post

Систем за Препорака – Маркетинг Средство 47

Како 47-мо маркетинг средство на претприемач го избрав системот за препораки.

Минатата недела имавте можност да прочитате за тоа Како до најмоќното маркетинг средство кое се однесуваше на пренесување на порака од уста на уста од страна на потенцијални и тековни потрошувачи. Во тој напис како 4-ти начин на постигнување на овој ефект го наведов кампањи за препораки од потрошувачи каде предложив воведување на еден систематски приод во дизајнирање на овие кампањи.

Тука ќе се обидам да дадам некои чекори за тоа како да спроведете еден таков систематизиран приод, односно да изградите квалитетен систем на препораки.

Видови на системи за препораки

Како основно за целта на овој напис системите на препораки ќе ги поделам во три вида:

  • Препораки поттикнати од претприемачот. Овој систем го дизајнира самиот претприемач и секако го поттикнува неговото распространување.
  • Препораки поттикнати од потрошувачи. Овие препораки се дизајнирани од самите потрошувачи, оние кои го користат или користеле Вашиот производ или услуга. Во еден ваков систем претприемачот може, но и не мора да има некакво влијание.
  • Препораки поттикнати од потенцијални потрошувачи. Овие пораки се дизајнирани од страна на потенцијалните потрошувачи кои на некој начин дошле до информација за Вашиот производ или услуга, но сеуште не го купиле. Претприемачот нема големо влијание во креирање на овие системи.

Од друга страна овие препораки можеме да ги поделиме и како:

  • Спонтани. Ова се препораки кои едноставно се случуваат и ние немаме некое влијание врз истите. Ако може да се каже дека немаме влијание, бидејќи на некој начин ние сме ги поттикнале тие наши потрошувачи да не препорачуваат (квалитетен производ или услуга, дополнителна услуга, добра услуженост…)
  • Планирани. Ова се препораки кои во целост се испланирани од наша страна како претприемачи и секако поттикнати.

Системите за препорака може да бидат и:

  • Онлајн препораки со користење на интернетот како главно средство и
  • Офлајн препораки.

Чекори за воведување на систем за препораки

Во наредниов дел од овој напис сакам да предложам неколку чекори кои ќе треба да ги спроведете за да изградите квалитетен систем за препораки во Вашиот бизнис.

  1. Определи ја целта на овој систем. Што сакаме да постигнеме со нашиот систем за препораки? Кои луѓе сакаме да бидат дел од овој систем? Која е целта на пораката која сакаме да се користи во препораките? Одговорете на овие прашања за прецизно да ја дефинирате целта на системот.
  2. Исполни ги сите предуслови за воведување на системот. За да биде успешно ова маркетинг средство ќе мора да ги исполните сите предуслови за тоа да функционира. Не можете да очекувате дека некој ќе ве препорачува доколку не ја покажете супериорната вредност на Вашиот бизнис. Ова е можеби и најважниот чекор.
  3. Избери ги видовите на препораки кои ќе ги користиш. Најдобро е да имаш комбинација од повеќе видови на препораки како што наведов во поднасловот погоре. На пример, и Вие да ги поттикнувате, но и да изградите околина за поттикнување од страна на самите потрошувачи и потенцијални потрошувачи. Не се базирајте само на офлајн или само на онлајн, обезбедете можности и за двата вида на препораки.
  4. Дизајнирај го системот. Откако ќе имате листа со се што ќе користите како систем за препорака можете да преминете на самото дизајнирање на системот. Ова ќе значи прецизирање на сите детали на функционирањето на самиот систем како и одговорностите на оние кои ќе го спроведуваат во пракса.
  5. Активирај го системот. Ова е едноставно Start копчето за отпочнување со функционирањето на системот кој штотуку го дизајниравте.
  6. Мери и подобрувај. Ниште не е перфектно и се може да се подобри. Па затоа откако ќе го стартувате системо следете да видите што се случува с него. Ако нешто не е во ред слободно менувајте и подобрувајте.

Кога станува збор за систем за препораки најважно е да им овозможите на оние кои ве препорачуваат да го сторат тоа на едноставен и брз начин. Никој не сака да губи време да размислува како да ве препорача. Доколку користите препораки во e-mail маркетинг нека биде подготвена пораката во е-mailot со кој ќе ве препорачуваат. Не оставајте некој сам да ја составува таа порака. На таков начин во голем дел ќе се зголеми бројот на препораките.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*