Малите бизниси ги немаат капацитетите на големите во поглед на финансии и ресурси за промоција на сопствените производи и/или услуги. Но, затоа креативноста и флексибилноста им овозможува да привлечат голем број на потенцијални купувачи.
Постојат илјадници маркетинг активности кои им стојат на располагање на малите бизниси. Кои ќе се превземат зависи од бизнисот како и од креаитивноста и умешноста на претприемачот.
Во овој пост ќе направиме обиде на едно место да ставиме 100 активности кои како сопственик на мал бизнис можете да ги превземете уште од утре. Секако дека оваа листа не е конечна и доколку сметате дека нешто вредно е испуштено (а е испуштено сигурно) слободно можете да дадете сугестија преку коментар на овој пост.
- Изработи маркетинг план
- Доколку имаш маркетинг план ажурирај го истиот
- Преразгледај го твојот целен пазар
- Одговори на прашањето што целниот пазар сака од тебе
- Одговори на прашањето како да ги задоволиш потребите на целниот пазар
- Спроведи истражување на пазарот
- Побарај можности за подобрување
- Разгледај ја твојата понуда и подобри ја
- Прошири ја понудата со нови вредносни елементи
- Следи ги промените и подобрувај секаде каде има можност и потреба за подобрување
- Изработи или пак доколку ги имаш подобри го дизајнот (уникатноста) на твоите бизнис картички
- Направи бизнис картички за сите вработени во бизнисот и поттикни ги да ги делат
- Направи или ажурирај ги твоите брошури
- Направи ги тие брошури достапни и преку веб сајт (доколку имаш)
- Редизајнирај ја целосната комуникација (писма, email, фактури, испратници…) за да комуницираат и информации за вредноста која ја нудиш
- Лансирај кампања со персонализирани писма и тестирај ги различните содржини и нивната ефикасност.
- Обиди се со различни повици за акција содржани во тие писма.
- Искористи ги бесплатните мали огласи за градење на присутноста на твојот бизнис
- Обезбеди дека твојот бизнис е присутен во електронското издание на Златна книга
- Направи листа на сегашни и потенцијални купувачи
- Контактирај ги досегашните купувачи преку телефон
- Контактирај некои „најсигурни“ потенцијални купувачи преку телефон
- Користи маркетинг календар за сите маркетинг активности кои ги спроведуваш или планираш да ги спроведуваш
- Дизајнирај иницијативи на споделување на искуството на твоите задоволни потрошувчи
- Преразгледај ги повиците за акција кои ги користиш во сите маркетинг средства
- Тестирај различни повици за акција
- Преразгледај го и подобри го кредибилитетот како на сите бизнис членови така и на бизнисот воопшто
- Рекламирај се на ТВ
- Рекламирај се на радио
- Рекламирај се во весници
- Ако постојат огласни табли онаму каде се движат твои потенцијални потрошувчи направи еден материјал и закачи го
- Учествувај на саем за да ги изложиш твоите производи и/или услуги
- Посетувај саеми заради градење на нови мрежи
- Побарај потенцијални бизниси со кои би можеле да настапите здружено за некое маркетинг средство
- Обиди се со бесплатни примероци или бесплатно пробување
- Направи месечни, тромесечни или пак годишни билтени
- Провери дали сите маркетинг средства се едноставни и разбирливи за потенцијалните купувачи
- Организирај забава заради некаков повод (годишнина, голема зделка, преселба…)
- Рекламирај се на билборди
- Направи ја пораката во сите маркетинг средства да содржи ургентност
- Добро запознавај ги твоите потрошувачи
- Провери ја и подобри ја твојата супериорна вредност
- Изгради моќен систем за препораки
- Постави го твојот бизнис на најпопуларните онлајн огласници
- Поврзи се на некој од попопуларните форуми и започни со конверзација
- Доколку немаш направи, доколку имаш редизајнирај го твојот веб сајт доколку не си го редизајнирал повеќе од една година.
- Анализирај го сајтот во однос на страните кои се најпопуларни
- Имплементирај блог во самиот сајт и почни да блогираш.
- Блогирај на регуларна основа
- Постави форма за регистрација како на веб сајтот така и на блогот заради користење на email маркетинг
- На регуларна основа испраќај email-ови на твојата листа
- Подобри го твојот потпис на email-овите
- Додај функционалности за споделување на твоите email-ови
- Имплементирај RSS како на веб сајтот така и на блогот
- Внимателно избери клучни зборови и секундарни зборови поврзани со твојот бизнис и околу кои ќе ја градиш присутнсота на веб просторот
- Оптимизирај го веб сајтот и сите блог постови
- Купи рекламен простор на некои веб сајтови од нишата на твојот бизнис
- Направи вебинар за користење на твоите производи и/или услуги
- Направи подкастинг серијали за користење на твоите производи и/или услуги
- Избери и користи професионален аутореспондер како софтвер за твоите email маркетинг кампањи
- Коментирај на други блогови каде што се наоѓаат потенцијални купувачи
- Секојдневно бреинстормирај потенцијална содржина за социјални медиуми (блог, facebook, twitter, linkedin…)
- Започни со Google Adwords PPC кампања
- Рекламирај се на Facebook
- Рекламирај се на LinkedIn
- Направи Facebook страна за твојот бизнис (страна не профил)
- Покани ги твоите лични пријатели и сите досегашни потрошувачи да станат фанови на Facebook страната
- Секојдневно ажурирај ја Facebook страната со нова интересна содржина за фановите
- Смени го URL-то на твојата страна на Facebook да биде едноставно
- Креирај Twitter профил
- Одговарај или ретвитај некој друг на Twitter
- Твитај мислење, блог постови, линкови, слики, видео….
- Направи профили или пак доколку го имаш ажурирај го твојот профил на LinkedIn
- Барај и поврзувај се преку LinkedIn
- Подеси Foursquare сметка за твојот бизнис
- Постави го твојот бизнис на Google Places
- Изгради присутност на социјални обележувачи
- Обележувај твоја една содржина и минимум 10-20 туѓа содржина
- Учествувај на сајтовите за групно купување
- Направи видео презентација и постави го на YouTube
- Ембедирај го видеото во еден блог пост
- Разгледај ги најпопуларните онлајн директориуми и постави го твојот бизнис таму
- Следи ја твојата и на твојот бизнис онлајн репутација
- Креирај наградни игри
- Креирај попустни купони
- Имплементирај програма за наградување на најголемите потрошувачи
- Имплементирај програма за наградување на честите купувања
- Подели празнични подароци на најголемите купувачи
- Планирај ги промоциите за следните празници
- Испрати роденденски честитки за твоите купувачи
- Донирај некоја локална случка
- Спонзорирај некоја локална спортска манифестација
- Пријави се за конференција во твојата или друга сродна индустрија
- Комуницирај со другите посетители на таа конференција
- Разменете бизнис картички со оние посетители кои имаат потенцијал да ви станат потенцијални потрошувачи.
- Подготви и испрати прашалник за анализа на задоволството на потрошувачите
- Анализирај ги одговорите и подобри секаде каде што се бараат подобрувања
- Извести ги сите кои учествувале во прашалникот и кои ви дале идеи за подобрување дека истите се спроведени
- Организирај забава во популарен ноќен клуб каде ќе се поделат бесплатни примероци на твоите производи
- Најми маркетинг консултант доколку сметаш дека ти треба помош.
101. Направи најлонски кеси со името на твојот бизнис.
102. Светлосна реклама
103. Доколку не си во можност да изведиш лого за твојот бизнис, ангажирај маркетинг агенција да изведат лого за твојот бизнис.
104. Смисли лесно, едноставно, потикнувачко, име за твојот бизнис, и така стекни со квалитет имиџ на бизнисот за да потикнеш што повеќе купувачи.
105. Изработи годишен календар и подели ги на твоите купувачи.
106. Изработи привезоци, запалки, пенкала, и подели ги на твоите купувачи.
107. Изработи попусни картички и поде ли ги на купувачите во твоето место на живење.
107. Спроведувај еднаш месечно акција за одредени производи.
109. Имај добар излог за да привлечиш што повеќе купувачи.
110. Биди љубезен, насмејан,
111. Послушај го до крај твојот купувач она што сака да ти го каже.