post

Бизнис План – Менаџмент

Бизнис план - менаџмент

Бизнис план - менаџмент

Ќе продолжам со бизнис планирање. Досега ја направивме насловната страна, го поставивме скелетот преку резимето и содржината, ја опишавме нашата компанија, ги дефиниравме производите и услугите кои ќе ги нудиме на пазарот, спроведовме анализа на пазарот и индустријата, спроведовме SWOT анализа, изработивме онлајн стратегија за бизнисот, маркетинг стратегија и продажна стратегија. Сега ќе навлеземе во еден сосема подруг дел од планирањето, а тоа е менаџментот и организациската поставеност и структура на бизнисот.

Овој елемент или поднаслов се однесува на менаџментот. Менаџментот е навистина важен елемент од секој бизнис. Како што бизнисот поминува низ различна фаза од животниот циклус, така ќе расте и потребата за менаџментот, а тој е директно поврзан со ефикасноста и ефективноста на бизнисот. За ова можете да прочитате во менаџмент и знаење. Менаџмент наједноставно кажано претставува управување со бизнисот. Можеби ќе ви се чини доколку Вашиот бизнис е во фазата на започнување и планирате само Вие како претприемач да бидете единствени во тој бизнис дека нема да има потреба од оваа поглавје. Но сепак препорачувам да го сработите и овој наслов во вид на натамошно планирање на персоналот во Вашиот бизнис бидејќи нема уште долго да издржите сами.

Од друга страна ова поглавје како дел од процесот на планирање веќе ќе ги претстави и другите трошоци кои понатаму ќе ги користиме во планирање на финансиите.

Што треба да содржи овој наслов?

  • Краткиот преглед на насловот
  • Организациска структура
  • Менаџерски тим
  • Можни слабости на менаџерскиот тим
  • План на персоналот на бизнисот

1. Краток преглед на насловот

И повторно поглавјето за менаџмент во бизнис планот започнува како и секое поглавје со краток преглед на поглавјето. Овој дел ќе биде на почеток но ќе го подготвите го на крајот откако ќе го завршите поглавјето.

2. Организациска структура

Организациска структура претставува хиерархиска поставеност на вработените во бизнисот. Таа ќе покаже кој на кого одговара за извршените задачи, кој кого контролира и каква е легалната комуникацијата помеѓу вработените во бизнисот. Многу е важно да го сватите озбилно овој наслов бидејќи она што тука ќе го испланирате ќе треба да биде базирано на она што е реално денес и ќе биде реално утре. Повеќе за ова пишував во Органограм – Теорија наспроти реалност.

Организациската структура треба да биде претставена во вид на организациски дијаграм или график (нарекуван како органограм). Имате опција за бесплатни онлајн апликации за изработка на органограмот како што е gliffy. Ќе треба само да се регистрирате и ќе можете да ја користите апликацијата. Можете и да го користите Microsoft Office Word кој има опција за внесување на график во вид на организациски дијаграм кој можете да го персонализирате согласно Вашите потреби. На сликата е прикажан органограм од MS Word 2007.

Бизнис план - Организациски дијаграм

Органограм

Пожелно е бизнис планот да го содржи органограмот како составен дел, но доколку неможете да го направите опишете ја организациската структура текстуално со зборови.

На сликата се дадени имиња на одговорните луѓе на секоја позиција. Овие позиции може да бидат функциите како продажба, маркетинг, финансии производство… Објаснете како се поделени главните функции на бизнисот и опис на работните места (кои ќе бидат задолженија за секое од работните места од органграмот).

3. Менаџерски тим

Менаџерски тим како дел од насловот за менаџментот од процесот на бизнис планирање претставува листа на менаџерите во бизнисот кои ќе го управуваат. Ова можете да бидете само вие како претприемач или пак да бидат вклучени и Вашите први соработници за управување на бизнисот доколку имате повеќе вработени. На, тоа колку менаџери ќе треба да имате ќе ви одговори опфатот на менаџментот врз основа на бројот на вработени. Вообичаено тоа ќе бидат функционалните менаџери. Во овој дел за секоја од главните менаџерски позиции напишете:

  • Име и презиме на менаџерот
  • Претходно искуство на истите
  • Нивната улога во компанијата.

4. Анализа на слабости на менаџерскиот тим

Ништо не е перфектно па и Вашиот менаџерски тим. Можните слабости на менаџерскиот тим претставува добра анализа на тоа што може да биде како слабост. Новите бизниси најчесто ќе имаат повеќе да пишуваат во оваа подрачје. На пример, би требало да напишете дека Вие како претприемач ќе го водите и продажниот дел бидејќи заради недостаток на финансии не можете да најмите менаџер за таа позиција. Со тоа сте идентификувале едно Важно прашање во вид на проблем кој во иднина нема да го заборавите. Но, наведете и како планирате овие слабости да ги надминете во иднина. Можеби овие планови ќе предизвикаат превземање на одредени активности за надминување.

5. План на персоналот

План на персоналот претставува делот од бизнис планот кај што ќе ги вклучите сите работни места во компанијата. Планот на персоналот може да го претставите во вид на табела со следниве колони:

  • Работно место (на пример, менаџер за финансии, продавач…)
  • Број на вработени за тоа работно место (на пример, 1 менаџер за финансии, 10 продавачи)
  • Износ на плата или колку ќе го чини бизнисот за еден вработен на таа позиција за еден месец
  • Годишен трошок за едно такво работно место (12 х број на вработени за тоа место х месечна плата)

На сликата подолу е претставена оваа табела за три години како пример, инаку Вие ќе треба за првата година да ги направите и збирно и посебно по месечно ниво бидејќи овие трошоци на месечно ниво ќе ни бидат потребни за спроведување на анализа на готовинскиот тек.

План на трошоци за персонал

План на персонал

На ваков начин ќе ги имате плановите за персоналните трошоци за бизнисот кои во наредното поглавје ќе можеме да ги искористиме.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Бизнис План – Менаџмент — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Бизнис План – Менаџмент – Ќе продолжам со бизнис планирање. Досега ја направивме http://ow.ly/17n256 […]

  2. […] и продажна стратегија. Ја дефиниравме нашата организациска поставеност, менаџментот и вработените. И се занимававме малку со финансии на бизнисот. На ред […]

Speak Your Mind

*