Категоријата маркетинг има околу 250 постови од кои 60-тина според нашата евиденција се од годинава. Може да се има бизнис идеја врз основа на која ќе се направи бизнис план и ќе се започне бизнисот. Но, без да дознаат за бизнисот и за производот или услугата, односно проблемот кој тој бизнис го решава оној кој треба да купува, не може да се очекува успешноста на бизнисот. Тоа е целта на маркетингот.
Овој пост е дел од серијалот најдоброто на претприемач за 2011 година.
Да ги извлечеме најдобрите во оваа категорија за 2011 година.
- 5 прашања за ефикасни реклами. Ефикасна реклама е нешто што ќе поттикне купување кај постоечки купувачи и ќе донесе нови купувачи за Вашиот бизнис. Во постот се опфатени 5 прашања на кои ќе треба да дадете одговор за да дизајнирате поефикасни реклами за Вашиот бизнис.
- Како до повеќе купувачи? Прашањето кое секој претприемач си го поставува. Ајде да се обидеме да го одговориме или да помогнеме во одговарањето.
- 4 знаци дека потрошувачите мислат вие сте број еден. Постојат повеќе знаци кои ти како еден претприемач ги следиш, но кои се оние кои ќе ти ја покажат лојалноста на потрошувачите кон твојот бизнис.
- 40 маркетинг совети кои мора да ги имплементирате? Разгледајте ги овие совети во однос на вашиот маркетинг и започнете со имплементација.
- План за промоција преку одговор на 40 прашања. Одговори ги прашањата и веќе ќе имаш рамка за твојот план за промоција.
- 100 маркетинг активности кои треба да ги спроведувате. На едно место групирани се 100 маркетинг активности кои треба да бидат спроведувани од страна на вашиот бизнис.
- Маркетинг пред започнување. Понекогаш е доцна да се започне со маркетинг откако ќе се започне бизнисот. Од друга страна овие активности може да ви помогнат да го подобрите бизнисот уште пред истиот да биде започнат.
- Бизнисот и видео камери. Видео камери, камери на мобилни телефони и она што е околу нас а може да сними нешто од бизнисот треба да се искористи како некое маркетинг средство за бизнисот.
- 22 Прашања за конкуренција. Анализа на конкуренцијата и чекорите кои таа ги спроведува е значајно за вашиот бизнис. Во постот се дадени 22 прашања за конкуренција на кои постојано ќе мора да барате одговор.
- Анкета за лојалност на купувачите. Постот претставува еден водич со мапа за спроведување на анализа на лојалноста на купувачите преку анкети.
- Конверзија на купувачи – чек листа. Овој пост претставува едноставна чек листа која ќе ве води низ процесот на конвертирање во купувачи.
- Видео: 3 Состојки на вирозност. Во оваа видео се презентирани трите најважни состојки кои ќе мора да ги инсталираш во твојата кампања за да обезбедиш поголема веројатност на вирозност на истата.
- 26 Начини твојата понуда да биде неодолива. Твојот, па и сите бизнис функционираат врз основа на понуда. Имаш понуда која се разгледува од потенцијалниот купувач пред да донесе одлука за купување. За да го зголемиш успехот на твојата понуда потребно е истата да биде колку што може повеќе неодолива.
- Слушање како нова бизнис функција. Дали ги слушате вашите потрошувачи? Дали ги слушате вашите потенцијални потрошувачи? Полека но сигурно слушањето прераснува во една од најзначајните бизнис функции.
- Твоите маркетинг пораки треба да ги дадат овие одговори. Ако успееш во овие напори, ќе успееш како претприемач и твојот бизнис ќе биде на вистинскиот пат.
- Повик за акција – 7 работи кои можеш да ги подобриш. Една од клучните компоненти на неодолива понуда е твојот повик за акција, бидејќи воопшто не постои потреба од некоја понуда што не поттикнува некоја акција.
- Не што тие велат дека сакаат или што ти мислиш дека сакаат. Честопати она што мислиме дека го сакаме и она што навистина сакаме е сосема различно. Но, и она што бизнисите мислат дека сакаме е различно од она што ние навистина сакаме. Во постот се дадено препораки кои можете да ги искористите за бреинстормирање на различни потреби на твоите сегашни или потенцијални потрошувачи колку што може повеќе.
- Како да изградиш силни односи со твојата заедница. Освен градење и одржување на твојата заедница мора да градиш и подобри односи со таа твоја заедница. Мора да комуницираш со неа. Мора да направиш да ти бидат партнери. Ти треба нивната помош доколку сакаш да го раснеш твојот бизнис.
- Како да се диференцираш себеси. Во постот е презентиран еден можен процес кој ти како еден претприемач можеш да го користиш за да се диференцираш себеси и твојот бизнис.
- Како да ја комуницираш вредноста? Секој бизнис нуди одреден вид на вредност за потрошувачите. Но, за да успее мора да ја комуницира таа вредност со потрошувачите или потенцијалните потрошувачи.
- Како да ја анализираш конкуренцијата? Кои се тие? Што прават? Кои се импликациите врз твојот бизнис од она што тие го прават? Што треба да направиш?
- Како да го користиш Gmail како CRM алатка? Ова е едно упатство во кој се прикажани некои идеи како Gmail да се користи како една CRM алатка за мал бизнис.
- Користење на Gmail и Evernote како CRM алатка. Како едно надополнување во однос на користење само на Gmail со помош на Evernote ќе можеш да ги следиш и сите други маркетинг активности поедноставно, да додадеш едноставно било што друго поврзано со нив и секако да имаш едноставен и брз пристап до информациите.




Speak Your Mind