audio

Епизода #35: Користење на информациска технологија за поттикнување на иновации

Денес едноставно не смееме да имаме изговор за некористење на информациска технологија во секојдневните деловни активности, особено иновација.

претприемачки пат 35 - користење на информациска технологија за иновации

Во оваа епизода ќе зборувам за користење на информациска технологија за поттикнување на иновација во вашиот бизнис. Можеби веднаш ви звучи како нешто сложено, нешто што бара висока технологија и нешто недостапно во моментов за вас како еден мал бизнис. Но, верувајте имам искуство со некои бизниси користејќи ги нивните постоечки ресурси, малку креативност и имплементирање на процес на експериментирање да успееме да иновираме сосема нови процеси, да подобриме постоечки процеси и тоа да резултира во зголемување на приходи од 200-300%.

Продолжи…

quote

Непредвидливост за иновативни производи

Експертските предвидувања секогаш ќе бидат погрешни. Невозможно е да се предвиди со соодветен степен на прецизност како разорните производи ќе бидат користени или колку големи ќе бидат нивните пазари. Една важна последица ќе биде дека затоа што пазарите за разорни технологии се непредвидливи, иницијалните стратегии на компаниите за влез на тие пазари генерално ќе бидат погрешни.

~ Clayton M. Christensen
The Innovator’s Dilemma – The Revolutionary Book That Will Change the Way You Do Business

post

Креативноста како поттикнувач на успехот

Многу индустрии и пазар немаат многу голем маневарски простор кога станува збор за иновација, или пак едноставно го користат тој стереотип за да најдат оправдание заради сопствената неинвентивност и недостаток на креативност.

креативноста како потреба за успех

За да успеете да дојдете до голема идеја, без разлика далис танува збор за нов производ или услуга, процес или пак бизнис модел, многу важна карактеристика која треба да ја поседувате е креативноста.

Продолжи…

post

6 причини зошто треба да инвестирате во иновација

Зошто треба да инвестирате во иновација? Вакво и многу слични прашања ми ги поставуваат секојдневно различни претприемачи и тука би сакал да презентирам 6 причини кои ги давам како одговор на прашањето.

иновација

Инвестиција во иновација не значи автоматски инвестиција во форма на пари. Кога зборувам за инвестиција во иновација мислам на инвестиција на пари, време, човечки и други ресурси за да еден иновациски процес профункционира во вашата компанија.

Продолжи…

post

Структура на екосистем за иновации

Во голем број на случаи иновациите се базираат на екосистеми. Ништо не е во рацете на еден човек или пак една компанија, секогаш постојат и други чинители кои се значајни, но и без кои тешко дека ќе може една иновација да успее.

екосистем за иновации

Индивидуализмот е минато. За да успее една страна во тој поопширен систем, ќе мора да успее и некоја друга страна. За да можете да иновирате, универзитетитe и науката ќе мора да создаваат нови откритија.

Продолжи…

post

Што доколку не постои пазар за вашиот иновативен производ?

Оваа прашање кое се однесува за иновација за која сеуште не постои пазар е доста актуелно прашање. Ајде да видиме што можете да правите доколку се најдете во таква позиција.

иновирај

Што значи сеуште не постои пазар за една идеја и/или иновација?

Продолжи…

audio

Епизода #26: Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?

Да продолжиме со дваесет и шестата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за некупувачите тема која што исто така е поврзана со иновации и подобрување на и раст на вашиот бизнис.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” ќе начнам една тема која што често пати се заборава едноставно поради огромниот фокус кој го насочуваме кон купувачите, односно кон целниот пазар во кој се наоѓаат тековните купувачи и потенцијални купувачи. Прашањето е што можеме да добиеме доколку во нашите стратегии и планови за иднината ги вклучиме и некупувачите? Звучи збунувачки, но сепак имам забележано големи постигнувања на бизнисите со едноставно користење на некупувачите во дефинирање на идните стратегии за компанијата.

Продолжи…

post

Има ли пазар…? Моето лично мислење е…

На прашањето има ли пазар за твојата идеја, иновација, бизнис најчест одговор од страна на претприемачи кој го добивам започнува со „моето лично мислење е…”

пазар

И потоа продолжува има пазар, ќе има пазар, сеуште нема но ќе го создадеме итн. Не, не, не, не, не… Прашањето е јасно има или нема. Не ме интересира твое лично мислење ме интересира мислењето на оние кои го сочинуваат или ќе го сочинуваат пазарот во иднина.

Продолжи…

audio

Епизода #25: Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете

Продолжуваме со дваесет и петтата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за тема поврзана со иновации и стартапи, односно за тестирање на претпоставки, односно хипотези за нова идеја или иновации.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се навратиме на темата на годината, иновациите која на некој начин е поврзана и со стартапи. Денеска не можеме да очекуваме дека можеме да научиме нешто и да го имплементираме онака како што сме го научиле во реалноста. Секој бизнис, ама баш секој бизнис функционира во крајно неизвесно опкружување. Дури слободно можеме да кажеме дека неизвесноста е единствената константа за секој бизнис.

Продолжи…

post

Како до иновациска компанија?

Иновациска компанија е компанија која постојано иновира и тоа со успех. Прашањето не е дали треба да бидете иновациска компанија, тоа е јасно.

иновирај

Прашањето е како да биднете навистина иновациска компанија.

Продолжи…