post

Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата?

Еден чекор пред конкуренцијата

Еден чекор пред конкуренцијата

Секој претприемач сака неговиот бизнис да биде еден чекор пред конкуренцијата. Оваа цел може да ја подобри севкупната позиција на пазарот на бизнисот и ќе доведе константен раст на истиот.

Како дел од Маркетинг совети за 2010 на претприемач еден од советите беше: Биди еден чекор поблиску до твоите потрошувачи и еден чекор пред конкуренцијата. Во овој пост ќе се обидам да ги презентирам најважните елементи кои може да ви помогнат да бидете еден чекор пред конкуренцијата.

Ова е комбинација на знаење за најважните бизнис елементи како конкуренцијата, потрошувачи, и производи и/или услуги кое ќе обезбеди вашиот бизнис секогаш да биде пред конкуренцијата. По собирање на доволно знаење на овие три елементи, вашата задача како претприемач е да ги подобрите сите овие бизнис процеси согласно тоа знаење.

Познавај ја конкуренцијата

Вие сакате да бидете пред конкуренцијата во секој бизнис аспект и затоа мора да знаете што Вашата конкуренција прави за даопстои на пазарот. Мора да ги одговорите следниве прашања во однос на конкуренцијата:

  • Кои се најзначајните конкуренти?
  • Кои се нивните производи и/или услуги?
  • Кои се корисности а кои се карактеристиките кои ги нудат со тие производи и/или услуги?
  • Каде ги наоѓаат нивните потрошувачи?
  • Кои се нивните најважни купувачи?
  • Како Вашите конкуренти ги поттикнуваат купувачите да купуваат?
  • Колку наплаќаат за нивните производи и/или услуги?
  • Каде ги рекламираат нивните производи и/или услуги?
  • Како ги рекламираат нивните производи и/или услуги?
  • Како регрутираат свежи кадри за нивниот бизнис?

Размислете за имплементација на систем со кој ќе имате мониторинг на тие конкуренти и ќе собирате одговори за овие прашања.

Познавај ги потрошувачите

Вашиот бизнис и вашата конкуренција конкурираат за исти потрошувачи. Бизнисот што ќе победи во оваа борба ќе има поголемо учество на пазарот.

Одговорете на следниве прашања:

  • Кои се вашите идеални потрошувачи?
  • Колку се тие спремни да платат за Вашиот производ и/или услуга?
  • Што тие сакаат во облик на корисности?
  • Каде се лоцирани во поголемиот дел од нивното време?
  • Какви се нивните купувачки навики?

Доколку ги познавате Вашите потрошувачи ќе знаете како тие одлучуваат кога купуваат и кога избираат помеѓу Вашиот бизнис и конкуренцијата.

Повеќе за запознавање на потрошувачите можете да прочитате во следниве постови на претприемач:

Познавај ги твоите производи и/или услуги

Производите и/или услугите кои вашиот бизнис ги нуди на пазарот се нешто што вашите идеални потрошувачи ќе го купуваат. Тие се предмет на битката на пазарот. Доколку сакате да бидете еден чекор пред конкуренцијата вашиот бизнис ќе мора да понуди подобри производи и/или услуги.

Одговорете на следниве прашања:

  • Дали вашите производи и/или услуги се компатибилни со вашиот идеален купувач?
  • Дали трошоците плус маржата се помали или еднакви на она што идеалните купувачи сакаат да го платат?
  • Дали вашите производи и/или услуги им го даваат она што тие го сакаат во форма на корисност?
  • Која е главната разлика помеѓу вашите производи и/или услуги и оние на вашите конкуренти?

Подобрувај

Активноста која никогаш не завршува е подобрување согласно стекнатото знаење за конкуренцијата, потрошувачите и производите и/или услугите. Ова е силата која ќе го помрдне вашиот бизнис еден или повеќе чекори пред конкуренцијата. Сепак од Вас зависи.

  • Подобрете го знаењето за вашите конкуренти и користете го за да ги подобрите вашите бизнис активности. Започнете да го правите истото она што тие го прават, само на подобар начин.
  • Подобрете го вашето знаење за вашите идеални потрошувачи и вашиот целен пазар. Задоволете ги нивните потреби.
  • Подобрете ги вашите производи и/или услуги да бидат подобри од конкуренцијата и подобро да ги задоволуваат потребите на вашите идеални потрошувачи.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Четврток, 16.09.2010 – Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата? […]

  2. […] Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата? Постојат 4 чекори за да успеете да бидете подобри од Вашите конкуренти. Три се однесуваат на собирање на знаење додека четвртиот на примена на тоа знаење во подобрување на Вашите бизнис процеси. […]

Speak Your Mind

*