post

Како да се диференцираш себеси?

Дали се разликуваш од твоите конкуренти?

Дали правиш нешто што никој друг не го прави?

Дали си најдобар во правење на она што го правиш?

Мора да се диференцираш себеси во однос на твоите конкуренти. Мора да правиш нешто што никој друг не го прави. Мора да бидеш најдобар во нешто.

Ова не се однесува само на твоите производи или услуги. Една грешка од страна на претприемачите која е забележлива е што тие сметаат дека нивните производи или услуги мора да бидат различни како еден и единствен елемент кој ќе ги разликува од остатокот од светот.

Ти можеш да се диференцираш себеси од конкурентите и тоа ќе биде твојата конкурентска предност. Твојот начин на комуникација со твојата заедница исто така може да те диференцира и да биде вреднувано од твоите купувачи.

Затоа мора да размислуваш и за тоа. Започни со прашањето: Што е она најважното што потрошувачите го вреднуваат во мене и мојот бизнис најмногу?

Да поминеме низ еден можен процес кој ти како еден претприемач можеш да го користиш за да се диференцираш себеси и твојот бизнис.

#1 Кои се твоите главни конкуренти?

Може да започнеш со конкурентите и твоето тековно знаење за нив. Едноставно направи листа со 5 главни конкуренти за твојот бизнис.

#2 Прашај ги твоите потрошувачи за конкурентите

Може да ги прашаш твоите потрошувачи за тоа кои компании ги разгледувале пред да го изберат твојот бизнис. Разговорот може да продолжи и за тоа зошто ве избрале токму вас, наместо таа конкуренција која ја разгледувале.

Понекогаш може и да не ги знаеш вистинските разлики кои ти и твојот бизнис ги имате. Понекогаш (а и многу често) она што ти мислиш дека е она во што ти се разликуваш не значи дека и потрошувачите го мислат истотот.

#3 Прашај ја заедницата за конкурентите

Веќе ги имаш информациите од твоите потрошувачи, зошто да не се обидеш и со пошироката заедница за да најдеш дополнителни информации за твоите конкуренти.

Може да ги прашаш снабдувачите. Може да ги прашаш колегите или пшак другите партнери за тоа кого тие гледаат како главен конкурент за твојот бизнис.

#4 Прашај го Google

Зошто да не ја прашаш најголемата база на податоци во светот? Започни со зборови кои го опишуваат твојот бизнис, твојата индустрија или твојот пазар. Или едноставно користи зборови за кои мислиш дека твојот пазар би ги користел кога бара за проблеми кои твојот бизнис ги решава.

Проучи ги страните кои ќе бидат прикажани од пребарувачите и процени дали тие навистина се твоите конкуренти.

#5 Изведи подлабоко истражување

Сега кога имаш повеќе од еден извор на информации ќе може да направиш листа на компании кандидати за твоите топ конкуренти.

Започни со нивна анализа еден по еден. Прегледај ги нивните веб сајтови, нивното присуство на социјални медиуми, нивната физичка локација…

Врз основа на оваа истражување ќе можеш да ги определиш петте најголеми конкуренти за твојот бизнис. Ќе знаеш што тие прават, како го прават тоа, кои се нивни силни страни, кои се нивни слабости, што нудат, што не нудат, што е добро, а што лошо во нивните понуди…

#6 Што е со твојот бизнис?

Бидејќи ги знаеш најважните конкуренти, ќе можеш да си ги поставиш истите прашања за твојот бизнис.

  • Кои се твоите силни страни?
  • Кои се твоите слабости?
  • Каква е твојата понуда?
  • Што е она што не го нудиш?
  • Што е добро, а што лошо во твојата понуда?

#7 Направи листа на твоите тековни и потенцијални разлики

Сега знаеш доволно за тебе и за твоите конкуренти. Ги знаеш разликите на кои се насочуваат конкурентите и знаеш во што ти се разликуваш. Исто така знаеш и кои разлики кои ги поседува конкуренцијата сакаш и ти да ги поседуваш.

Така, сега може да направиш посебни листи за оние разлики кои сега ги поседуваш и посебна листа со потенцијални или идни разлики кои сакаш да ги поседуваш.

#8 Направи изјава за диференцијација

Може ли да напишеш во една изјава како твојот бизнис е различен? Не размислувај за конкуренцијата, напиши ги твоите диференцијации кои твојот бизнис ги поседува, а твоите конкуренти не ги поседуваат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*