post

5 Прашања за поефикасни реклами

Ефективни реклами - 5 прашања

Ефективни реклами - 5 прашања

Ефикасно рекламирање претставува комбинација на наука и уметност. Денес, наједноставно е да поставите реклама на различен онлјан или офлајн медиум. Како и да е, многу покомплицирано е таа реклма да биде ефикасна. Ефикасна реклама е нешто што ќе поттикне купување кај постоечки купувачи и ќе донесе нови купувачи за Вашиот бизнис.

Во овој пост ќе опфатиме 5 прашања на кои ќе треба да дадете одговор за да дизајнирате поефикасни реклами за Вашиот бизнис.

1. Која е твојата целна аудиенција?

Пред да започнеш со дизајнирање на рекламата, мора да го знаеш целниот пазар на твојот бизнис. Мора дa знаеш каде се тие потенцијални купувачи. Мора да знаеш што сакаат, а што не сакаат да видат. Мора да знаеш во каква мисловна рамка се наоѓаат во моментот на прикажување на твојата реклама.

2. Која е твојата понуда?

Ефикасноста на твојата реклама во најголем дел ќе зависи од квалитетот на твојата понуда вклучен во таа реклама. Насловот на рекламата мора да содржи некаков вид на понуда. Размисли за тоа што твојата целна аудиенција сака да види како понуда. Што ќе сакаат за да продолжат да читаат понатаму?

Неодолива понуда е нешто што никој нема да го одбие. Затоа, направи една подлабинска анализа на понудите на твоите конкуренти. Најди ги нивните предности и недостатоци. Што е она што е подобро кај нивната понуда во однос на твојата? Кој е најважниот елемент во нивната понуда? Што тие се обидуваат да постигнат со нивната понуда?

3. Каков ќе биде твојот повик за акција?

Повик за акција е едно од најважните елементи на секое маркетинг средство кое има огромно влијание на успешноста целата маркетинг кампања. Што сакате вашата целна аудиенција да направи откако ќе ја види вашата реклама? Со јасен повик за акција ќе ја зголемите ефикасноста на Вашата реклама.

4. Каков е фидбекот од тестирањето?

Тестирањето е нешто што е многу корисно кога сакате да ја зголемите ефикасноста на вашите реклами. Различни наслови со различен текст и повик за акција ќе доведат до различни резултати за вашиот бизнис.

Затоа, морате да започнете со неколку реклами со различни понуди и повици за акција за да откриете што доведува до најголем одговор.

5. Што мора да модифицирате за да ја зголемите ефикасноста на рекламите?

Ова е делот кој значи подобрување за вашите реклами. По одговарање на 4-те прашања, сега знаете што е функционално, а што не. Се што функционира добро и доведува до силен одговор од страна на купувачите можете да го проширите. На ваков начин влегувате во еден процес на континуирано подобрување на вашите реклами.

Идејата зад овие прашања и одговори е да ја зголемите севкупната ефикасност и ефективност на адвертајзингот во вашиот бизнис. Ова е процес кој изгледа како наоѓање на најдобрите изведувачи и нивно поттикнување со континуирано подобрување, истовремено отстранувајќи ги сите лоши изведувачи кои не даваат резултати.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*