post

Како да ја анализираш конкуренцијата?

Конкуренција

Конкуренција

Дали знаеш што твоите главни конкуренти прават на пазарот?

Како одговараш на нивните акции?

Дали имаш стратешки имплементиран процес кој ќе те води низ соодветно истражување и одговор на конкурентските чекори?

Конкуренцијата за еден претприемач секогаш ќе биде реалност која не може да се избегне. Тие се тука, околу тебе и твојот бизнис. И може да имаат влијание на твоите севкупни бизнис активности.

Доколку сакаш да успееш, ти како еден претприемач секогаш мора со едното око да гледаш во твојата конкуренција. Секогаш мора да ги користиш информациите од твоите истражувања за да ги донесеш вистинските одлуки за идните чекори на твојот бизнис.

Кои се тие? Што прават? Кои се импликациите врз твојот бизнис од она што тие го прават? Што треба да направиш?

Овие прашања секогаш ќе те следат и тебе и твојот бизнис. Затоа мора постојано да ја анализираш конкуренцијата како сегашна така и идната, потенцијална конкуренција.

Да видиме 9 начини кои можеш да ги искористиш за оваа цел, кои секако не се конечни.

#1 Започни со Google

Добра стартна позиција на твоето истражување е Google, најголемата онлајн база на податоци. Побарај со различни зборови кои го опишуваат твојот бизнис, твојот пазар и твојата индустрија. Особено внимание посвети на зборовите кои најверојатно потенцијалниот купувач би ги користел кога бара решение за проблем кој твојот бизнис го нуди.

#2 Не заборавај ги социјалните медиуми

Следното место каде што може да продолжиш со твоето истражување претставуваат социјалните медиуми. Погледни преку Twitter Search и Facebook и пронајди ги профилите на компаниите твоите конкуренти (доколку имаат). Можеш да пронајдеш многу информации, трендови, идеи… Сега, тука е и Google+ (патем, можете да го следите Претприемач на Google+) кој има или ќе има огромен потенцијал за да дојдеш до различни информации кои ќе те интересираат.

#3 Прашај го твојот продажен тим

Твојот продажен тим е во секојдневен контакт со твоите потрошувачи. Тие може да знаат што твоите купувачи мислат за твоите најголеми конкуренти. Зошто да не ги искористиш тие информации?

#4 Прашај ги твоите купувачи

Твоите купувачи се најдобриот извор на информации кога станува збор за твојата конкуренција. Зошто да не ги прашаш што мислат за твојата конкуренција. И зошто те избрале тебе намсето нив?

#5 Спроведи анкета

Анкетите се постојано добар извор на информации кога станува збор за истражување на пазарот и конкуренцијата.

#6 Снабдувачите може да бидат одличен извор на информации

Твоите снабдувачи може да бидат и снабдувачи на твоите конкуренти. Зошто да не се обидеш да извлечеш некои информации за твоите конкуренти (кои ги имаат во изобилство) од нив?

#7 Разгледај ги нивните понуди

Нивните понуди се место каде тие ги опишуваат вредностите кои тие ги нудат на пазарот. Тие се неверојатен извор на информации за тебе.

#8 Поставувај прашања за нив и за нивните акции

Поставувај прашања за нив и нивните акции и чекори кои ги преземаат. Поставувај многу прашања, и обиди се да ги најдеш одговорите.

#9 5 Зошто

На секоја информација или на секое прашање кое ти како еден претприемач даваш одговор за твојата конкуренција користи го 5 Зошто принципот.O 5 Зошто значи дека ќе мора да се прашаш себеси 5 пати зошто за се кога станува збор за конкуренцијата. Ова е нешто што ќе те води во едно подлабоко истражување на твојата конкуренција.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*