post

Писмо на CEO на Nokia Stephen Elop до вработените

Nokia - Connecting People

Nokia - Connecting People

Пред некој ден CEO на NokiaStephen Elop до вработените испрати писмо кое се толкува како искрена оценка за позициите во која се наоѓа компанијата. Ова писмо во целост го објави Engadget.

Како еден од корисници на производите на оваа компанија до пред една година (користев само Nokia повеќе од 10 години при што ги купував сите најнови телефони кои ќе ги лансираа) се најдов и самиот себеси во приказната. Она што ме заинтересира е не толку проблемите со кои се сочува Nokia туку повеќе еден глас на еден врвен менаџер со кој се обраќа до компанијата и секако причините зошто една толкава искреност од страна на еден врвен менаџер кон сопствените вработени.

Тука ќе презентирам само неколку извaдоци од писмото и ќе ги оставам на англиски јазик заради тоа да не се изгуби автентичноста со некој мој обид за превод. Да погледнеме во некои делови од писмото, кое инаку вреди да се прочита целото.

While competitors poured flames on our market share, what happened at Nokia? We fell behind, we missed big trends, and we lost time. At that time, we thought we were making the right decisions; but, with the benefit of hindsight, we now find ourselves years behind.

The first iPhone shipped in 2007, and we still don’t have a product that is close to their experience. Android came on the scene just over 2 years ago, and this week they took our leadership position in smartphone volumes. Unbelievable.

We have some brilliant sources of innovation inside Nokia, but we are not bringing it to market fast enough. We thought MeeGo would be a platform for winning high-end smartphones. However, at this rate, by the end of 2011, we might have only one MeeGo product in the market.

The battle of devices has now become a war of ecosystems, where ecosystems include not only the hardware and software of the device, but developers, applications, ecommerce, advertising, search, social applications, location-based services, unified communications and many other things. Our competitors aren’t taking our market share with devices; they are taking our market share with an entire ecosystem. This means we’re going to have to decide how we either build, catalyse or join an ecosystem.

This is one of the decisions we need to make. In the meantime, we’ve lost market share, we’ve lost mind share and we’ve lost time.

Nokia, our platform is burning.

Забележувате дека Stephen Elop се обидува да даде една јасна слика за тоа каде се наоѓа компанијата која тој ја води, како и за тоа каде се наоѓа клучната конкуренција. Во писмото се забележуваат и елементи на промена на вредноста која потрошувачите ја бараат од еден производител на мобилни телефони и дека тие се само еден дел од еден посеопфатен екосистем.

Но, она што може да се заклучи е следново:

  • Ќе има крупни промени кај Nokia. Веќе кружат гласини за партнерство помеѓу Microsoft и Nokia. Ова партнерство доколку би се остварило ќе бара крупни промени кај Nokia. Овие промени ќе го опфатат севкупниот бизнис модел на компанијата.
  • Без вработените сите промени кои врвниот менаџмент ќе ги зацрта нема да можат да се остварат за што е свесен и менаџментот на компанијата. Од друга страна свесни се и за тоа дека компанијата сеуште има одредени предности во други сегменти на пазарот што може да го зголеми нивото на отпорот кон промени од страна на вработените. Затоа е логична една ваква реакција.
  • Ова писмо најверојатно претставува одмрзнување на status quo ситуација, оној прв циклус од Levin-Schein-ов модел на организациски промени. Ова е и она што John P. Kotter во неговите книги за промени го нарекува подигање на чувство на ургентност што треба да ги поттикне сите вработени да разговараат дека нешто треба да превземат за проблемите со кои се соочува компанијата.

Ажурирање (11.02.2011)

Сите гласини за партнерство помеѓу Microsoft и Nokia се потврдија денес со објавување на блогот на Nokia.

    post

    Основи на теорија на отворени системи

    Секој бизнис претставува некој вид на систем. Бизнисите се составено од повеќе елементи кои мораат да се управуваат за да се исполнат целите на претприемачот опфатени со бизнис планот. Затоа е потребно да се знае каков систем е бизнисот, од кои елементи е составен тој систем и како да се управува (менаџира) за да се постигнат поставените цели. И вие како претприемач претставувате природен систем и сте составени од повеќе елементи кои имаат различни фнкции. Бизнисите спаѓаат во категорија на повеќе системи дефинирани во теоријата на системите. Оваа теорија го проучува однесувањето на тие системи и и нивното функционирање во различни услови.

    Што претставува систем?

    Систем претставува нешто што е составено од повеќе елементи (потсистеми) и кои претставуват една функционална целина. На пример, постојат природни системи и вештачки системи, отворени и затворени системи, едноставни и сложени системи итн… Бизнисите претставуваат организациски системи. Овие системи се комплексни системи поради тоа што во исто време тие претставуваат:

    • Вештачки систем бидејќи го создава претприемачот (човек).
    • Сложен систем бидејќи во својот состав има овеќе компоненти.
    • Динамички систем бидејќи за функсионирањето на овој систем е потребно управување што доведува до менување на истиот со текот на времето.
    • Стохастичен систем бидејќи не е прецизно позната наредната состојба која настанува како резултат на одредена акција на претприемачот или менаџментот.
    • Отворен систем бидејќи врши размена на материја, енергија и информации со околината и
    • Нелинеарен систем бидејќи врската помеѓу влезот и излезот во и од бизнисот (системот) претставува нелинеарна равенка.

    Гледаме дека бизнисот не спаѓа во категорија на само еден систем и токму затоа тој е сложен. Токму затоа имаме и успешни и неуспешни бизниси. Токму затоа смртноста на новите бизниси е многу голема.

    Секој бизнис па и Вашиот има своја околина. Вашиот бизнис претставува отворен систем поради тоа што има зависност и постојана интерактивност со околината во која тој опстојува. За да преживее секој бизнис мора да има одредени влезови (еден вид на енергија од околината) кои може да бидат во вид на пари, суровина, информации итн. Оваа енергија се трансформира во производи и/или услуги кои бизнисот ги нуди на околината (излез кој се враќа на околината) од каде што пак повторно се трансформира во влез во организацијата (приход од продажба). Овој кружен процес ги поврзува влезот и излезот на организацијата како што е прикажано на сликата.

    Влез и излез од бизнисот

    Влез и излез од бизнисот

    Ова е многу важен процес кој повлекува уште многу други процеси и активности кои се изведуваат во бизнисот. Ова е основната шема на интерактвност на Вашиот бизнис со околината. Токму оваа интерактивност бара постојани промени затоа што околината постојано се менува.

    Без разлика дали се работи за производствен, услужен, малопродажен или пак големопродажен бизнис оваа е основен закон на работење.

    На пример, во производствен бизнис влегуваат суровини кои преку производствениот процес се трансформираат во готови производи (излез) кои се продаваат и се зимаат пари кои повторно претставуваат влез вои бизнисот.

    За услужен бизнис како влез може да биде некое знаење кое се трансформира во вид на услуга за која се земаат пари кои влегуваат во бизнисот.

    За малопродажба влез се готови производи набавени од големопродажба кои се изложуваат во малопродажен објект и се продаваат на купувачите кои плаќаат пари кои влегуваат во бизнисот за повтроно да се набави продаденото.

    За големопродажба е исто како малопродажба со таа разлика што купувачите се малопродажни бизниси.

    Од друга страна бизнисите се составени од повеќе елементи кои може да бидат физички (технолошка опрема, згради, компјутери итн), структурни елементи (сектори, оддели, групи итн.), луѓе, функции (производство, одржување, монтажа, продажба, маркетинг итн.) кои сите заедно претставуваат една целина, бизнис систем (организациски систем). Barbara Senior и Jocelyne Fleming во нивната книга Organizational Change, 3rd Edition организацијата ја претставуваат како состав на два потсистеми како на сликата:

    Формален и неформален потсистем на бизнисот

    Формален и неформален потсистем на бизнисот

    Во формален потсистем влегуваат менаџмент, стратегија, цели, структура, работни задачи и технологија, додека во неформален неформален потсистем спаѓаат култура, политика и лидерство.

    Значи влезовите влегуваат во бизнисот минуваат низ два постистема и се трансформират во излезот. Содржината на овие потсистеми зависи од фазата во која се наоѓа бизнисот во животниот циклус. Доколку бизнисот е солопретприемач (и вработен и газда и менаџер) во формалниот систем нема да има структура или менаџмент, додека во неформалниот потсистем лидерство. Но едно е важно, овие два потсистеми се меѓусобно поврзани на одреден начин во одредени сегменти на процесот на трансформација на влезот во излезот.

    За да се свати функционирањето на бизнисот, а со тоа и да се овомзожи зголемување на ефективноста и ефикасноста на бизнисот мора да се примени системско размислување, односно бизнисот да се гледа низ перспектива на целиот систем.

    post

    Структура – Дали да се прифати?

    Структура - да се прифати или не?

    Структура - да се прифати или не?

    Дали да се прифати или да се спротивставува на структурата?

    Едно многу контрадикторно прашање, всушност прашањето е ОК, но одговорите кои доколку би ги побарале би биле контрадикторни.

    Можете да дојдете до два вида на одговори:

    • Структурата, системите, процедурите креираат бирократија и негативни последици за креативноста и претприемничкиот дух на една компанија.
    • Структурата, системите, процедурите креираат ред и дисциплина и притоа овозможуваат работите да бидат завршени.

    Контрадикторноста доаѓа поради фактот што и двата одговори се точни. Во неколку постови на претприемач во изминативе 2 години пишував за едно мое лично искуство во бирократска организација и негативните последици од таа бирократија креирана преку структури, системи, процедури…

    Но, пишував и дека за успешноста во сите полиња на работење на бизнисот е потребно да градите системи кои ќе го поддржат развојот на бизнисот, а притоа ќе Ви ја олеснат Вашата работа како претприемач.

    Сепак, она што е најважно е дека одговорноста е кај Вас – претприемачот. Вие сте одговорни за градење на тие системи и структури. Па затоа и вие сте одговорни за тоа да ги направите да функционираат како што треба, без да ја уништат креативноста во бизнисот.

    Па како да се постигне тој баланс помеѓу структурата и системите без да се изгуби на креативноста и ефикасноста и ефективноста.

    Првин, реба да бидете свесни дека системите и структурата служат за да обезбедат пофокусирана креативност. Што значи пофокусирана креативност?

    Да се биде фокусирано креативен значи да не се троши креативноста на неважни работи во бизнисот, туку да се насочи на вистинските елементи кои носат долгорочна успешност. А сите останати некруцијални бизнис елементи, структурата и системите ќе ги завршат по еден вообичаен администраторски пат без да биде потребна ни трунка од креативноста.

    Фокусирана креативност е да се насочите на:

    • иновација – производот и/или услугата кои креираат вредност за Вашиот бизнис, и
    • маркетинг – да го прикажете и донесете производот и/или услугата до купувачот.

    Тоа е суштината на еден успешен бизнис.

    post

    Менаџмент – Најдоброто на претприемач во 2010

    Менаџмент - Најдоброто за 2010

    Менаџмент - Најдоброто за 2010

    Пета тема од серијалот најдоброто на претприемач за 2010 година претставува менаџмент – нешто без што не може нормално да функционира ниеден бизнис. Ова значи дека мора да имате минимум еден вработен кој ќе го менаџирате заради остварување на воспоставени бизнис цели.

    И доколку не сте во моментов менаџер туку претприемач – solopreneur не значи дека нема да станете менаџер. Сепак ќе дојде време да вработите соработници за Вашиот бизнис.

    Како најдобри наслови за 2010 година ги избравме следниве:

    1. Зголемена нагласеност на казни – ниско ниво на доверба! Во постот е дадна теоретска дискусија за довербата како и едно искуство во кое недостатокот на доверба преку казни доведува до лоши резултати.
    2. Една Менаџерска Задача – Инсталирање на Доверба. Инсталирање на доверба во еден организациски систем како што претставува бизнисот претставува императив за секој менаџер, кој од друга страна ќе го воведе во категорија на успешни менаџери.
    3. Станав Менаџер и Сега Што? Добар работник не значи и автоматски добар менаџер. Различни се потребните вештини и секако активности за менаџерска и неменаџерска функција.
    4. 28 Фактори кои предизвикуват отпор кон организациски промени. Ова всушност е напишано порано, но оваа година го реобјавив со некои ситни дополнувања. Но, сепак во постот се наоѓаат 28 фактори кои предизвикуваат отпор кон промените и кои ги добив на научна основа преку спроведено истражување во Република Македонија.
    5. Тимска работа и тимска ефективност. Во постот е даден преглед на академска литература и се дискутира улогата на модерниот менаџер во денешната комплексна и конкурентна бизнис средина во областите на мотивирање, организирање и како крајна цел, водење на тим.
    6. Дилема на еден претприемач: Обука за вработени. Логично и нормално е да се инвестира во вработени кои би требало да го развиваат бизнисот преку нивните секојдневни активности. Но, дилемата се појавува поради фактот што постои „опасност“ тие вработени утре да си заминат.
    7. Задржување на најдобрите без промоција во менаџери. Често поставувано прашање е како да се задржат најдобрите вработени притоа да не мора да се промовираат во менаџери.
    8. 10 Начини да ги Задржите Најдобрите Вработени. Вработените претставуваат срце на бизнисот. Можете да имате добри, но исто така и лоши вработени. Но, опасноста е што добрите вработени може да ве напуштат. Во постот се дадени 10 начини како да ги задржите најдобрите вработени.