post

Конечно нешто најблиску до моите email потреби

Пред една недела започнав еден нов процес кој е наменет конечно да пронајдам алатка за десктоп менаџирање на email. Сфаќајки ја значајноста на оваа средство за комуникација како и анализите во однос на мојата лична продуктивност и учеството во таа продуктивност на менаџирање на разни епораки морав веќе еднаш да го преземам овој чекор.

Можеби ќе прашате зошто? Секој ќе си помисли дека тоа е едноставна задача и многуте алатки кои се бесплатни ќе ја завршат работата. Но, сепак не е така. Еве и зошто.

Во досегашното мое искуство имам користено повеќе алатки започнувајќи од веб на Hotmail и Yahoo, потоа Outlook Express во раните денови, Microsoft Outlook, Thunderbird, па повторно онлајн долго време Gmail, па накрајот до пред десетина денови Apple Mail.

Продолжи…

post

Најкористени алатки во мојот арсенал

Иако можеби ќе изгледа како да се повторувам бидејќи повеќе пати објавувам вакви наслови со различни алатки или апликации кои ги користам. Но, сепак живееме во многу динамично време. Нешто што користиме денес можеби нема да користиме утре. Или пак она што сме го користеле сме го замениле со нешто друго.

Развојот на технологијата не не остава веќе да бидеме мирни подолг временски период. Секојдневно излегуваат нови алатки, нови технологии, нови можности за претприемачи… Мора да следиме што се случува околу нас, но и да го користиме сето она што ќе ни биде потребно, а се со една цел, подобрување на нашите лични и бизнис перформанси.

Сега кога ја започнуваме оваа 2013 година, погледнав во разните алатки кои ги користам. Може да се каже дека се неколку стотици. Но, доколку треба да изберам да ги презентирам десетте најкористени алатки тоа се алатките наведени подолу. Редоследот не се однесува на важноста.

Продолжи…

post

Алатки кои може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста

Оваа година на претприемач темата за продуктивност се наметна како една од попотенцираните теми заедно со започнување на бизнис. Причината е што продуктивноста е доста значајна за успехот на еден претприемач.

Продуктивност значи:

  • Да се работи на вистинските работи од страна на еден претприемач.
  • Она што ќе се сработи да биде навремено и квалитетно.

За таа цел користиме различни алатки, системи, методи и помагала. Подолу се дадени основните алатки кои може да ви помогнат во зголемување на вашата лична продуктивност како еден претприемач.

Продолжи…

post

Кога треба да ги модернизирате вашите апликации?

Денес е сосема незамисливо еден претприемач и еден бизнис да функционираат без технологијата. Дури и наједноставните бизниси користат одредена форма на технологија за поедноставување на работите и подобрување на севкупните бизнис процеси.

Excel табели, процесирање на документи, мобилни телефони, мобилни апликации, десктоп апликации, менаџирање на задачи и проекти, потсетници, нотеси, CRM системи… Сите овие работи денес се користат од еден современ бизнис.

Но, проблемот е што технологијата се развива многу бргу. Времетраењето на еден технолошки производ од една варијанта до друга или сосема нов модел се повеќе и повеќе се скратува. Од друга страна модернизацијата значи и трошок за еден бизнис.

Прашањето е кога ќе треба да ги модернизирате вашите бизнис апликации?

Ќе се обидам преку следниве 7 причини да помогнам во донесување на вистинската одлука за тоа време.

Продолжи…

post

Apple iPhone 5 VS Samsung Galaxy S3

Не, овој наслов не е за споредба на карактеристики помеѓу два телефони. Не сме тука за споредба на мобилни телефони. Овој наслов е тука на претприемач заради извлекување на знаење од борбата на двата гиганти во мобилната индустрија.

Пред некој ден Samsung излезе со нова реклама насловена како “не треба да бидеш гениј” за да ја видиш разликата во која јужнокорејската компанија го споредува нивниот Samsung Galaxy S3 со штотуку излезениот нов iPhone 5 (во петок).

На сликата е дадена рекламата на која може да се видат споредба на карактеристики на мобилните телефони. Целта е обичниот граѓанин да ја види разликата и со тоа да се реагира на моменталниот интерес за популарниот производ на Apple кој за само 24 часа се продаде во 2 милиони примероци (за споредба скоро двојно повеќе од претходната верзија на производителот).

Продолжи…

post

Бизнис Херој – Ќе се зголеми ли херојството во претприемништво?

Бизнис херој Во среда на 14.12.2011 бев на презентација на првиот бизнис софтвер во Македонија целосно базиран на cloud технологија наречен како Бизнис Херој.

Како што беше напоменато и прикажано на презентацијата од страна на г. Ванчо Орданоски, еден од основачите на Инфопроект – компанија која што стои зад оваа решение, Бизнис Херој претставува еден сеопфатен софтверски систем наменет за микро, мали и средни претпријатија. Бизнисите може да го користат за евидентирање на продажба, прием на стоки, менаџирање со залихи, сметководство, производство, менаџирање на човечки ресурси…

Она што според мене претставува еден голем чекор напред е работа на cloud технологија бидејќи на таков начин се овозможува лесен пристап од било која локација директно до податоците на бизнисот. И не само пристап туку и работење со податоците, така да можете да продавате, испраќате фактури, видите кој платил а кој сеуште не платил и уште многу други елементи значајни за бизнисот од ресторан, кафетерија, или било кое друго место. Едноставно сите податоци од бизнисот се наоѓаат со вас доколку имате интернет конекција. Од друга страна не бара посебни компјутери (сервери) каде ќе се чуваат податоците за кои е потребно посебно одржување, доволен е обичен компјутер на кој има интернет конекција и интернет прелистувач (наведен е Firefox, наскоро ќе биде овозможено користење и од нјабрзорастечкиот интернет прелистувач Google Chrome).

На ваков начин се намалуваат трошоците и нормално времето за донесување на квалитетни одлуки кое денес е можеби и едно од најважните фактори за успешен бизнис.

Во наредните денови ќе се поиграм со Бизнис Херој и подетално ќе напишам за можностите кои ги нуди пакетот. Тука би сакал само да прикажам неколку слики од она што е наречено Бизнис Херој.

Бизнис херој 01

 

Бизнис Херој 02

Бизнис Херој 03   Бизнис Херој 04

post

Користење на Gmail и Evernote како CRM систем

Evernote Минатиот месец напишав еден пост за тоа како може да се користи Gmail како CRM систем (систем за менаџирање на односите со потрошувачите ) од страна на еден претприемач или за целите за еден мал бизнис. Gmail дава доста добри можности за внесување на податоци за потрошувачите и потенцијалните потрошувачи.

Но, понекогаш природата на бизнисот е таква да самите податоци за секој клиент може да дојдат во една навистина несредена форма. На пример, слики, текст, честа email комуникација, материјали за проекти, понуди, одговори… Иако може да се најде начин како сето ова да се спакува преку Gmail, но тука би сакал да споделам една креативна можност да се комбинираат Gmail и Evernote за ти како еден претприемач биднеш многу поорганизиран во однос на тие односи како со потрошувачите така и со потенцијалните потрошувачи.

Во претходниот пост за Evernote кој беше објавен на претприемач насловен како може ли поголема продуктивност со Evernote наведов повеќе идеи за користење на оваа апликација во кои не беше опфатена темата во овој пост. Но, како што наведов се повеќе се играм во однос на користење на оваа апликација и постојано наоѓам нови креативни начини на користење на истата.

Како едно надополнување во однос на користење само на Gmail каде може да собираш информации за твоите потрошувачи, за твоите потенцијални потрошувачи, да вршиш сегментација, можеш да ги следиш твоите маркетинг активности поврзани со email со секој од твоите потрошувачи, можеш да научиш повеќе за нив, можеш да изградиш подобри односи со нив, со помош на Evernote ќе можеш да ги следиш и сите други маркетинг активности поедноставно, да додадеш едноставно било што друго поврзано со нив и секако да имаш едноставен и брз пристап до информациите.

Ајде да видиме како може да се комбинираат овие две алатки.

#1 Креирање на нотеси во Evernote

Контејнер и нотеси во Evernote

Контејнер и нотеси во Evernote

Првин мора да започнеш со добра организација во Evernote преку креирање на соодветни нотеси. На пример, организацијата на нотеси во Evernote се изведува преку Stacks (именуван контејнер за нотеси) и Notebooks (нотеси). Значи, логиката е да има по еден уникатен контејнер со повеќе нотеси во истиот. Ваквиот начин ни овозможува организирање и расчленување на две нивоа, што можеби претставува и една ограниченост и недостаток кој го забележав во апликацијата бидејќи полесно е да имам еден контејнер со клиенти и во истиот нотеси за различни клиенти и во тие нотеси уште поднотеси кои би можеле да бидат, контактирано, одговорено, генерални информации, состаноци…

Но, во секој случај и ваквиот начин ни одговара, доколку добро се организираме. Во овој случај би имале по еден контејнер (stack) за секој клиент во кој ќе бидат содржани различни нотеси. На пример би имале:

  • Клиент 1 контејнер (нотес 1, нотес 2, нотес 3, …)
  • Клиент 2 контејнер (нотес 1, нотес 2, нотес 3, …)
  • Клиент 3 контејнер (нотес 1, нотес 2, нотес 3, …)
  • Клиент n контејнер (нотес 1, нотес 2, нотес 3, …)

Кога станува збор за нотеси тие ќе зависат од твоите потреби, но како еден пример како би можел да ги организираш може да ги користиш следниве идеи:

  • Контакт од твоја страна
  • Одговор
  • Информации за потрошувачот
  • Состаноци…

Следното нешто на што добро треба да размислиш се ознаките (tags) на секоја белешка која ќе оди во одреден нотес заради поедноставен пристап во иднина и помош во пребарувањето.

Кога веќе ќе ги имаш определено структурата на организацијата и клиентите може да преминеш во следната фаза, интеграција со Gmail.

#2 Интеграција на Evernote со Gmail

Пред да започнеш со самата интеграција, сакам да напоменам дека не треба да очекуваш целосна автоматизација. Но, целта на CRM систем не е да работи без човек, туку да биде организиран од страна на човекот и да се користи од страна на човекот.

Интеграцијата на Gmail со Evernote ќе ти помогне малку во автоматизирање на самиот процес преку користење на опцијата филтри во Gmail. Така, првин треба да изработиш филтер за секој од твоите клиенти.

Филтер во Gmail за интеграција со Evernote

Филтер во Gmail за интеграција со Evernote

Филтер во Gmail кој ќе ги праќа email-овите во Evernote

Филтер во Gmail кој ќе ги праќа email-овите во Evernote

На втората слика е покажана акцијата која филтерот ќе треба да ја направи, а тоа е email-от од клиентот да го прати како белешка во твојот Evernote акаунт (Evernote ти дава посебен email акаунт кој се користи за праќање на белешки преку email). Запомни дека постапката треба да ја повториш, но со филтер кој ќе користи To како на првата слика за email-ови кои ги праќаш на тој клиент.  На ваков начин секој email кој ќе го добиеш од твојот клиент или потенцијален клиент или пратиш автоматски ќе се покаже и како забелешка во Evernote со што нема да мора рачно да ги внесуваш тие контактирања.

Секоја ваква забелешка нема да биде веднаш во вистинскиот контејнер и клиент како нотес во Evernote туку ќе оди во посебен фолдер кој ти е изберен за внесување на белешки. Така да ќе треба секоја нова забелешка добиена преку Gmail да ја ставиш во нотесот за кој клиент се однесува. Оваа од друга страна е добро, бидејќи ќе бара да влезеш во апликацијата и да ја најдеш забелешката која треба да ја пренесеш во соодветен нотес, а во исто време и да ја едитираш со твои забелешки или идеи за идни активности во однос на таа белешка.

#3 И што потоа?

Сега кога веќе имаш организиран систем, твојата работа ќе биде да го полниш и со останати информации или белешки поврзани со потрошувачот. Еве некои примери како можете да го користите она што го креиравте до сега:

  • Можете да ставите забелешка со твои идни активности и да користите check box во таа забелешка за што Evernote има одлично решение, со тоа да креирате посебна To-Do листа за вашите идни активности.
  • Можете да направите контакт листа со слика, адреси, контакт детали за вработените, родендени на тие вработени кај тој ваш потрошувач доколку ги има. Секако еден дел од работата на CRM е да градите односи со потрошувачите. Дали, праќање на роденденска честитка нема да ви помогне да тие односи бидат на едно повисоко ниво.
  • Можете се она што ќе дознаете за потрошувачот да го внесете во вид на белешки. Каде јаде, каде пие кафе, со кого се дружи, каде излегува, што сака, што не сака, какво пиво пие и дали пие… Можеби сите овие прашања ви изгледаат смешно, но верувајте може да ви се најдат. Колку повеќе знаеш толку подобри односи ќе изградиш, а колку подобри односи ќе изградиш, толку подобар бизнис ќе имаш со тој потрошувач.

Ова се само како идеи, сепак вашата креативност е таа која ќе ве води низ процесот.

#4 Подобрувај

Колку повеќе ќе го користите системот, толку подобро ќе бидете испраксирани со што ќе дојдете до многу идеи за подобрување.

***

Мора да напоменам дека Evernote може да биде секаде со тебе. Го има како мобилна апликација. Го има за таблети, за десктоп компјутери, но и веб верзија.

post

Како од ништо, станав манијакален корисник на една компанија?

Оваа слика не ја планирав за пост на претприемач, но сметам дека можеме да извлечеме некои заклучоци за она што им е потребно на бизнисите врз основа на тоа како јас станав “горд” корисник за помалку од две години на една компанија.

Станува збор за Apple од која до пред две години немав ништо, ниту пак размислував да имам некој нивен производ бидејќи сметав дека она што дотогаш го имав е доволно и нормално за мојот свет. Еве ја хронологијата на случките.

  • Незадоволство од тековната опрема. Од самите почетоци на мое користење на мобилен телефон (некаде 2000 година) бев голем фан на Nokia. Од оние познатите големи цигли до најновите кои излегуваа за кои плаќав огромни пари. Но, времињата се сменија. Дигиталниот свет се повеќе навлегуваше во мојот нормален живот. За мојата последна Nokia да ја прилагодам (која веќе беше стара две години) инсталирав Fring за да имам Skype, социјални медиуми, повици… Но, телефонот почна да се празни бргу, да биде многу поспор, па затоа ја избришав апликацијата која ми пречеше. Избор на апликации немаше (барем тогаш).
  • Новата потреба и незадоволство ме поттикна да одлучам да купам нов телефон. И, одлуката падна на iPhone, мојот прв производ на Apple. Дали погрешив? Не, никогаш нема ни да помислам дека направив грешка не само заради задоволувањето на моите потреби, туку и заради отворање на многу пошироки видици. Разни апликации го проширија начинот на кој го користев мобилен телефон дотогаш. Почнав да читам книги, да купувам книги, апликации, да пишувам постови…
  • Бидејќи веќе бев запознаен со компанијата, следев и што излегува ново од неа. Веќе им верував. Така, еден ден ја следев најавата на ново светско чудо наречено како iPad. Во индустријата со таблетите се обиделе многу компании уште многу одамна, но не успеале. Се мислеше дека и Apple ќе го снајде истата судбина. Напротив, се случи обратното. За брзо време се појавија многу видео материјали на YouTube за користење на уредот, нови апликации кои го олеснуваат животот, односно мобилниот живот на еден просечен човек, што пак е една нова потреба во денешно време. Забележете, дека воопшто не ни знаевме дека имаме или пак ќе имаме една таква потреба. И одлуката падна, го купив и тоа чудо. Повторно презадоволен од она што го добив за парите кои ги дадов. Но, не бев само јас задоволен, туку и син ми кој лесно сфати како да ракува со него барем за цртање и некоја игра.
  • Задоволен од досегашното искуство со Apple и се понезадоволен од стандардното користење на Windows и повторно нови потреби за купување на нов компјутер. Кој да биде изборот? Не се мислев многу, знаев што сакам, iMac. Како да ми имаат влезено во мозокот за донесување на одлука кога тие нешто го произведуваат. И, така заврши една моја ера на користење на Nokia и PC. Сега целосно сум “јаболкоизиран”, но и син ми веќе знае што сака, истото што и јас.

Забележете ги само следниве зборови:

  • Потреба.
  • Незадоволство со тековна ситуација.
  • Квалитет.
  • Задоволство.
  • Досегашно искуство.
  • Променети потреби.

И како еден заклучок за крај: потребно е да постојат повеќе производи кои ќе го водат купувачот низ една продажна инка на еден бизнис. Можеби понекогаш за првите, оние најефтините ќе нема профит, но важно е да се започне влезот во инката. Сигурен сум дека Apple знаел што прави кога навлегол во индустријата на мобилни телефони, а крајната цел не била само продажба на мобилни телефони, туку и доближување на повеќе луѓе до нивниот бренд, а со тоа и до поголема продажба на останатите производи.

А, сликата ја нареков мојата Apple маниа.

Apple Mania

post

Како да го користиш Gmail како CRM алатка?

Како сопственик на мал бизнис, ти или поточно твојот бизнис ќе има потреба да биде во контакт со тековни и потенцијални купувачи.

Ќе сакаш да ги менаџираш тековните купувачи за да бидеш сигурен дека се е онака како што треба да биде и дека ти се задоволни со работата со твојот бизнис.

Ќе сакаш секогаш да го прошириш твојот бизнис со додавање на нови потрошувачи контактирајќи ги тие потенцијални купувачи за твојот бизнис.

Како да ја реализираш оваа едноставна но важна задача за тебе и твојот бизнис? Одговорот е дека ти треба еден систем за менаџирање на односите со потрошувачите – CRM систем.

Можеби немаш доволно ресурси и не ти треба комплексен систем од комерцијални снабдувачи (кој секако нема да биде некорисен доколку го имаш), па затоа и едно решение е да го користиш акаунтот на Gmail за менаџирање на твоите активности во однос на потрошувачите.

Зошто ти треба CRM?

Целта на еден CRM систем е да овозможи твојот бизнис, односно ти едноставно:

  • да ги идентификуваш и таргетираш најдобрите купувачи,
  • да направиш сегментација на потрошувачите,
  • да ги менаџираш различните маркетинг кампањи за различни сегменти,
  • да ги следиш мерките на конверзија,
  • да градиш персонализирани односи со потрошувачите за да го зголеми нивното задоволство и да го максимизираш профитот,
  • да го зголемиш знаењето за потрошувачите,
  • да научиш повеќе за потрошувачите,
  • да знаеш што потрошувачите сакаат, а што не сакаат,
  • да знаеш точно кои се твоите потрошувачи, а кои се потенцијални потрошувачи,
  • да знаеш кои треба да бидат идните чекори со потрошувачите, а кои со потенцијалните потрошувачи.

Gmail како CRM алатка

Добра алатка за почеток за да ги изведуваш овие активности може да послужи еден Gmail акаунт, особено доколку твоите најголеми потреби се да следиш кого контактираш, кога си го контактирал, што бил предметот на контактот, каков бил одговорот и кои треба да бидат идните чекори на твојата компанија.

Што е она што едноставно можеш да го направиш со Gmail како една CRM алатка за твојот бизнис?

  • Можеш да собираш информации за твоите потрошувачи.
  • Можеш да собираш информации за твоите потенцијални потрошувачи.
  • Можеш едноставно да ги сегментираш.
  • Можеш да ги следиш твоите маркетинг активности со секој од твоите потрошувачи.
  • Можеш да научиш повеќе за нив.
  • Можеш да изградиш подобри односи со нив.

Да погледнеме како може да ги изведеш овие активности со помош на Gmail.

Собирање на информации

Контакти во Gmail

Контакти во Gmail

Ти треба постојано да собираш информации за контакт со твоите потрошувачи и секако потенцијални потрошувачи. Бидејќи денес една од најкористените форми за контактирање претставува email, оваа работа со Gmail станува многу полесна.

Секој Gmail акаунт доаѓа со контакт база на податоци која може автоматски да ги складира контакт деталите од било кој со кој имаш некаков вид на коресподенција.

Исто така можеш да импортираш надворешни контакти или да ги додадеш рачно.

Постои можност за додавање на многу повеќе информации освен email адресата и името. Може да додадеш роденден, брачна состојба, URL кон нивниот веб сајт, но она што е најдоброто е што можеш да додадеш прилагодливо поле, односно како сакаш да го наречеш согласно твоите потреби.

Додавање на контакти

Додавање на контакти

Сегментирање на потрошувачи и следење на активности

Најдобрата работа кога станува збор за Gmail и користење како CRM за твојот мал бизнис се групите. Групите се нешто што ќе ви овозможи да направите различни сегменти од твоите контакти. На пример, може да имате една група за купувачи, една за потенцијални купувачи, една за партнери итн.

Креирање на групи или сегменти

Креирање на групи или сегменти

Додавање на контакти во групи или сегменти

Додавање на контакти во групи или сегменти

Друг начин за додавање на сегменти во самите групи е да користиш различни фолдери за различни сегменти.

Доколку сакаш да ги следиш нивните активности имаш неколку опции. Едната е интегрирана во самиот Gmail, а втората е да ги користиш задачите (Tasks) или закажувања во Google Calendar. Јас сакам да го користам полето насловено како додади забелешка (Add Note) за секој контакт каде едноставно можам да напишам кога лицето е контактирано, што е пратено, каков е одговорот и кои ќе бидат моите следни чекори.

Научи повеќе за нив и изгради подобри односи

Едно од најдобрите решенија за да научиш нешто повеќе за твоите потрошувачи и потенцијални потрошувачи и така да изградиш подобри односи со нив е да искористиш решение како додаток на твојот Gmail акаунт наречен како Rapportive. Тоа е алатка која ќе додаде податоци од социјални медиуми за твоите контакти. Кога ги знаеш тие податоци ќе можеш да одиш и еден чекор понапред во градење на едни долгорочни односи со нив. За оваа алатка веќе имавме објавено едно видео кое можеш да го погледнеш подолу.

post

Пребарувај ги белешките во Evernote кога го пребаруваш Google

Evernote е алатка која може да ви помогне да ја зголемите сопствената продуктивност во однос на идеи, белешки, складирање на надворешно знаење или било што што ви е важно и сакате да го запомните за да го искористите набргу.

Понекогаш белешките ги ставам во мојата сметка преку компјутерот, понекогаш преку iPhone или пак iPad за да ги користам во иднина. Но, забележувам дека честопати и заборавам дека имам такво нешто забележано. Понекогаш кога мислам дека имам некаква забелешка побарам преку Evernote и ја наоѓам, но понекогаш може да се случи тие белешки да стојат и со месеци без и да знам дека ги имам.

Пред некој ден случајн ја открив функцијата насловена како Simultaneous Search која што не сум ја користил претходно иако е скоро една година активна. Едноставно сум требал да ја активирам преку Evernote екстензијата на мојот интернет прегледувач Chrome.

Активирање на функцијата

Активирање на функцијата

Неверојатно е како оваа функција овозможува да се најдат забелешките кои сосема се заборавени, а се сместени на сметката на Evernote. Денес кога нешто пребарувам на Google функцијата автоматски ми кажува дека имам некои забелешки поврзани со тоа пребарување(слика подолу).

Пребарување на Google и Evernote забелешки

Пребарување на Google и Evernote забелешки