post

Facebook Бесплатно – Маркетинг средство 77

Facebook - Маркетинг средство Ќе продолжиме со серијалот за маркетинг средства на претприемач и за оваа недела како 77-мо маркетинг средство го избравме Facebook. Со оваа маркетинг средство започнуваме со последна група од онлајн маркетинг средства кои ќе се однесуваат на социјални медиуми.

Малку статистика

Популраноста на социјалните медиуми во светски рамки го достигнува својот врв. Кај нас исто така можеме да кажеме дека е на високо ниво, а тоа го засновувам особено токму на оваа маркетинг средство – Facebook кој во моментов кога го пишувам овој пост согласно Facebookers се наоѓа на 74 место во светот по број на корисници, со 729220 корисници. Тоа е навистина импресивна бројка.

Доколку погледаме во демографијата на корисниците од Македонија ќе видиме различна застапеност на лица со различна возраст. Сепак од 13 до 44 годишна возраст претставуваат 96% од македонските корисници на Facebook.

Корисници во Македонија - Возраст

На глобално ниво станува збор за над 550 милиони корисници на оваа платформа. Најмногу корисници има во Северна Америка, Европа и Азија кои опфаќаат скоро 85% од сите корисници на Facebook.

Кога станува збор за број на посетители се чини дека оваа година Facebook го надмина и Google. Согласно податоците на Compete во Септември 2010 година Facebook имал 3,416,501,818 посетители додека Google имал 3,027,990,471.

Сепак кога станува збор за уникатни посетители Google сеуште бега (но се чини не за долго).

Што претставува Facebook?

Facebook претставува платформа која има за цел да се поврзат брзо пријателите, роднините, соработниците, познаниците или пак непознаниците преку различни мрежи на групи достапни преку платформата или пак преку различните апликации кои може да се користат во платформата.

Целта е да се поттикне комуникација, да се разменат мислења, слики, видеа, настани…

Како да се користи во бизнис цели?

Да, Facebook од страна на маркетарите е препознаен како одлична можност за промоција на бизнисите. Голем број на корисници се повеќе го привлекува вниманието на бизнисите. Не знам, дали денес може да се замисли еден бизнис кој на некаков начин не е присутен на оваа платформа дали тоа ќе биде преку личниот профил на претприемачот, личните профили на вработените или пак специјализирана бизнис страна на Facebook.

Сепак кога станува збор за презентација на бизнисот не треба да се оди со креирање на личен профил со име на бизнисот и слика на бизнис лого. За бизнис презентација Facebook овозможува креирање на посебна страна која се разликува од личните профили.

Кај нас сеуште може да се забележат лични профили како бизниси, што претставува еден сосема погрешен пристап во користење на Facebook како едно маркетинг средство за бизнисите.

Освен страните како ефективно средство може да послужат и Facebook групите кои сепак не ја менуваат страната. Страната останува како едно централно место за презентација на оваа платформа, додека групите може да послужат како комуникација за каузи, мислења, дискусиони форуми…

Како да креирате страна?

Креирање на Facebook странаПрвин за да креирате Facebook страна ќе мора да имате личен профил, па доколку немате започнете го процесот на регистрација на личен профил. Додадете Ваша слика, работодавец (ваш бизнис) некои информации за Вас и побарајте пријатели со кои ќе се поврзете.

Откако ќе го креирате личниот профил можете да започнете со креација на страната едноставно преку менито од лева страна со кликнување на копчето за Огласи и страници, а потоа кликнете на копчето Страници. Потоа кликнете на Креирај страница.

Не би одел понатаму бидејќи самата платформа ќе ве води низ процесот на завршување на креирањето на страната многу едноставно.

Сепак пред да започнете ќе ви биде потребна слика за страната која може да биде:

  • Лого на Вашиот бизнис
  • Комбинација на лого со некои елементи на Вашиот бизнис.

Внесете соодветен опис на Вашиот бизниси или опис на она што ќе го опфаќа таа Ваша Facebook бизнис страна. Можете да додадете администратори кои дополнително со Вас ќе ја ажурираат и администрираат страната. Тоа може да биде и некој вработен во Вашиот бизнис.

Сепак пред да кликнете на копчето Publish. Осигурајте се дека сите слики, насловот, иницијалната содржина, линкови исето останато што планирате да го споделувате преку таа страна е спремно и Ready to Go.

Што понатаму?

Креирање на страната е наједноставен процес. Но сепак остануваат многу незавршени работи. Имање на бизнис страна на Facebook не значи дека сте завршиле голема работа во маркетингот. Тоа е само еден почеток. Потребно е:

  • Ажурирање,
  • Поттикнување на комуникација
  • Привлекување на фанови
  • Интеракција со фановите.

Затоа како еден поедноставен процес можете да го користите следниов:

  • Креирајте ја страната
  • Објавете неколку содржини (Но, внимавајте не претерувајте со промоција)
  • Поканете некои Ваши пријатели за кои ќе сметате дека ќе ги интересира Вашата страна.
  • Направете план за содржина на страната (Што ќе објавувате, кога ќе објавувате и како ќе објавувате?)
  • Поставете на Вашиот веб сајт линк или копче до Facebook страната.
  • На сите останати маркетинг средства каде има можност промовирајте ја и оваа страна.
  • Бидете конзистентни во ажурирање, не ја заборавајте страната.
  • Секогаш одговарајте на поставените прашања на страната.
  • Од 5 објави 4 нека бидат корисности, а една промоција на бизнисот.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Facebook Бесплатно – Маркетинг средство — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Aleksandar Atanasov, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Facebook Бесплатно – Маркетинг средство 77 http://ow.ly/19SpLF […]

  2. […] Во 77-мото маркетинг средство стана збор за Facebook бесплатно кое се однесуваше на градење на присутноста на […]

  3. […] минатите две недели стана збор за Facebook, првиот пост за бесплатно користење и во вториот за користење на Facebook реклами. Twitter е помал […]

  4. […] Дури стекнувам впечаток дека доколку порано се сликавме за оние „старомодни“ фото албуми кои во одредени прилики ќе ги гледавме заради обновување на спомените од тие моменти, денес едноставно сликите во голем дел се резултат на желба за споделување на Facebook. […]

  5. […] сте знаеле дека Facebook во Македонија има 730.000 корисници? Тоа е огромна бројка, […]

  6. […] да го интегрирате delicious со други социјални мрежи како Facebook и […]

  7. […] и споделување на други социјални мрежи како Facebook и […]

  8. […] Овој пост се гради веќе неколку недели и едноставно претставува следење на едно практично движење на нов бизнис и градење на присуство на Facebook. […]

Speak Your Mind

*