post

Домен Име – Маркетинг Средство 56

Можеби ова маркетинг средство требаше да биде пред веб страна или блог затоа што има директно влијание и на двете. Како што името на Вашиот бизнис е уникатно, така и името на доменот на Вашата веб страна или блог ќе биде уникатно и нешто по што може да го препознаваат Вашиот бизнис.

Ова е уште еден елемент од бизнисот кој полека, но сигурно станува градител на Вашиот бренд.

Што претставува домен име?

Не сакам да навлегувам во формални или технички дефиниции на домен името бидејќи само ќе доведе до забуна на нетехнички лица. Она што еден претприемач треба да го знае е следново:

  • Тоа е она што се прикажува во Вашиот интернет прелистувач најгоре.
  • Тоа е она што во очите на посетителите ја разликува една веб страна од друга.
  • Тоа е она за што плаќате на годишно ниво за да го користите.
  • Тоа е она преку кое што еден потенцијален купувач ќе ве најде доколку го знае и без пребарувачи едноставно со впишување на URL-то.

Препораки за домен името

Многу размислував и анализирав за тоа што да се избере да биде дел од домен името. Наједоноставно е да се избере името на компанијата и да завршите работа, но тоа не е едно подолгорочно решение кое ќе ви донесе други предности, особено во однос на SEO. Домен името има силно влијание на оптимизација за пребарувачите и едноставно не треба да се остави како еден едноставен елемент при севкупната онлајн презентација на Вашиот бизнис. Како за илустрација еве еден пример кога пребарувам на Google за зборот Business:

Забележувате во резултатите дека зборот кој го пребарувам е болдиран и тоа во:

  • Насловот,
  • Описот и
  • Домен името.

Тоа значи дека и домен името има влијание кај пребарувачите, односно влијание врз основа на тоа кој збор е содржан во него. Така да доколку името на Вашиот бизнис го содржи и клучниот збор за кој сакате да бидете најдени, тогаш е ок да го изберете тоа име. Но, доколку, на пример името на Вашиот бизнис е НМД (Најдобри Македонски Домати) не би било препорачливо домен името да биде nmd.com бидејќи ќе изгубите една дополнителна придобивка која се зема во предвид од страна на пребарувачите.

Затоа како едни препораки какво треба да биде домен името ги издвоив следниве:

  1. Описно
  2. Лесно запомливо
  3. Да го содржи клучниот збор
  4. Да не е предолго
  5. Да го отсликува брендот

Во секој случај задачата не е баш толку едноставна за да се искомбинираат овие препораки.

Процес на избор на името на доменот

Врз основа на сето она што погоре го напоменав би го издвоил следниов процес во поедноставени чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  • Анализа на клучни зборови
  • Избор на клучен збор
  • Комбинација со името на Вашиот бизнис
  • Комбинација со Вашиот бренд
  • Проверка на тоа дали е едноставно, дали може лесно да се запомни и дали лесно се изговара.
  • Проверка на достапност на најдобрите.
  • Регистрација на најдоброто достапно домен име.

Доколку не можете да се снајдете во овој процес, препорачливо е да најмите професионалец кој ќе ја спроведе целосната анализа за Вас.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Домен Име – Маркетинг Средство — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Mishevski Igor, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Домен Име – Маркетинг Средство 56 – Можеби ова маркетинг средство требаше да биде пред веб http://ht.ly/17unPg […]

  2. […] написот за домен име како маркетинг средство пишував дека ова има влијание на SEO но тоа не значи […]

Speak Your Mind

*