post

Интернет маркетинг – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата интернет маркетинг на претприемач има вкупно 112 наслови од кои на оваа година отпаѓаат 52 постови. Денес и не може да се замисли бизнис без да се гради присутноста на интернетот. Иако малку ја запоставивме оваа категорија бројката од над 50 наслови ја зголемува предизвикот за блогирање за бизнис во 30 денови.

Да ги издвоиме најдобрите од оваа година во категорија интернет маркетинг.

  1. Подобрете ја вашата email кампања во 2011. E-mail маркетинг претставува основа за бизнисите преку која можат да поттикнат комуникација со потенцијалните потрошувачи, да ја зголемат препознатливоста на брендот, да ги едуцираат потенцијалните потрошувачи, да соработува со потенцијални потрошувачи… Во постот се презентирани 7 елементи кои може и треба да се подобруваат постојано.
  2. 11 чекори за маркетинг со содржина. Содржината е основата кога станува збор за настап на интернет на еден бизнис. Во постот се презентирани 11 чекори кои треба да ги преземете.
  3. Зголемување на конверзија – Интернет маркетинг. Една од целите на следење на сите активности во однос на интернет маркетинг претставува зголемување на конверзијата.
  4. Google + и можното влијание врз бизниситеGoogle + e статистички најбрзо растечка социјална мрежа, која пак од друга страна има или пак ќе има огромно влијание на рангирање на вашиот веб сајт. Иако сеуште платформата не е подготвена за бизниси сепак добро е да започнеш како физичко лице да ја градиш присутноста и едноставно да ги учиш правилата на игра.
  5. Блогирање за бизнис е-книга. Овој пост е опис на она што е опфатено во е-книгата блогирање за бизнис која сите регистрирани за билтени ја добиваат бесплатно.
  6. Предизвик за блогирање за бизнис во 30 денови.  Овој пост ги групира серијата на постови кои одеа секојдневно како предизвик за блогирање за бизнис.
  7. SEO оптимизација за пребарувачи: 5 најчести грешки. Во постот потенцирани се 5 грешки, кои спаѓаат во групата на ненамерни или несвесни грешки кои што може и во најголем број на случаи се прават.
  8. Зошто онлајн успех води до офлајн успех? Можеби постои мислење дека еден бизнис кој целосно е фокусиран на офлајн продажба нема потреба од онлајн присуство. Но, сето тоа не е точно. А, во постот е опишано и зошто.
post

Биди најден и конвертирај повеќе со целни страни

Едно од почесто поставуваните прашања е како бизнисот да биде најден во една прашума од страни на интернетот од колку што може повеќе потенцијални потрошувачи и во исто време кога веќе ќе стигнат до страната да се конвертираат (да ја преземат акцијата која претприемачот ја сака) повеќе.

Затоа и вториот вебинар на премиум претприемач е од темата на интернет маркетингот: Како да бидеш најден и да конвертираш повеќе преку твоите целни (landing) страни? Кое сигурно си го поставуваш доста често доколку градиш присутност на интернет (а кој бизнис не гради).

Во овој вебинар станува збор за следниве прашања:

  • Што се тоа целни страни? Основата е да се знае точно што претставуваат целни страни. Постојат различни видувања кои се ограничувачки, но постојат и видувања кои се со многу пошироки видици. Целта е еден претприемач да го прошири сопствениот видик кога станува збор за целни страни.
  • Кои се трите фактори од кои зависи конверзијата? Многу е важно да постои двојна конверзија. Зошто? Потребна ти е конверзија на самата кампања (PPC реклама, банер, пребарување…) за да се стигне до таа целна страна. Поголема конверзија тука, повеќе посетители до страната, каде самата страна треба да ја преземе конверзијата во однос на преземање на акција од страна на посетителот (купувањље, нарачка, контакт, email листа…). Затоа во вебинарот навлегуваме во основните три фактори или како што уште се нарекуваат “троножец” на конверзија.
  • Примери од локално и глобално ниво во однос на целните страни и трите фактори на конверзија? Во минатите неколку месеци собиравме различни примери на кампањи (повеќето од локално ниво) и целни страни до кои водат тие кампањи кои во самиот вебинар ги анализираме и забележуваме што е добро, а што лошо.
  • Процес на креирање на целни страни. На крајот секако прикажан е еден процес на креирање на целни страни кој е најоптимален за најмалку можни грешки.
  • Акции кои треба да ги превземете. И секако и овој вебинар како и секој останат е проследен со акции кои ќе треба да ги преземете.

Пристап до еден вебинар на премиум претприемач е 500 денари, а со пристап до вебинарот имате и пристап до транскрипт на истиот, самата презентација и акциона листа.

Вебинарот трае еден час и 22 минути, а можеш и да го погледнеш воведниот дел на истиот во видеото подолу:

Уште еднаш линкот до вебинарот насловен како: Како да бидеш најден и да конвертираш повеќе преку твоите целни страни?

post

Зошто онлајн успех води до офлајн успех?

Онлајн стратегија Понекогаш постои страв дека онлајн активности не влијаат на офлајн подобрувања на бизнис функциите. Некои претприемачи сметаат дека постои јасна и недвосмислена граница меѓу офлајн и онлајн активности на еден мал бизнис и дека за некои бизниси не можат да се применуваат онлајн стратегии за да се успее целосно во офлајн светот на бизнисот.

Можеби постои мислење дека еден бизнис кој целосно е фокусиран на офлајн продажба нема потреба од онлајн присуство.

Но, сето тоа не е точно. А, еве и зошто.

#1 Се повеќе луѓе имаат интернет и го користат секојдневно

Дали се присутни заради комуникација, забава, информација, проширување на знаењето или било што друго, факт е дека луѓето поминуваат се повеќе време и се почесто се наоѓаат закачени на интернетот. Дали директо преку PC или пак лаптоп или пак во движење со мобилен телефон, тие се таму. Тие се присутни, комуницираат, споделуваат, се забавуваат, слушаат, гледаат, бараат, се информираат…

Каде ти и твојот бизнис се наоѓате во тој свет? Дали твоите летоци се присутни и достапни на овој се поголем и поголем сегмент? Дали твоите радио реклами или брошури се таму?

#2 Онлајн дава нов приод на комуникацијата

Знам дека имаш телефон и го користиш за повикување на потенцијални купувачи, примање на нарачки од тековни купувачи, обележување на некои денови како честитки за роденден или празници со тековните купувачи…

Знам дека користиш и состаноци, ручеци, вечери, кафиња… Сето тоа е твојата секојдневна комуникација со пазарот.

Но, може ли и нешто поинаку. Што е со видео презентација, коментар на блог пост, Google Hangout, Skype, социјални медиуми… Треба ли да ги избегнуваш. Доколку и мал дел од твоите потенцијални купувачи се онлајн, мора да ги користиш и новите онлајн техники на комуникација. Тие му даваат еден сосема нов приод на твојата секојдневна комуникација со пазарот.

#3 Поедноставена препорака

Твојот бизнис во голем дел зависи од препораки кои може да бидат од уста на уста, преку споделување на пишан материјал, преку раскажување за твојата радио реклама или ТВ реклама…

Но, што е полесно, прераскажување на ТВ реклама и чекање кога ќе биде (што воопшто не е така) или еден клик на YouTube видео реклама или презентација на твојот бизнис. Брзината со која препораките се одвиваат онлајн не може да се мери со брзината на препораките офлајн.

#4 Онлајн те поттикнува да излезеш од зимскиот сон

Да, токму така. Се чини дека се наоѓаш во зимски сон со твоите офлајн активности. Но, онлајн мора да бидеш жив, мора твојот бренд да биде жив. Се бара постојата комуникација, постојано споделување, постојана едукација… Нешто што те одржува буден постојано, а со тоа и твојот бренд.

#5 Луѓето се повеќе бараат производи и услуги онлајн

Првин ги интересира решение за проблемот за кое сакаат да се едуцираат. Потоа бараат понуди, споредуваат цени, карактеристики, бенефиции… Потоа проучуваат и анализираат брендови, кредибилитет, репутација, доверба.. А, потоа одлучуваат каде ќе купат.

Дали ти си присутен во овие фази од донесување на одлука на потенцијалниот купувач?

post

Бизнис блог – ден 30: Следи, анализирај, бреинстормирај, пишувај…

Бизнис блог за 30 дена Ќе го завршиме овој предизвик со триесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот ден од предизвикот се однесуваше на споделување на социјални медиуми кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој триесети ден.

Ден 30: Следи, анализирај, бреинстормирај, пишувај

Досега имаш завршено голема работа доколку редовно стигна до овој последен ден од предизвикот. Имаш стотина блог постови, добро осмислени и оптимизирани и подесени за објавување во нареден период. Но, процесот не застанува тука. Блогирање за бизнис е активен процес кој никогаш не треба да заврши, бидејќи ако застанеш на оваа ниво за брзо време ќе дојде денот кога повторно твојот бизнис блог ќе застане (ќе нема што да објави).

Затоа мора постојано да размислуваш за насловот од овој ден од предизвикот за бизнис блог.

Ова последниот ден од овој предизвик кој всушност ќе претставува и почеток на следниот циклус на ваков предизвик. Следете ја аналитиката, особено во однос на она што е почитано. И обидете се сите тие анализи да ги искористите за бреинстормирање на нови идеи за наслови и еден нов циклус за вашиот блог.

  • Следи се што се случува во однос на твојот бизнис блог. Поставувај прашања, поставувај многу прашања. Секогаш нека следи уште едно прашање: Зошто?
  • Следи што се случува во индустријата. Мора да бидеш информиран и полн со знаење.
  • Анализирај ги податоците од аналитиката, од индустријата, од внатрешноста и од надворешноста на твојот бизнис. Сето ова ќе ти даде една слика за понатамошните насоки кои ќе треба да ги користиш.
  • Идеи за блог постови се насекаде околу тебе како во внатрешноста така и во надворешноста на твојот бизнис. Постојано обидувај се во се да гледаш како можност да напишеш нешто за твојот блог.
  • Не запирај во пишување. Бизнисите денес имаат уште една функција, а тоа е издавачката функција.
post

Бизнис блог – Ден 29: Споделувај на социјални медиуми

Како да станеш претприемач Продолжуваме со дваесетидеветиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот ден од предизвикот се однесуваше на SEO елементи, распоредување и објавување кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетидевети ден.

Ден 29: Споделувај на социјални медиуми

Овој ден е нешто што ќе се изведува континуирано. Но, проблемот не е во објавување или споделување, туку дали твојата аудиенција е онаму каде што си ти присутен или пак мислиш да бидеш присутен. Можеби најважното нешто што би требало да го направите денес е да одговорите на следниве прашања:

  • Каде да споделувате.
  • Што да споделувате.
  • Кога да споделувате.
  • Како да споделувате.

Ова е ден кој ќе трае повеќе од еден ден бидејќи се однесува на време кога постот ќе биде жив онлајн. Доколку имате бизнис страни на социјални медиуми споделете го објавениот пост за тој ден.

  • Направи една анализа за тоа каде може да биде твојата аудиенција (потенцијални купувачи или лица кои ќе имаат интерес за твојата работа).
  • Направи стратегија која ќе одговори на прашањата каде, што, кога и како.
  • Направи план кој ќе ги прецизира активностите, времето на извршување и одговорностите.
  • Започни со спроведување.

Следува: Бизнис блог – Ден 30: Следи, анализирај, бреинстормирај и пишувај

post

Бизнис блог – Ден 28: Внеси SEO елементи, објави и распореди

SEO елементи Ова е дваесетиосмиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот ден од предизвикот се однесуваше на вметнување на слики кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетиосми ден.

Ден 28: Внеси SEO елементи, објави и распореди

Овој ден за секој пост внесете ги оние SEO елементи како наслов, опис и клучни зборови. Клучни зборови и не се важни и можете слободно да не ги внесувате бидејќи за најголемите пребарувачи (Bing и Google) воопшто немаат некакво влијание.

Ова го правите или преку самата тема која ја користите или преку некој додаток како All in One SEO (побарајте на Google и ќе го најдете). Откако ќе завршите можете да одите со фазата на објавување на првиот и распоредување за објавување за наредните. Ова ќе значи дека вашиот блог ќе биде жив во наредниот период барем 6-12 месеци доколку сте подготвиле толку постови колку што опфативме од овој предизвик.

  • Внимавај на насловот (Title Tag) кој ќе го внесеш да го содржи клучниот збор.
  • Внеси опис (елементот кој се покажува на страната со резулатите на пребарувачите). Внимавај да не биде преголемо и да содржи клучен збор.
  • Внимавај кога станува збор за насловот и описот и користењето на клучните зборови да биде усогласено со самиот текст. Ти можеби мислиш дека одреден клучен збор е примарен збор во твојот текст, но пребарувачите може да мислат поинаку. Така за постигнување на најдобри резултати потребна е соодветна усогласеност на овие елементи.
  • Објави го првиотпост кој ти е согласно Уредувачки календар (Editorial Calendar) од денот 23 од овој предизик за блогирање за бизнис.
  • Останатите распореди ги за објавување согласно уредувачкиот клендар.

Следува: Бизнис блог – Ден 29: Споделувај на социјални медиуми

post

Бизнис блог – ден 27: Вметни слики

Бизнис 101: идеи Продолжуваме со дваесетиседмиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот ден од предизвикот се однесуваа на надворешно линкување на постовите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетиседми ден.

Ден 27: Вметни слики

Досега главните крупни работи за постовите се завршени. Тие се напишани и поставени се линкови кон внатрешноста така и кон надворешноста од вашиот бизнис блог. Денес вашата задача е да внесете одреден визуелен ефект на секој од постовите. Можеби веќе имате внесено на некои постови слики доколку сте пишувале за некој ваш производ или услуга, но сигурно има останато и некои кои се само текстуални без никаква слика да биде содржана во нив.

За овој ден обидете се да најдете соодветни слики и истите да ги вметнете во соодветните постови. Потребно е да внимавате кои слики ќе ставите и од каде ќе ги превземете доколку не користите ваши сопствени слики. При трансферот на овој предизвик во е-книга ќе обрнеме посебно внимание на неколку различни извори на слики како и авторските права за истите, односно дали и како можете да ги користите.

Во секој случај ако едни активности за овој ден би можеле да бидат:

  • Разгледај ги постовите ои останаа без слики.
  • Размисли за тоа каква слика би одговарала.
  • Провери дали имш таква слика кај тебе. Доколку имаш внеси ја во постот.
  • Доколку немаш побарај на сервисите за слики, но внимавај на авторските права и начинот на користење на тие слики.
  • Не заборавај насловот (името) на сликата да биде описно (намесото 123456.jpg во tvoja-tema.jpg).
  • Не заборавај на alt елементот на сликата кој кажува на пребарувачите за што се однесува таа слика.

Следува: Бизнис блог – Ден 28: Внеси SEO елементи, објави и распореди

post

Бизнис блог – ден 26: Надворешно линкување

Бизнис 101: Маркетинг Ќе продолжиме со дваесетишестиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходните, три дена од предизвикот се однесуваа на внатрешно линкување во постовите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетитрети до дваесетишести ден.

Ден 26: Надворешно линкување

Претходните 3 дена беа распоредени за да додавање на линкови кон некоја друга страна на твојот сајт или блог во секој од подготвените постови. Денес е истата задача, со тоа што линковите ќе бидат кон некој надворешен извор.

Освен внарешни линкови добро е во одредени постови да имате и линкови кон некој надворешен сајт доколку содржината бара такво нешто. Овој ден проверете ги сите постови и каде треба да додате линк до сајт на некој ваш купувач, некој ваш снабдувач или пак до некој трет сајт кој претставува субјект во вашиот пост.

  • Размисли за можни надворешни линкови. Тоа може да бидат вести од индустријата, статистика, сајт на ваши купувачи, некој интересен блог…
  • Разгледај ги сите подготвени постови и размисли каде би можел да ставиш некој надворешен линк.
  • Поставете ги линковите во постовите кои сте ги избрале.

Следува: Бизнис блог – Ден 27: Вметни слики

post

Бизнис блог – Ден 23-25: Интерно линкување

Претприемништво: Дали си вистинската личност? Ќе продолжиме со дваесетитретиот до дваесетипетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, дваесетивтори ден од предизвикот се однесуваше на подготовка на уредувачки календар кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетитрети до дваесетипети ден.

Ден 23-25: Интерно линкување

Сега кога го имате редоследот и датумите на објавување потребно е да направите внатрешно линкување меѓу постовите.

Овие три дена ќе треба да ги разгледате ги сите постови преку календарот и размислете во кој пост што да линкувате. Внимавајте линкувањето да биде од понови постови кон постари за да не се случи да поставите линк во некој пост до пост кој сеуште не е објавен. Освен тоа размислете и каде ќе поставите линк до некој ваш производ или понуда (но, не претерувајте со ова, не мора секој пост да содржи линкови до вашите производи). Ова е многу значајно како за добивање на соодветен тек на вашите блог постови преку актуелизација на постарите во поновите како и за SEO. Обезбете барем 2-3 линкови во еден пост.

  • Започнете од првиот кој ќе се објавува одејќи кон оние кои ќе се објавуваат во иднина.
  • Внимавај да не поставиш линк до пост кој согласно календарот сеуште нема да биде објавен.
  • Внимавај на текстот кој ќе претставува линк до друг пост (anchor text) тој има важна улога.
  • Може да поставиш и линк до производ или услуга доколку текстот се однесува на нешто што твој производ или услуга го обезбедува.
  • Обезбеди барем по 2-3 линкови до внатрешни локации во секој пост. Ова ќе зависи од големината на самиот пост во кој ќе ставаш линкови. Повеќе постови, повеќе линкови. Некои анализи покажуваат дека бројката треба да биде од еден линк на од 100 до 150 зборови.

Следува: Бизнис блог – Ден 26: Надворешно линкување

post

Бизнис блог – Ден 22: Уредувачки календар (Editorial Calendar)

Бизнис блог за 30 дена Да продолжиме со дваесетивториот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, дваесетипрви ден од предизвикот се однесуваше на ставање на сервер на постовите преку платформа за блогирање кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетивтори ден.

Ден 22: Уредувачки календар (Editorial Calendar)

Досега ги имате напишано постовите и ги поставивте како драфт на сервер. Иако можеби сте размислувале за редоследот, сепак целта е преку овој предизвик да имате покриеност барем за една година, а во меѓувреме нормално со нови идеи (кои ќе ги имате) да надополнувате.

Но, со она што во моментов го имате би било добро да размислите за еден логичен редослед на објавување. Освен тој редослед мора да размислите и за приоритетот на објавување (некој пост е поважен од друг). Од друга страна ќе се појави пореба некои понови постови да се повикуваат на претходно објавени, што исто така треба да го имате во предвид при реорганизација на овие постови.

За да си ја олесните работата во организација на време на објавување како и редоследот на објавување добро е да имате еден уредувачки календар. Една алатка која може да ви помогне е додатокот Editorial Calendar кој би требало да го инсталирате и во еден поглед во вид на календар ќе можете со едноставно влечење на насловите да ги подредите во најдобар редослед за објавување.

  • Определете го приоритетот на постовите. Некои ќе бидат промотивни за одреден период во година. Некои ќе бидат важни заради содржината на информациите. Сето тоа мора да го означите со соодветен приоритет за објавување.
  • Размислете и одлучете за логичен распоред на објавување. Гледајте ги насловите како една голема функционална целина. Што треба да биде прво, а што потоа?
  • Инсталирајте го додатокот Editorial Calendar и врз основа н претходните две точки подредете ги постовите.

Следува: Бизнис блог – ден 23: Интерно линкување