post

Анкета за лојалност на купувачите

Пред некој ден расчистувајќи по компјутерите налетав на овој MindMap кој се однесува на подготовка на анкета заради анализа на лојалноста на купувачите. За да не се изгуби повторно, одлучив да го објавам во овој пост.

Оваа анализа е корисно да се спроведува на одреден временски период како за да се соберат информации за тековните купувачи, така и за да се пробуди свеста преку потсетување на купувачите, но и за можна ресегментација на листата на купувачи.

Анализа на локајност на купувачи

Анализа на локајност на купувачи

 

Кои се твоите цели?

  • Што сакаш да научиш од твоите купувачи?
  • Сакаш ли да научиш нешто за твоите производи или услуги кои ги нудиш? Од овие анализи многу корисни информации може да се стекнат за конкретни производи и/или услуги кои може да се вклучат во идниот развој на нов производ.
  • Што е со нивното искуство со твојата компанија? Секој купувач креира одредено милење за вашата компанија по искуството што го имал. Овие информации се многу важен извор за можни промени и подобрувања.
  • Можеби сакаш да научиш повеќе за демографските карактеристики за твоите тековни купувачи? Овие информации секогаш ќе ви бидат потребни.
  • Што е со информациите за сегментација на твојата листа заради праќање на персонализирани понуди и вредности? Не е секој купувач за да прими иста понуда. Секој од нив има различни потреби, проблеми или желби на кои твоите понуди ќе треба да се персонализираат.
  • Можеби целта е едноставно да ги потсетиш дека постоиш. Оваа е одлична сратегија која преку испраќање на анкета врши потсетување на купувачите.

Алатки?

  • Алатки за дизајн на анкетата. Мора да одлучите кои алатки ќе ги користите. Дали тоа ќе биде Google Docs или пак Survey Monkey или пак некоја рета алтернатива. Внимавајте само повратните информации да бидат складирани во соодветна форма за да не изгубите денови со нивно средување.
  • Испраќање. Доколку имате систем за водење на база на потрошувачи тогаш веројатно имате и опција за испраќање на email. Но, можеби ќе користите испраќање преку пошта, или пак едноставно еден по еден ќе ги испраќате преку email. На вас е да видите со што располгате и да одлучите.
  • Алатки за анализа. И секако ќе бидат потребни и алатки за анализа. На пример, Google Docs ги складира во табела која може да се симне и да се продолжи со анализа во MS Excel или пак во самиот Google Docs да ја изведете потребната анализа. Или пак имате специјализиран софтвер за статистички анализи во кој ќе ги анализирате податоците. Уште пред да започнете со спроведување на анкетата размислете за формата н податоците и можните алатки за нивна анализа.

План

  • Наведи ги целите.
  • Наведи ги алатките.
  • Подготви ја структурата на анакетата. Секогаш обидувај се да ја направиш колку што може пократка анетата, а во исто време едноставна или разбирлива. Мора да напоменеш и за што и како ќе се користат добиените податоци.
  • Определи го распоредот за испраќање.
  • Планирај го менаџирањето на целиот процес. Кој ќе биде одговорен за што? Кога ќе се спроведе анкетата и анализата? Како ќе се спроведе анкетата и анализата?
  • Планирај го мерењето на резултатите. Првин мора да знеш кои ќе бидат мерните индикатори кои ќе се следат и анализираат, а потоа што ќе се случи доколку анализата покаже дека има потреба од некои промени.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*