post

Бизнис Цели – Обврзување за Остварување

Колку пати сте си поставиле некоја цел во својата глава која сакате да ја постигнете, а не сте ја постигнале?

Бизнис целите постојат за да се постигнуваат, а не да се постават и да не се постигнат за да по некое време и се заборават. Но, како да се зголеми ефикасноста во постигнување на лични и бизнис цели на еден претприемач? Одговорот е со обврзување за постигнување на тие цели.

Бизнис цели - постигнување

Постигнување на бизнис цели!

Што претставува цел?

Целта едноставно претставува нешто што треба да се оствари во определен временски интервал во иднина.

За тоа како да се поставуваат цели кои се однесуваат за бизнисот може да прочитате повеќе во Претприемничко фокусирање кон долгорочни цели. Од тука можете да забележите дека целта е составенa од:

  • Нешто што треба да се постигне. На пример зголемување на продажба.
  • Временски период во кој треба да се постигне тоа нешто. На пример, во наредната година.
  • Мерлив индикатор за постигнување на тоа нешто. На пример, за 20%.

Од примерот целта ќе биде: Зголемување на продажбата за 20% во наредната година.

За еден процес за остварување на целите можете да прочитате и во Цели за 2010 – Како да ги остварите.

Обврзување на исполнување на целта

Најважното нешто за исполнување на поставените цели претставува обврзување кон исполнување на тие цели од страна на еден претприемач. Замислете цел на еден претприемач на која самиот тој не се обврзува да ја оствари. Има ли тоа логика? Мислам дека нема во секој случај.

Дали доколку самиот претприемач не се обврзе на таа цел ќе се обврзат на остварување на истата неговите вработени? Не верувам дека вработените ќе се обврзат на остварување.

Затоа ќе презентирам 5 чекори кои Вие како претприемач ќе треба да ги спроведете за да се обврзете кон остварување на таа цел:

1. Проверете дали целта е остварлива

Најголемиот непријател на остварување на целите претставува поставување на нереални бизнис цели. На пример, доколку поставите цел зголемување на продажба од 500% иако растот на индустријата е 10% секако дека 500% ќе бидат нереални.

На ваков начин кога ќе забележите дека таа цел не може да се оствари едноставно ќе ја тргнете на страна. Но, доколку поставите цел наместо 500% на 15% тогаш целта ќе биде многу пореална и секако ќе претставува императив за Вас и Вашиот бизнис да ја постигнете со што ќе бидете надпросечни во Вашата индустрија.

2. Користете специфични реченици во целта

Замислете ја целта од нашиот пример погоре: Зголемување на продажбата во иднина. За колку треба да се зголеми продажбата и во кој период треба да се постигне тоа зголемување? Ова е навистина неодредена и збунувачка цел. Ако не знаеме што треба да постигнеме и кога треба да постигнеме нема ни да се трудиме да го постигнеме.

3. Напишете ја на хартија

Научно е докажано дека доколку нешто ставиме на хартија обврзување кон тоа нешто е многу поголемо. Во книгата Influence – The Psychology of Persuasion Д-р Robert Cialdini дава пример уште од Кореанската војна во која Кинезите во логорите каде што ги држеле заробени американските војници барале заробениците изјавите дека комунизмот е подобар од американскиот систем да ги пишуваат на хартија. На таков начин долго време тие војници биле обврзани на таа сопствена изјава иако во суштина не верувале во истата. Едноставно тоа е како да одат против самите себеси.

Затоа доколку целите се напишани на хартија ќе бидат многу пообврзувачки одошто целите кои остануваат само во главата.

4. Определете ги активностите за остварување

Познавање на активностите кои ќе треба да се спроведат за остварување на целите однапред само ќе го зголеми нивото на обврзување кон поставената цел. Затоа, откако ќе ја имате целта на хартија, во подточки наведете ги активностите.

5. Доделете ги активностите на одговорните за спроведување

На крај секако за секоја активност доделете одговорен за спроведување на активноста.

Доколку ги следите овие чекори во поставување и остварување на Вашите бизнис цели веројатноста за остварување на целта ќе биде на високо ниво. Со среќа!

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] и Вие и Вашиот бизнис? Доколку сакате да ги постигнете целите кои произлегуваат од овие прашања ќе мора да бидете […]

  2. […] Размисли добро за целите кои сакаш да ги постигнеш […]

  3. […] е сигурно дека ако поставиме високи цели и се обврземе кон нив сигурно ќе ги […]

  4. […] 2011 година . Маркетинг планот треба да ги следи тие бизнис цели за […]

  5. […] елементи кои мораат да се управуваат за да се исполнат целите на претприемачот опфатени со бизнис планот. Затоа е потребно да се знае […]

  6. […] партнесртво заради остварување на поединечна цел и заради тоа влегува во групата на краткорочни […]

  7. […] Затоа и се започнува од основите – воспоставените бизнис цели. Што треба бизнисот да постигне во периодот за кој се […]

  8. […] се целите кои се поставени пред бизнисот за периодот за кој ќе […]

Speak Your Mind

*