post

Безхартиено работење

Безхартиено работење полека но сигурно станува еден стандард во работењето на бизнисите од сите видеови.

Читаме екниги, праќаме електронска пошта, комуницираме електронски, не користиме нотеси, добиваме и испраќаме фактури електронски…

Сето тоа доведува до намалување на потребата на хартијата во еден бизнис.

Не толку одамна (пред 3-4) години се сеќавам кога сите ги печатевме пораките од епошта. Кога секој документ без разлика на страниците требаше да го имам во печатена форма за да го прочитам, означам согласно потребите и да состанчам во однос на него. Кога ги принтав деловите од книгите или копирав тие делови за да ми се најдат во иднина. Кога ќе пронајдев нешто на интернет го принтав за да го имам за во иднина.

Сето тоа е минато на кое само можам да се сеќавам.

Намалување на хартијата во работењето не само што доведува до зголемување на свеста за екологијата и заштита на околината, туку едноставно доведува и до намалување на трошоците и зголемување на севкупната продуктивност во бизнисот.

Дури по неколку години сфаќаме дека стануваме пренатрупани со различна хартија која во повеќето случаи и воопшто не ја погледнуваме во тој период.

Во моментов се наоѓам во процес на преселба на моите канцеларии и преуредување на истите. Овој процес вклучува и интеграција на разни системи за продуктивност меѓу кои и GTD (Getting Things Done на David Allen) системот кој содржи и процесирање на разна хартија. За самиот овој процес и резултатите од моите напори како инвестиција во него ќе пишувам во иднина кога ќе ги анализирам придобивките. Во секој случај овој процес на средување ме наведе на пишување на овој наслов, а ќе резултираат и повеќе.

Само вчера фрлив неколку илјади листови печатена хартија со се и сешто, собирана неколку години. Сфатив дека едноставно хартијата ме затрупува, ми го намалува просторот во кој работам и ми ја зголемува неснаодливоста во тој секојдневен хаос.

Еве ги некои од придобивките што сум ги почувствувал како резултат на процесот на примена на безхартиено работење во изминатите неколку години:

  1. Наместо да трошам 15-20 пакувања хартија сега користам 5 годишно.
  2. Наместо да го менувам тонерот на мојот печатач 2-3 пати годишно сега го менувам еднаш годиншно.
  3. Мојата продуктивност се зголемува бидејќи ми се зголемува просторот за важните работи.
  4. Мојата продуктивност се зголемува бидејќи се она што ми е потребно е со мене.
  5. Мојата продуктивност се зголемува бидејќи без разлика каде се наоѓам, пристапот до потребната информација е со мене.

Во наредниот период планирам да објавам еден серијал за процесот на безхартиено работење.

Доколку сакате да прочитате повеќе за темава тука ќе најдете повеќе наслови за продуктивност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Se vo red, no da go trgnese kopcet Print na krajot od statijata!!
    Inaku i jas sum za sto povekje koristenje na uslugite vo oblak, mesto papirologija.
    Pozdrav!

Speak Your Mind

*