
Маркетинг - Најдоброто во 2010
Четвртата тема од серијалот најдоброто на претприемач за 2010 година е маркетинг. Маркетингот е најзастапената тема на претприемач во изминативе две години со 213 постови межу кои и серијалот од 100 маркетинг средства кој сакав да го завршам оваа година но, реално не успеав.
Маркетингот е тема која доминира заради тоа што претставува една од најважните ако не и најважна функција на еден бизнис. И оваа година би се потсетил на цитатот на Peter Drucker:
Маркетинг и иновација се единствените бизнис функции кои генерираат приход и креираат бизнис. Се останато е трошок.
Листата на најдобрите постови од категорија маркетинг за 2010 година на претприемач се следниве:
- Подобар Маркетинг План – 5 Прашања и една табела. Во овој пост ќе прочитате како преку одговор на 5 прашања и креирање на една табела ќе можете да изработите маркетинг план за Вашиот бизнис.
- 10 Чекори за Подобро Разбирање на Потребите на Потрошувачите. Во постот ќе прочитате за 10 чекори кои можат да ве водат низ процесот преку кој подобро ќе ги разберете Вашите потрошувачи.
- Што Можеме Да Научиме од Amazon за Бизнис? Овој пост ги извлекува принципите, методите и техниките, како и креативноста на оваа компанија кои се користат кај успешните офлајн бизниси во градење на нивната онлајн империја.
- RFM Формула за Сегментација на Потрошувачи. Овој пост се однесува на една техника наречена RFM формула за сегментација на потрошувачите.
- Како До Најмоќното Маркетинг Средство? Во постот се дадени 4 начини за тоа како да постигнете вирозен ефект во Вашите маркетинг кампањи.
- Демографија VS Активности на потрошувачите. Секој од потрошувачите во истата група има исти или слични карактеристики, додека еден потрошувач од една група и друг потрошувач од друга група имаат различни карактеристики. Во постот ќе прочитате за комбинација на демографијата и активностите за соодветна сегментација на потрошувачи.
- Интересна дефиниција за Маркетинг Успех. Преку една дефиниција за маркетинг успех се разгледани сите активности кои ќетреба да ги направите за да го постигнете тој успех.
- Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи. Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи претставува една квалитетна алатка во процесот на менаџирање на потрошувачи и секако соодветна алокација на ресурси кон оние вистинските потрошувачи.
- Успешна маркетинг кампања во 10 чекори. Во постот се дадени 10 чекори како да подготвите и спроведете успешна маркетинг кампања за Вашиот бизнис.
- Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата? Постојат 4 чекори за да успеете да бидете подобри од Вашите конкуренти. Три се однесуваат на собирање на знаење додека четвртиот на примена на тоа знаење во подобрување на Вашите бизнис процеси.