истражувачки труд. Оваа паралела ја извеле на тој начин што линкови од веб страни кои се цитирани повеќе имаат поголема вредност за Google.

На оваа основа се додадени дополнителни елементи во вид на клучни зборови, растојание помеѓу зборови кога има повеќе од еден збор… Можете да забележите дека овој метод претставува сложена математичка операција. Можеби за повеќето од вас во оваа фаза сеуште е неразбирливо, но во останатите постови од овој серијал ќе се обидам да ги опфатам сите важни елементи во овој процес. Но, она што може да се забележи е следново:

  • Пребарувачите препознаваат зборови,
  • Пребарувачите ја скенираат содржината,
  • Пребарувачите класифицираат согласно релевантност која се мери во Page Rank (од 0-слаба релевантност до 10-највисока релевантност)
  • Пребарувачите сакаат да им овозможите едноставен пристап до веб страната за да ги изведат претходно наведените функции.

Продолжете со следниве написи:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO и го претставивме првиот основен столб на еден ваков […]

  2. […] нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков […]

  3. […] поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во  тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков […]

  4. […] не сте го прочитале првиот пост каде е разграничено што точно претставува SEO би препорачал да го прочитате првин него пред да […]

  5. […] поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков […]

  6. […] поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков […]

Speak Your Mind

*