post

Маркетинг пред започнување

Маркетинг пред започнување

Маркетинг пред започнување

Маркетинг постои и треба да постои уште пред започнување на бизнисот и уште пред завршување со развој на производот и/или услугата.

Многу често слушам прашања од страна на потенцијални претприемачи дали треба и како треба да имплементираат маркетинг активности уште пред започнување на бизнисот. Кога би се рагледувал животниот циклус на бизнисите ќе стане јасно дека стартапот не претставува првата фаза. Нешто за овој дел опфативме и во претходниот наслов: 10 Задачи за пред започнување на бизнисот. Многу задачи и активности како и маркетинг активности треба да бидат опфатени уште пред да се отвори вратата на бизнисот.

За успешно лансирање на производот и/или услугата и за успешно започнување на бизнисот многу е важно да спроведете соодветен пристап во поглед на маркетинг функцијата иако бизнисот уште не постои или пак производот и/или услугата сеуште не се развиени. Вие имате идеја на која што работите. Но, таа идеја сеуште не е бизнис можност која ќе биде прифатена од пазарот. Затоа вашата цел е бизнис идејата да ја преточите во вистинска бизнис можност.

Подолу се дадени 5 најважни елементи од маркетинг функцијата кои ќе треба да ги имплементирате уште пред започнување на бизнисот.

1. Развој на потрошувачи

Што значи развој на потрошувачи, или подобро како да ги развиете вашите идни потрошувачи?

Многу е полесно на веќе постоечки пазар да се зборува за развој на потрошувачи, но ние тука се обидуваме да превземеме нешто за иднината – да развиеме потрошувачи за сеуште непостоечки бизнис или непостоечки производ и/или услуга.

Кога станува збор за развој на потрошувачи ќе треба да одговорите на следниве прашања:

  • Кои се тие?
  • Кои се нивните потреби?
  • Каква е нивната желба за задоволување на тие потреби?
  • Можеме ли да ги задоволиме нивните потреби во целост?
  • Каде се наоѓаат тие?
  • Како се однесуваат тие?
  • Како да им пристапиме?

Со помош на одговорна овие прашања ќе имате една слика за оние потрошувачи кои би требало да го купуваат вашиот нов производ и/или услуга.

2. Вмрежување

Како да го оствариме тој првичен контакт со тие идни потрошувачи? Ние сеуште немаме производ и/или услуга, за што ќе зборуваме?

Бидејќи веќе знаете кои се тие, какви потреби имаат, како се однесуваат, каде се наоѓаат и како да им пристапите, сега вашата цел е да им пристапите и да ги трансформирате во една движечка сила за вашиот бизнис.

Вмрежувањето може да биде онлајн (преку социјални медиуми – Twitter, Facebook, Linkedin…) како и офлајн преку состаноци, дружби, конференции, семинари, саеми…

Во оваа фаза вие едноставно се запознавате со вашите потенцијални потрошувачи, подлабоко навлегувате во нивните потреби, желби, проблеми, идеи, размислувања…

3. Собирање на информации од потрошувачи

Какви информации ми се потребни? Што да правам со истите?

Безполезно е вмрежувањето доколку од тоа не извлечете информации и уште во оваа фаза од бизнисот не ги примените за подобрување на вашата идеја, вашиот иден бизнис, вашиот производ и/или услуга.

Во текот на тие контакти вие можете да ги разберете вистинските проблеми и потреби на потенцијалните купувачи и да ги искористите тие информации во процесот на дизајнирање на производот и/или услугата.

4. Постави датум на лансирање на производот

Кога ќе започнам? Што треба да првам од објавување на датумот на започнување до вистинско започнување?

Со поставување на датум на лансирање, со објаснување на сите придобивки кои ќе ги добијат тие потрошувачи и сите карактеристики како и се она што е имплементирано преку информации од претходната фаза целта е да започнете о процесот на кревање на врева за таа случка.

Целта е да бидете дознаени и да поттикнете чувство на желба и ургентност за вашите производи и/или услуги кај сите тие потенцијални потрошувачи.

5. Тестирај ги прототиповите

Сигурно веќе ги имате првите прототипови на производи и/или услуги и можете да започнете со тестирање со некои потенцијални потрошувачи.

Иако го имате прототипот ништо не гарантира успех на истиот. Иако поминавте низ претходните 4 фази сепак не постои гаранција дека тоа е тоа. Зошто да не ги искористите вашите нови пријатели од вмрежувањето и да го тестирате завршно вашиот прототип.

На ваков начин можете да дојдете до исклучителни информации за последно подобрување на производот и/или услугата со цел обезбедување на успешно лансирање на истиот.

Секако не заборавајте да побарате препораки од сите задоволни тестери кои ќе ги користите во почетните маркетинг средства.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*