post

Кратенки може да бидат опасни за твојот бизнис, понекогаш

Кратенки во бизнис Дали си претприемач кој секогаш сака да си најде кратенки при донесување на одлуки за бизнис?

Кратенките можат да бидат многу корисни за претприемачите и нивните компании. Тие ја прават продуктивноста да биде на повисоко ниво и го скратуваат времето во работата.

Сепак, дури и ако тие понекогаш се корисни, мора да знаеш дека постојат два различни вида на кратенки:

  • Првите се кратенките кои ќе те доведат до исполнување на целта. Тоа се кратенки кои се корисни за тебе и за твојот бизнис во целина. Тие тебе и твојот бизнис ве прават попродуктивни. Тие допринесуваат во дополнителното време да се сконцентрираш на други важни активности за твојата компанија.
  • Сепак, постои и втор тип на кратенки кои не те доведуваат до целната линија. Тие не ги даваат очекуваните резултати дури и да го скратат твоето работно време. Од друга страна, бидејќи тие не ги направиле достигнувањата на вашите деловни цели, не можеш да ги ставиш во категорија на нешто со што се зголемува твојата продуктивност. Да се биде продуктивен не е доволен само квантитетот, туку и квалитетот.

Многу пати, во обид да се намали нашето време за да бидеме попродуктивни ја ризикуваме вредноста која треба да биде постигната и испорачана кон крајниот купувач или потенцијален купувач.

Да речеме дека продуктивноста е вредност што треба да се подели со нашето потрошено време за произведувавање на таа вредност

Продуктивноста = Вредност / Време

Сега, ајде да речеме дека ти е потребна вредност од 10 и за да се постигне тоа треба да се потрошат три часа од твоето време.  Продуктивноста ќе биде 3,33.

Ако најдеш  кратенка која може да ти донесе иста вредност, но ќе треба да се потрошат само два часа за да се заврши работата за таа вредност,продуктивноста ќе биде 5. Ова е добра кратенка, и веќе можеш да ја направиш стандардизирана за иднина на твоите бизнис активности.

Сепак, што ако кратенката не обезбеди иста вредност, што честопати е случај? Да речеме дека на кратенката ќе ја скратиш вредноста за 50%. Сега продуктивноста ќе биде 2,5.

Понекогаш некои кратенки можат да ја зголемат нашата продуктивност дури и со помала вредност. На пример, ако вредноста е 9 за кратенка што ќе бара само два часа од твоето време, тогаш продуктивноста ќе биде 4,5 што сепак е поголема од твојата почетна позиција од 3,33. Сепак, прашањето сега е за вредноста. Дали вредноста 9 ќе биде доволна за да го обезбедиш успехот во твојот бизнис? Ако е ДА, тогаш ќе можеш да ја стандардизираш оваа кратенка.

Некои деловни активности ќе бараат повеќе работа за да се спроведат, но на крајот резултатите ќе бидат многу важни за успехот на твојот бизнис. Со кратенки во такви важни активности го ризикуваш квалитетот на работата што може директно да влијае врз успехот на твојот бизнис.

Грешките со кратенки може да бидат фатални за претприемачот и неговиот бизнис. Понекогаш времето кое тие го поминуваат на нивните кратенки може да биде навистина безвредно потрошено време.

Сега, што мислиш за кратенките? Дали тие секогаш ја зголемуваат продуктивноста во твојот бизнис?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*