post

ПОТРЕБА ОД АКТИВНОСТ И АКЦИЈА!

Претприемништвото бара постојана активност и постојано превземање на акции од страна на претприемачите. Многу се ретки, па дури може да се каже и дека воопшто не постојат бизниси кои не бараат постојана активност и постојано превземање на акции.

Но, од друга страна може да постојат три типа на претприемачи:

  • Претприемачи кои што чекаат работите да се случат
  • Претприемачи кои што коментираат работи кои се случиле и
  • Претприемачи кои прават работите да се случуваат.

Погодете кој од овие е најуспешен!

Првата категорија на претприемачи се реактивни претприемачи, кои чекаат работите сами или пак од некој друг да се случат и дури тогаш да реагираат со превземање на некоја акција. Во повеќето случаи и воопшто нема да превземат ништо. Ова е исто како на некоја трка да почекаме некој друг да помине низ целта и потоа да започнеме со трчањето. Значи трката ја губиме уште пред да започнеме.

Втората категорија на претприемачи се оние таканаречени „коментатор“ кои не преземаат ништо, а само aktivnost коментираат што други превзеле. Оваа група и воопшто не би ги ставил во категорија на претприемачи.

Третата група на претприемачи се оние вистинските претприемачи кои прават работите да се случуваат. Ова се вистински претприемачи бидејќи во исто време влегуваат во категорија на успешни претприемачи. Овие претприемчи ја креираат иднината, знаат што сакаат и како да го остварат тоа. Тие не се занимаваат со другите туку со својот развој и развојот на својот бизнис, а конкуренцијата ја следат во секој чекор и проучуваат па затоа секогаш се први во трката. О друга страна бидејќи втората група на претприеамчи ќе ги коментира им отвара голем потенцијал на маркетинг средства. Оваа е исто како старата народна: Зад добриот коњ, се крева прашина.

Само доколку превземете акција ќе знаете дека работите нешто и дека создавате нешто. Еве неколку карактеристики на добри претприемачи:

  • Имаат бизнис идеја која ја спроведуваат
  • Изготвуваат бизнис план кој го следат за да го постигнат планираното
  • Секојдневно се ангажирани во управување и подобрување на бизнис активностите
  • Анализираат
  • Одлучуваат
post

Е-КУРС– ОБУКА КОЈА НАВИСТИНА ВРЕДИ

Сакам да споделам едно лично искуство со читателите на претприемач за еден начин на обука кој го практикувам во последните 6 месеци. Но, првин би тргнал со една историја. Во животот посетував неколку курсеви во вид на англиски, германски, компјутери, спортски курсеви итн. Но, ниеден не завршив до крај. Некои од причините се следниве:

  • морам да бидам тој и тој ден од толку до толку часот.
  • морам да завршам домашно за тој и тој ден во толку и толку часот
  • морам да сум под притисок за да мислам дека треба да одам таму.

Она што ми беше потребно е слобода. Слобода во тоа кога сакам да бидам на курс. Во класичните курсеви мора да се прилагоди цела група, а не само Вие. Слобода во тоа кога да ги изведам активностите од „наученото“ на курсот. Слобода во тоа да не сум под притисок.

Пред половина година регистрирајќи се на различните веб страници добив е-mail за 6 месечна обука за е-претприемништво. Го прочитав извештајот и ми се допаднаа темите во истиот. Компанијата која ја обезбедува обуката е од Австралија. Но, она што најмногу ми се допадна е што можам курсот да го посетувам од дома, преку интернет, што можам да читам и гледам видео материјал од некоја лекција кога сакам освен оние понапредните бидејќи материјалите се добиваат секвенцијално по e-mail. И што можам да ги изведувам активностите по завршена лекција кога сакам. Значи, никој не ме притиска за домашно во одреден временски период.

Бидејќи сето тоа ми се допадна требаше да го пробијам ледот за плаќање. Плаќањето е преку интернет. Претходно сум плаќал преку интернет само преку амазон за купување на 50-тина книги од областа на претприемништвото, менаџментот и организациски промени. Но, некако собрав храброст и ја внесов картичката и добив пристап до материјалот. Плаќањето ми е месечно по 50$ во наредните 6 месеци (секој месец по 50$ излегува 300$ цела обука).

И навистина не погрешив. Секоја недела добивам по еден e-mail со пристап до видео материјалите како дел од обука, со пристап до телеконференциска врска каде разменуваме мислења со предавачите и сите учесници во обуката и пристап до форумот за учениците каде се разменуваат мислења како и прашања и одговори. Сметам дека не погрешив оради следново:

  • со кредитната картичка е се во ред (плаќањето се изврши преку ClickBank)
  • ја имам посакуваната слобода
  • материјалот кој го добивам е навистина вреден
  • курсот е интерактивен
  • по секоја недела моето знаење е се поголемо и поголемо.

Оваа е иднината на обуки која сегашнава технологија ни ја овозможува.

post

ПРЕГЛЕД НА СОСТОЈБИ ВО АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА

Скоро да нема човек кој не посакува да поседува добар автомобил. Поседување на автомобилот е потреба и задоволство. Одредена марка на автомобилот покажува статусен симбол и мерка за успешност на неговиот сопственик. Често пати поседување на одредена марка на автомобилот претставува остварување на животна цел. Сето ова укажува дека автомобилската индустрија уште долго време ќе претставува примамлив сектор за заработка, во доменот на продажбата на автомобили, делови, потрошен материјал, козметика, така и во секторот на одржување и сервисирање.

Авто индустријата во Република Македонија е многу расцепкана, но се покажува тенденција за окрупнување. За одредени бизнисмени како и за купувачите работите одат на подобро. Интерес за окрупнување пројавуваат одредени бизнисмени со што би им се зголемил профитот бидејќи тие настојуваат да ја обединат продажбата на автомобилите, продажбата на деловите, продажбатата на козметика за автомобилите како и сервис и одржување со што би го заокружиле бизнис процесот. Гледано од страна на корисниците на тие услуги одредени работи се поволни но, одредени не се. Поволно е тоа што сите услуги се добиваат на едно место, сервисот е стручен, деловите се оригинал, но со тек на времето тие автомобилски куќи можат да завладеат на пазарот па скапо да ги наплаќаат своите услуги, па она почетното добро кое што го носат за своите корисници може да се претвори во уцени и скапи и лоши услуги.

Автомобилската индустријата се до падот на социјализмот, а може да се врзе и со распадот на Југославија беше на пониско ниво бидејќи изборот беше ограничен, се возеа воглавно автомобили кои се склопуваа во фабриката Црвена Застава од Крагуевац или по некој вработен во Западна Европа би донел по некое странско возило, а имаа одредена понуда на автомобилите и од земјите од источен блок најповеќе од Русија (Лади, Волги). Во главно се беше во државно сопствеништво (освен можеби по некој мал сервис). Како најзначајните фирми во Република Македонија за авто индустрија беа: Автомакедонија, Технокомерц, Агросервис, Дубровкиња… Со отпочнување на приватизацијата пред дваесетина години сите стартуваа скоро од нула. Сите вработени од директорите до механичарите во дотогашната автомобилска индустрија имаа можност да се вклучат во бизнис и да отвораат сопствена фирма спрема сопствените можности или знаења. Одреден број на луѓето се плашеа да отпочнат со приватно работење, мислеа дека приватно нема да потрае, а мислеа дека државната работа ќе им осигура и понатаму сигурност во работењето. Тие најлошо поминаа, држејки се за државните фирми луѓето исто како и нивните фирми полека тонеа и во момент кога нивните матични фирми западнаа во финансиските проблеми тие вработени се најдоа во чудо бидејки возот веќе поминал, прозорецот на можностите за влез во бизнисот се намалил и тие завршија како ниско платени работници кај приватни претприемачи кои беа нивни довчерашни колеги. Одредени луѓе се определија да работат и во државна и во приватна режија, па со тек на времето кога стекнаа сигурност преминаа комплет во приватен сектор. Нормално со текот на времето дел постигнаа успех, а дел не во зависност од немилосрдните пазарни услови и од тоа како тие се снаоѓале во нив. Најповеќе заработуваа оние што беа едуцирани и информирани што се случува и јасно ја видоа можност за заработката (бидејки граѓаните тогаш имаа повеќе пари) и ги насочија своите сили кон остварувањето на зацртаното. Добро профитираа и мангупите кои немаа што да изгубаат и храбро влегоа во бизнисот и добро профитираа. Меѓутоа фирмите кои тие претприемачи ги отпочнаа и покрај нивниот почетен залет и остварен профит во главно сега се затворени или минорни бидејки тие луѓе немаа доволно визија што понатаму со заработениот капитал, купија одредени луксузни работи (скапи кола, куќи, станови), плаќаа одмори на скапи места или на некој друг начин ги врзаа или потрошија парите (најдоа љубовници) и останаа без можност за понатамошно учество во бизнисот. Слично поминаа и оние кои немаа доволно финансиски средстава за отпочнување на бизнисот, како и оние што немаа доволно знаење и храброст за самостојно работење. Во цела оваа приказна како и во сите други транзициски земји најдобро поминаа директорите (менаџерите) кои користејки ја својата позиција отворија бајпас фирми на име на блиските (синови, ќерки, жени…) и како прво го одлеваа капиталот од матичната фирма. Како второ тие ги искористија врските и пријателствата со производствените фирми, станувајќи на тој начин главни дистрибутери на тие фабрики. Бидејки имаа финансиски средства беа во можност да си ги платат ексклузивните договори, а доколку би било потребно работата ја завршуваа и со пософистицираните подароци. Најчесто тие фирми и денес се успешни бидејки ја искористија иницијалната инерција за своето работење.

Во принцип во авомобилската индустрија во Македонија се знае кој што увезува. Клучни увозници се оние што увезуват делови за ремонт (клипови, карики, хилзни, лагери, вентили, дихтуни), понатаму увозници на акумулатори, гуми, масла, филтри, свеќици, козметика… Сите продавачи на мало ги познаваат овие добавувачи и од нив се снабдеваат. Покрај овие регуларни добавувачи на големо постојат и добавувачи на црно кои по нарачка одат до Грција (Солун) од каде ја носат нарачаната стока за многу краток временски рок. Па одредени продавачи ги користат ваквите услуги бидејки не мора да држаат голема залиха, а наплатената услуга на овие “трговци” им е во потполност прифатлива.

Во зависност од условите кои ги исполнуваат малопродажните продавници во однос на големопродажните (дали влеваат доверба, дали се редовни плаќачи…) тие добиваат одредени поволности во работењето (одложено плаќање, поголеми попусти…), но во принцип се останува на квалитетот на продавачот. Бидејки потенцијалниот купувач кружи низ повеќе продавници и оној продавач кој му оставил најдобар впечаток (во смисол дека му влева доверба дека нема да биде измамен) го избира за понатамошен бизнис. Често пати се случува да во големопродажбата во одреден временски интервал се јавуваат различни продавачи и прашуваат за ист дел бидејќи муштеријата кружи и се распрашува на повеќе места, а сите тие се јавуваат кај главниот добавувач и бараат ист дел. На крајот оној кој е највешт, влева најмногу доверба и оди со најмал профит, го продава делот.

Има многу чесни, но исто толко и нечесни мајстори и продавачи на деловите. Како одминуваше времето се прочисти секторот и искуствено кажуваме дека е тоа сектор во кој најповеќе владае меѓусебен ферплеј помеѓу продавачите на деловите и сервисерите (односот помеѓу сервисерите и муштериите не ги коментираме, бидејки немаме доволно искуство, а и зависи од лично искуство на потрошувачот и на мајсторите). Оние мајстори или продавачи (бидејки тие се во симбиоза бидејки продавачот мора да продаде квалитетен и оригинален дел, а мајсторот треба да изврши квалитетен сервис за да купувачот ги задоволи своите барања) кои се обидоа да играат валкано бргу беа откривани и на тие им беа ускратувани било какви услуги па воглавно се останати чесни и квалитетни луѓе во бизнисот, како продвавачите така и мајсторите.

Повеќето мајстори до сега работеа на црно без издавање фискални сметки без пополнување на техничка документациа, за извршен сервис. Па доколку се јавеше некој проблем корисникот на услугите не можеше да постигне никаков ефект бидејки немаше никаков документ со кој би докажал дека извршената услуга ја извршил одреден сервис и дека тој би одговарал за настанатите штети. Обично се би се завршило на препукување. Мајсторот би го оптужил продавачот дека ги продал неоригиналните делови (од Турција), а продавачот би го оптужил мајсторот (сервисерот) за неквалитетно и нецелосно извршен ремонт. Заради овие немили случувања, а и поради построгите законски регулативи голем број на сервисерите ја регистрирале својата работа. Но, и корисниците на услугата не прифаќат работење без издавање на сметки и техничка документација па работењето во овој сектор е дигнато на повисок ниво.

Најчесто користените автомобили се автомобили кои доаѓат од Европа, Азија и од бившите Југословенски простори, сега веќ конкретно од Србија. Бидејки Република Македонија беше во состав на Југославија, има се уште заостанато голем број на возилата произведени во Крагуевачка Застава. Бидејки беа во заедничка држава давачките за овие автомобили беа пониски, одредени фабрики беа дисперзирани низ цела Југославија, вклучувајки ја и Македонија (Руен од Кочани – производство на ламели), а се користеа и рудите (Феросилициум од Јегуновце, Сачма од Демир Хисар) и Македонија имаше финансиска корист од работењето на оваа фабрика. Најпрепознатливите модели им се: Застава 650 (фиќо), Југо 45, Југо 55, Застава 101 кои имаа и свои подмодели, но кои многу не напреднаа од првичниот дизајн. Дел од овие автомобили доживеаа и ѕвездени моменти со остварениот извоз на одреден контигент на Американскиот пазар. Поради низа слабости пред се во лошиот сервис, не подобрување на дизајнот, не исфрлање на новите модели, а пред се во тоа што немаа газда во куќа кој би ги насочувал акциите туку фабриката беше во државни раце и препуштена на стихијското работење и нечија добра волјаа, тие беа исфрлени од Американскиот пазар. Користејќи ги нивните лоши, а и добри особини и перформанси во работењето, на нивното место успешно навлегоа Јапонците и добија значителен дел од пазарот.

Меѓутоа постои тренд тие автомобили и понатаму да се продават бидејки се евтини, релативно се со добар квалитет, евтини се делови за одржување, голем број на мајстори знаат да ги одржуваат овие автомобили, па и за наши услови овој автомобил е поволен како за купување така и за одржување.

Од Европски земји најзастапени се Германски возила, кои имаат карактеристика да како половни автомобилима најмалку им паѓа цената, бидејќи се познати како доста издржливи автомобили.

Француските автомобили, важат како убави на изглед, но важат како нежни за наши патишта, деловите и сервисот им се доста поскапи во однос на другите автомобили и за нивно одржување е потребна поголема стручност.

Италијанските автомобили се со понискиот квалитет во однос на германски и француски, но и цената им е пониска, а важат за многу убаво дизајнирани автомобили.

Кореанските автомобили, во однос на цената нудат најдобри карактеристики.

Руските автомобили, се карактеризираат со голема издржливост, но и со висока потрошувачка на горивото. Завршна обработка останува сеуште да се подобри. Делови за одржување се евтини и ги има во голем број на продавници.

Индијски автомобили се промовираат како едни од можните добри производи, бидејки цена им е 1.500 долари, што значи дека се во рамките на цената на еден мотор. Останува произведувачот на автомобилот да исполни одредени построги европски барања за безбедност во саобраќајот, што несомнено ќе ја зголеми цената но таа и понатаму ќе биде ниска, па така овие автомобили за вршење на потреби низ градот ќе претставуваат добро средство.

Јапонските автомобили како и целата индустрија е доведена до перфекција. Не постои ништо што кај нив се случува да биде случајно, стихијски. Се е добро промислено, пазарот до најситен детал истражен, точно знаат што се бара и што да понудаат на купувачите. Тие го пратат и финансискиот пазар така да во принцип во секој момент се спремни да понудаат стимулативен финансиски програм со што спремно би го дочекале секое намалување на продажбата во однос на нивното очекување. Пред 15-ина години тие направија бум во продажбата на автомобили во Република Македонија и во целиот свет, но тогаш наидоа на голем отпор кај земјите кои исто така произведуваат автомобили, па се добива впечаток дека тие свесно ги одржуваат цените на автомобили во различни класи на одредено ниво поради спречување на реваншизмот од големите произведувачи на автомобили, инаку тие би можеле уште да ги намалат цените на автомобилите.

Ова беше еден преглед на состојбите во автомобилската индустрија.

post

ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА!

Дали го препознавате насловот? Сигурно повеќето од Вас го виделе овој наслов во рекламните кампањи на Владата како и соопштенија на телевизијата. Ние веќе пишувавме за тоа што значи знаење? Можете да прочитате за синџирот учење – знаење – моќ. Овие кампањи со кои секојдневно сме бомбардирани преку весници, радио и телевизија се за задолжително средно образование. И навистина колку повеќе знаење имаме толку подобро за нас сите. Едуцираниот човек ќе знае нешто да купи што вреди. Едуцираниот човек ќе знае како да започне бизнис. Едуцираниот човек ќе знае како да биде успешен претприемач итн.

И овој сајт кога го започнавме се постави цел да служи како непресушен извор на знаење за сегашни и идни претприемачи. И навистина за 4 месеци постоење има над 250 страни пишан материјал на артиклите на претприемач и над 100 страни пишан материјал на блогов како и 5 видео материјали. Но, она што е назначајно континуирано се објавуваат уште материјали и со оа навистина ја исполнуваме нашата поставена цел за непресушен извор на знаење. Ако ви кажеме дека само во моментов имаме спремено преку 50 различни текстови кои чекаат објавување на интернет.

Но, ова не е целта за овој наслов. Овој напис со ваков наслов ми дојде денес кога го пишувам (25.04.2009) бидејќи по распоред ќе биде објавен наредната недела. На телевизија видов соопштение од Владата за задолжително средно образование. Накратко ова го запомнив:

  • Поголема веројатност за иднина, среќа и успех ќе имаат само оние кои завршиле средно образование.
  • Само со знаење може да се оди напред.
  • Знаењето е моќ, знаењето е сила.

И можеби уште нешто но, сега не ми текнува. Но, она што сакав да го искажам со овој напис е тоа што кога го слушам соопштението, кое навистина содржи многу добри зборови и рака на срце се е вистинито, ми дојде во главата во вид на слика насловната страница од пред неколку денови во Вест. Еве ја сликата:

bajram

Што вика насловната страна? ЌЕ СЕ ЗАПИШАМ ВО СРЕДНО! Најверојатно се мисли на средно училиште. И добро, не е ништо страшно некој да нема завршено средно. За се постои можност доколку се сака. Но, она што мене ми изгледа страшно е написот: НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА ВЕТУВА:.

Значи господинот кој сега ќе се запишува во средно е веќе градоначалник. Дали убедувањата на нашата Влада со соопштенија и реклами, кои верувам дека се доста скапи паѓаат во вода со една ваква информација. Кога ќе видиме дека некој кој има само основно училиште станал градоначалник во Република Македонија, а од друга страна знаеме колку со високо образование немаат работа. ОВА МОРА ДА ЗНАЧИ ДЕКА ВРЕДНОСНИТЕ СИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОБРКАНИ. Дали ваквите луѓе можат да станат идоли на идните генерации. Со тоа што луѓе без соодветно образование доаѓаат и стануваат се и сешто можеме да очекуваме дека утре може и претседател или премиер да станат ваквите.

Од друга страна внатре во текстот стои дека немал време да заврши средно бидејќи морал да се посвети на бизнисот. ЗНАЧИ ОВА Е ПРЕТПРИЕМАЧ. Блазе си ни кога имаме такви успешни претприемачи. А, во исто време се прашувам дали заради тоа сме во ситуација каква што сме вопоследните 15-тина години.

Допуштање на вакви работи во еден систем како што е држава може да има големи негативни последици, особено за младата популација. Да не зборуваме какви последици ќе има за претприемништвото. Може да даде слика да оние кои сакаат да учат и знаењето да го претворат во сила и моќ да се откажат. Со нивно откажување губиме огромна потенцијална енергија во претприемништвото во република Македонија.

СЕПАК НИЕ ОСТАНУВАМЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА! ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ. Незнаењето може да доведе до високи позиции само доколку:

  • имате среќа
  • имате успешен татко
  • имате солидна криминална група околу вас (тепачи) кои ќе ви го расчистуваат патот.

Но тоа не сме ние! Само вредносните системи сеуште се поставени наопаку. Ние сме оптимисти дека ќе се сменат. Колку побргу, толку подобро за сите нас.

post

СОВЕТИ ЗЛО БЕЗ КОЕ СЕ МОЖЕ ИЛИ НЕ СЕ МОЖЕ?

Во текот на целиот живот добиваме совети. Со тек на време се зголемува животното искуство и се полесно се распознаваат различни типови на совети. Постојат неколку типови на совети. Добронамерни, кои се дадени од искрени и чесни луѓе, кои се пријателски настроени по разна основа или се блиски роднини или пак пријатели и тие најчесто кога ќе согледаат дека постои некој проблем или доколку бидат прашани дали знаат решение за некој проблем, ќе дадат одреден (добронамерен) совет како да се реши тој проблем или како да се постапи во одредена ситуација. Но, тука се поставува прашање колку е тој совет точен. Бидејќи понекогаш советите ги даваат луѓе кои немаат доволно искуство, немаат знаење или пак може да имаат погрешни согледувања за одредена проблематика. Но, на таквите луѓе дури и да дадат погрешен совет, со оглед на добрата намера не треба да им се лутиме бидејки нивниот капацитет бил на пониско ниво, иако она што тие го знаат несебично го нудат. Заради овој проблем треба претходно да се анализираат луѓето кои делат совети (ментори). Најчесто луѓе кои многу знаат малку зборуваат, за разлика од луѓе кои помалку знаат а повеќе зборуваат. Па претприемачот може да биде затрупан со огромен број на совети кои можат да го парализираат па тој да не биде во состојба лесно да одлучува и да ги превзема потребните чекори.

Постојат совети кои се бараат и совети кои се нудат. Има луѓе кои “знаат се” и кои се спремни да делат совети дури и кога никој не ги прашал за совет. Тие во некоја рака се “демагози” кои знаат се заради што нешто може да се случи и се заради што нешто не може да се случи. Доколку зад нив не стојат конкретно лично постигнати дела такви луѓе се во принцип, плашливи и паничари, кои само сејат страв и дефетизам и од чии совети колку и да се добронамерни не може да се има голема корист бидејки се добиени од недоволно средена личност. Најголема грешка прават претприоемачите кои кај собирање на бизнис идеи за започнување на бизнис, обрнат големо влијание на “хит бизнис” за кои сите зборуваат дека носи “многу пари”. Најчесто бизниси кои носат енормни профити доживуваат свој максимум во време кога за нив највеќе се зборува, а бргу потоа почнува нивната надолна пaтекa. Бидејки подготвените претприемачи кои имаат наврeмено достапни информации и отпочнати активности, веќе ги исполниле барањата на купувачите прозорецот низ кој би влегле новите претприемачи станува се помал, бидејки пазарот станува се позаситен. Од друга страна бидејки се зборува дека “некој” заработил многу пари за тој бизнис, постојат лесноверни претприемачи кои поведувајќи се по рекла казала муабети, без претходно да направат бизнис план или пак самите да излезат на пазар за да видат каква е состојбата и што се случува, со голем ентузијазам влетуваат во бизнис потфат кој уште во старт е осуден на неуспех. На таков начин се губат финансиски средства, претприемачот станува емотивно поразен и многу мал број од таквите претприемачи навистина успеваат да се опорават за да можат да продолжат со нов проект, бидејки “успех влече успех а неуспех влече неуспех”.

Поради сето горе наведено препорака е за совет да се побара искусен “ментор” кој веќе успешно го изодил патот низ кој новиот претприемач почнува да оди. Но, такви луѓе не ги има многу, тие се најчесто зафатени со своите обврски, но доколку се има можност да се дојде до таквите луѓе, претприемачот треба силно да се пробие до нив за да добие потребни сознанија и совети и со тоа да ги зголеми шансите во пазарниот натпревар, односно прерано да не “изгорат” во таа борба. Таквите успешни луѓе кои се и сигурни во себе искуствено кажуваме имаат желба за помагање и советување, но претприемачот треба да е лојален, искрен, вреден, чесен и да има желба тие совети да ги примени во пракса. Бидејки има големо искуство успешниот претприемач ќе го тестира својот ученик, давајќи му на почеток помали совети и задолженија за да види како ученикот ќе реагира и дали се придржува до дадениот совет. Бидејки тоа се искусни луѓе кои имаа претходни и позитивни и негативни искуства со луѓе секое калкулантско однесување на новиот претприемач ќе биде казнето со прекинување на понатамошното советување, па со некоректно однесување ќе изгуби само новиот претприемач.

Но доколку се нема во близина квалитетен “ментор” тогаш потенцијалниот претприемач може да ги искористи советите и од други помалку проверени извори, со тоа што ќе прибележува дадени совети, идеи и мислења, а потоа кога ќе биде сам внимателно ќе ги анализира, проучи и сепарира корисните од штетните совети, добронамерни од злонамерни, искусни и неискусни совети и ќе ги прифати оние совети кои се прикладни за нивниот статус, финансиска моќ, интелектуални и други перформанси, за кои претприемачот интимно знае дали ги поседува или не.

Покрај ваквите врсти совети постојат злонамерни совети кои дават лоши луѓе, луѓе кои од само за себе познати причини сакаат да му нанесат штета на претприемачот за да доживее неуспех и да пропадне. Секој претприемач кој не успее да ги препознае овие луѓе и нивните зли совети многу бргу ќе се соочи со проблеми и наместо да се бори за успех, ќе се бори за опстанок и излез од кризата.

Заради тоа потребно е внимателно да се пристапи кон секој совет, секој совет да се анализира, а да се анализира и личноста која го дава советот за да се уочат неговите намери (добри или лоши). Одмерено слушање, проследена со голема анализа и одлучно спроведување може да биде клуч за успешан бизнис и живот.

Од друга страна премногу совети ќе значи и премногу анализи. Премногу совети и анализи, ќе значи и преголема збунетост. Премногу совети, премногу анализи и преголема збунетост ќе доведе до неодлучно спроведување на конкретни акции. Ова претставува голема негативност. Од друга страна, советите се во ред, но карактеристиката на претприемачот е добра проценка и цврста одлучност. Претприемачот најчесто своите одлуки ги базира или пак треба да ги базира на својата сопствена проценка и не треба да допушти премногу луѓе да му се мешаат во процесот на донесување на одлуки.

post

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС – ДОБРА ИЛИ ЛОША ИДЕЈА?

Ова е многу зачестено прашање во последните неколку месеци не само кај нас туку и низ целиот свет заради тековната глобална рецесија. Но, и во услови на здрава економија секогаш е актуелно прашањето дали да се започне бизнис и да се работи сам за себе или да се работи за некој друг. Прашањето и не е сосема лесно? Со започнување на бизнис секој претприемач се откажува од некаква сигурност. На пример, со започнување на бизнис ќе се откаже од тековната работа која му носи каква таква плата и „преживување“ од денес до утре.

Од друга страна новиот бизнис може да му донесе подобар живот или пак може да го претвори животот во ноќен кошмар. Затоа пак во услови на рецесија оваа прашање е многу полесно, особено за сите оние кои остануваат без работа. Оние кои што остануваат без работа нема што да изгубат. Но, и во вакви услови е потребна одлучност, креативност и спремност.

Ние во Република Македонија сеуште си го носиме историскиот товар на размислување преку големи корпорации. Учиш и завршуваш факултет или некој занает и бараш работа во големи компании. Но, тие веќе не постојат. Па, каде тогаш? Ќе си седиме дома, ќе бараме огласи и ќе конкурираме за вработување некаде. Може и едно кафе во период на „дневна шема“ и муабет со пријатели. Колку е убав овој живот? На крај ќе завршиме како некој шанкер, келнер или пак како продавачка во бутик со некоја плата од 10-15 илјади денари. И добро е, имаме за кафе во дневна шема, па и за цигари, па и за некое парталче, а со еден кредит и добар одмор па ќе враќаме цела година. Познавам многу луѓе кои што работат за плата цела година од која половината ја даваат за враќање за кредит од летниот одмор. Па после нашите банки се вакви или онакви. Банките се бизниси како и секој бизнис. Тие само ги искористуваат можностите што им се понудени од пазарот. А тој пазар сме сите ние.

Познавам еден човек кој беше на печалба во странство и има заработено солиден износ на финансиски сретства. Во разговор со него вели дека е добро има некоја паричка за некој солиден живот, но сега доколку најде работа во Макпетрол да продава бензин би било супер. Вакви ги има многу. Овие луѓе не размислуваат за започнување на бизнис. А замислете колку потенцијал имаат за започнување. Имаат финансии, но немаат бизнис идеја и секако дека се страшливци бидејќи не сакаат да ризикуваат.

Па сега кој ни е крив? ЕУ, НАТО, САД, ММФ, соседи, или пак самите ние. Не би сакал да навлегувам во суштината на овој проблем или би го оставил тоа за некој друг ден бидејќи многу работи се испреплетени од историско минато, преку државни органи, едукациски институции до културата и начинот на размислување.

Можеме да заклучиме низ текстов дека постојат следниве типови на луѓе:

  • Едуцирани со бизнис идеја но без потребни финансии за започнување на бизнисот
  • Едуцирани со финансии но без идеја за започнување на бизнисот
  • Неедуцирани, имаат бизнис идеја но без потребни финансии за започнување на бизнисот
  • Неедуцирани со финансии но без идеја за започнување на бизнис.

Ова навистина е реалноста? Оние кои имаат идеја немаат пари. Оние кои имаат пари немаат идеја. Но и во двете ситуации недостасува една алка, а таа е превземање на ризик. Доколку постои карактеристика на превземање на ризик оној кој нема бизнис идеја ќе изнајми некој за да изработи добра бизнис идеја за него. Оној кој нема пари ќе разговара со роднини и пријатели за заем ќе контактира со банки за подигнување на кредит.

Да сублимираме основни карактеристики на претприемачот за започнување на бизнис се:

  1. Креативност за добра бизнис идеја
  2. Превземање на ризик
  3. Одлучност
post

ПРЕТПРИЕМНИЧКО ФОКУСИРАЊЕ КОН ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ

Секој бизнис има или би требало да има сопствени бизнис цели. Секој претприемач има или би требало да има сопствени или пак на својот бизнис цели. Се што правиме има некоја цел. Доколку превземеме некој чекор во моментов тоа има некоја цел. На пример, легнуваме за да се одмориме, работиме за да заработиме и овозможиме поудобен живот. Се во нашиот живот има одредена цел. Дури и бизнис идејата има некоја цел поставена од претприемачот. Зошто еден претприемач би барал бизнис идеи доколку нема цел да оствари профит и си овозможи за себе и за своето семејство подобар живот.

Но целите на бизнисот може да бидат:

  • Краткорочни цели кои се однесуваат на некој период мерен во денови, недели или пак месеци.
  • Долгорочни цели кои се однесуваат на некој период мерен во години.

Краткорочна цел може да биде:

„Потребно е да ја зголемиме продажбата во следниот месец за да собереме поголеми приходи и да го отплатиме кредитот кој достасува за еден месец.“

Забележуваме дека зборуваме за временски периоди кои се однесуваат за еден месец од сега.

Долгорочна цел може да биде:

„Потребно е да воведеме систем за подобрување на продажба во следните две години, да оствариме приходи поголеми за 30% и да ги вложиме парите во нова производствена опрема по 3 години за да станеме лидери на пазарот по 4 години.“

Со ваквите цели забележуваме дека користиме временски периоди кои се мерат во години.

И од двата примера имаме цели кои се вистински. Едната е да го отплатиме кредитот, а другата е да бидеме лидери на пазарот. И двете се остварливи со превземање на одредени чекори  акции од наша страна. Само што онаа втората има повеќе чекори и бара работа во подолг временски период.

Доколку на вистинскиот начин го трасираме и обележиме нашиот пат кон поставените цели, ние ие цели ќе ги оствариме. Секоја поставена цел во разумни граници е остварлива но некоја побргу, а некоја поспоро.

Најголема грешка на претприемачите е што целата сопствена енергија (потенцијална енергија) ја насочуваат кон краткорочните цели. Честопати се размислува во стилот да ми биде подобро утре отколку за 2 години ќе се снајдеме, ќе преживееме. Па, на таков начин кога ќе удрат некои надворешни фактори не можат да се снајдат. Често пати бизнисот се гледа во периоди од месеци за да се преживее од месец во месец наместо во периоди од година или пак 10-тина години однапред.

Можеби за ваквата состојба свој допринос има и државата. Често се менуваат правила на игра. Пред некој ден слушнав на улица како двајца претприемачи разговараат дека 90% работат за држава со воспоставените давачки. А оваа ги тера на размислување во однос на преживување. Но каква ни е државата и владата во неа таква е. Да се обидеме нешто да подобриме. Да размислуваме долгорочно. Тоа е еден елемент кој ќе ја зголеми потенцијалната енергија на Вашиот бизнис, ќе ја поедностви работата и едноставно поспремни ќе ја дочекаме турболентната иднина.

post

PRETPRIEMAC.COM ПО 4 МЕСЕЦИ

Поминаа четири месеци од постоење на претприемач на овие простори. Време е да сублимираме и да дадеме отчет за она што е сработено во претходните 4 месеци. Еве накратко што се можете да најдете на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com:

  • До 20.04.2009 има објавено 128 артикли на pretpriemac.com. Во просек секој артикал е по 3 страни при што се добива електронска книга за претприемништво од над 350 страници. Овој број постојано се зголемува и ќе се зголемува. Ова се материјали за претприемништво и бизнисот, започнување на бизнис, финансии, маркетинг, бизнис план, анализи итн. Тие се во вид на упатства, анализи, истражувања. Сите имаат одредена вредност која може да биде упоребна за Вашиот бизнис. Сите тие овозможуваат учење, а учењето ќе ве зајакне со знаење, а знаењето ќе ви даде моќ.
  • До 20.04.2009 објавивме 70 блог написи на блогот на pretpriemac.com. Секој од овие блог постови е над 1 страна и тоа се над 70 страни материјал. Ова е необавезен материјал како мислења, ставови, препораки и слободни состави кои едноставно можат да ви дадат идеа за некои насоки за Вашиот бизнис. Тие се дизајнирани да можете да давате и Ваши коментари со цел да се подобрува целокупната содржина на pretpriemac.com.
  • Завршивме со едно исражување кое ќе траеше 3 месеци. Оваа е општа нализа на пазарот во Република Македонија. Резултатите се објавени и на блогот и на pretpriemac.com. Во тек е изработка на еден извештај во pdf формат на резултатите од анализата проширен со поспецифични статистички методи и техники.
  • Имаме изработено 5 видео материјали кои се од 3-7 минути едно. Доколку една слика менува 1000 зборови, колку зборови менува едно видео? Овие видео материјали се и ќе биднат со практични содржини како да направите нешто, како да користите некој софтвер и се тоа во полза на Вашиот бизнис. Искористете ги тие се БЕСПЛАТНИ.
  • Подготвуваме специјален премиум сајт на претприемач кој ќе содржи над 70 видео материјали, над 70 скрипти по секое видео и над 70 акциони планови за спроведување за започнување и градење на Вашиот бизнис. Освен тоа ќе има 2 е-курса од по една недела, виртуелен консултант и листа на ресурси за бизнисите и претприемачите. Вакво нешто не постои на овие простори. 

Да сублимираме: 420 страни материјал од областа на претприемништво за читање, едно завршено и објавено истражување, видео материјали од околу 25 минути, подготовка на премиум на претприемач. Сето ова е достапно на pretpriemac.com за само 4 месеци. А што се ќе има по 2 месеци, сеуште и ние не можеме да замислиме. Се надеваме стартуван премиу сајт, една нова е-книга, уште видео материјали и секако континуирано текстови на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com.

post

ЗБИРКА НА ТОП 20 БИЗНИС ИДЕИ И КАЛКУЛАТОР ЗА АНАЛИЗА НА ГОТОВИНСКИ ТЕК

На почетокот на годината изработивме врз база на анализи и истражувања, збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа. Потоа изработивме еден калкулатор за анализа на готовински тек. На pretpriemac.com во една серија од 3 артикли за анализа на готовинскиот тек опишавме како се користи овој калкулатор. Можете да прочитате за:

За подобро да се совладаат овие три артикли кои навлегуваат во една многу значајна анализа за бизнисот и претприемачите и која доколку се користи на вистински начин – активно, може да доведе до рапидно зголемување на бизнис перформансите потребно е да го имате калкулаторот за анализа на готовинскиот тек.

Овој пост ќе го искористиме за да го опишеме процесот за добивање на електронската збирка и калкулаторот.

  • Кликнете тука.
  • Од левата страна на формата за регистрација за неделни билтени внесете го Вашето име и презиме. Оваа листа има дупла opt-in опција бидејќи не дозволува внесување на податоци без потврда. Ова значи дека Вашите податоци се безбедни и воопшто не се издаваат и изнајмуваат на други компании. Вие само ќе добивате mail-ови во вид на неделни билтени од pretpriemac.com. (Бидете сигурни дека Вашите податоци остануваат заштитени, бидејќи и ние не сакаме да добиваме несакани пораки какви што некои компании во Македонија испраќаат). На сликата подолу е претставена формата.

registracijaslika

  • Кликнете на Понатаму.
  • Ќе се појави страна како на сликата подолу. Потребно е да ги внесете симболите од безбедносната слика и да кликнете на Continue. Ова се користи од системот за да се избегнат несакани регистрации кои шират несакани пораки а доаѓаат од автоматски машини.

PictureML

  • Откако ќе кликнете Continue ќе се појави страна со следнава содржина на која ќе треба да кликнете на Return to Website како на сликата.

Konfirmacija

  • Откако ќе кликнете на Return to Website ќе ве одведе до страната на која е опишана постапката за добивање на калкулаторот прикажан на сликата подолу.

registracija-kalk

  • Во меѓувреме ќе добиете mail на кој ќе има линк кој мора да го кликнете за да ја потврдите регистрацијата. Mail-от што ќе го добиете ќе изгледа вака:

Mail

  • Кликнете на него и и на линкот кој се наоѓа во него (слика подолу):

Klik

  • Откако ќе кликнете на линкот ќе ве одведе до страната каде ќе можете да ја симнете збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009 и по неа.
post

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ НА ПРЕТПРИЕМАЧ

Следниве видео материјали се изготвени од страна на pretpriemac.com и се објавени на блогов:

  • Два видео материјали за ABC анализа и Microsoft Excel. ABC анализа е корисна алатка за малите бизниси во однос на избор на производи кои допринесуваат најмногу во износот на приходите или успехот на бизнисот. ABC анализата не мора да се користи само во однос на контрола на залихите и избор на вистинските производи туку може да биде користена и како 80/20 правило за било кој бизнис процес. На пример, тие и тие процеси кои изнесуваат 20% придонесуваат 80% за успешност на бизнисот.

Како да се исконструира табелата за ABC анализа:

Изработка на график за претходно изработената анализа:

  • Третото видео е видео кое ќе ја зголеми Вашата ефективност и ефикасност при пребарување на интернетот, а од друга страна може да служи како социјален сајт за стекнување на разни пријатели и можни идни бизнис партнери. Оваа видео се однесува на користење на delicious.com за бележење и организирање на интернет страниците кои ви оставиле некаков впечаток и кои мислите дека ќе ви затребаат во иднина.

  • Четвртото видео се однесува на „бизнис ефектот на пеперутка“ и има за цел да поттикне пронаоѓање на елементите на бизнисот кои ќе доведат до еден бизнис ефект на пеперутка, односно со мали промени до големи успеси.

Во секој случај ќе следуваат уште видео материјали од подрачјето на малите бизниси и претприемништвото кои може да се најдат како корисни за водење на малите бизниси на претприемачите.