post

Што еден претприемач има заедничко со агентот 007?

Претприемач и агентот 007

Претприемач и агентот 007

Да си во кожа на еден претприемач не е едноставно. Но, и во кожата на еден агент како агентот 007 исто така не е едноставно. И двете занимања бараат специфични однесувања, активности и секако крактеристики.

Филмовите со агентот 007 отсекогаш ми биле едни од најомилените. Тоа се филмовите кои си ги оставив во својата колекција на видео касети кои денес воопшто веќе не се користат.

Отсекогаш ме интересирало што е тоа што овој агент го прави успешен во неговата работа, а тука ќе се обидам да ги издвојам и зедничките елемент со еден претприемач.

Секогаш имаат решение и во најризичните ситуации

Оваа е една од највaжните карактеристики на секој агент, па и на секој претприемач. Решението го претвораат во акција, за да има некакво влијание тоа решение врз нивната околина во која што функционираат.

Секогаш ја користат технологијата како помагало во работата

Агентот 007 е познат по тоа што секогаш има некои врвни технолошки изуми крај себе кои му се наоѓаат во одредени ситуации како корисни помагала, особено во оние ризичните. Така да и успешните претприемачи се оние кои никогаш не ја занемаруваат технологијата и кои се обидуваат секогаш да ги искористат најновите технолошки достигнувања во развојот на нивниот бизнис. Агентот 007 го има Q, но претприемачот има воспоставено систем за следење на најновите технолошки достигнувања.

Користи информации за донесување на одлуки

Информациите се основа за квалитетни одлуки. Работа на еден агент како 007 е да собира, и не само да ги собира туку и да ги искористи информациите во одбрана на својата земја. Од друга страна еден успешен претприемач собира, обработува и користи информации за да го развие и подобри сопствениот бизнис.

Комуницира и со непријателите и со пријателите

Дали можеме да дојдеме до добра информација без да комуницираме? Природата ни ја дала таа дарба да уште од бебиња започнеме со комуникација и постојано да ја надоградуваме на повисоко ниво. Но, тука е прашањето дали треба да комуницираме со непријателите? Мислам дека треба. Во непријателите лежат најквалитетните информации, доколку комуницираме со нив можеме да дознаеме зошто не не сакаат, дали ни се конкуренти, што можеме да подобриме…

Брзо носи одлуки

Брзи или брзоплети одлуки? Брзината е добра доколку не се наруши квалитетот на самата одлука. Но, понекогаш, ако не и често немаме доволно време секоја одлука да ја разглобуваме, анализираме, проучуваме… Едноставно, ќе не прегази времето. Во написот за Важноста на брзите одлуки навлегов во една математичка вaријанта на она што влијае на тоа одлуките да бидат брзи, но во исто време и квалитетни.

Квалитетна одлука = f(f(оптимална количина на информации, форма), аналитичност на претприемачот)

Разменува информации со други претприемачи (агенти)

Ова поточно значи соработка со други претприемачи. Можеби во минатото гледано од една перспектива на еден претприемач ова беше невозможно, но да не забораваме дека ние живееме во ХХI век. Да не заборавиме дека она што беше правило вчерa не важи денес. Така да денес постојат многу примери на успешни бизниси изградени врз сорaботка и размена на информации помеѓу различни претприемачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Претприемач и агентот 007 — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Mishevski Igor, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Што еден претприемач има заедничко со агентот 007? http://ht.ly/17w2kr […]

Speak Your Mind

*