post

Дали онлајн стратегија претставува бизнис стратегија?

Живееме во време на интернетот, каде информациите не се заштитени само за одредена група на луѓе. Од друга страна се е поприсутна двонасочната комуникација во секојдневниот живот на просечен граѓанин кој е поврзан на некаков начин на глобалната мрежа. Сето ова остава голема трага и на бизнисите и на претприемачите. Дури и да има некои кои не го почувствувале оваа влијание набргу ќе го почувствуваат. Се почесто слушам зборови порано беше вака, во старите добри времиња…

Бизнис стратегија и онлајн стратегија

Онлајн стратегија и бизнис стратегија

Но, тоа порано или тие стари добри времиња денес се минато и доколку се навраќаме на нив само може да ни наштетат. Потребно е брзо погледите да се насочат колку што може подлабоко во иднината.

Пред некое време добив e-mail од Аmazon за да направам пред нарачка за книга која сеуште ни тие не ја добиле. Насловот ми се допадна затоа што го содржеше токму она што го ставив во насловот на овој пост во вид на прашање: Marketing in the Age of Google: Your Online Strategy IS Your Business Strategy (Маркетинг во ера на Google: Вашата онлајн стратегија e Ваша бизнис стратегија). И секако додека ја очекувам книгата да ми пристигне ми налетаа неколку прашања во главата.

  • Дали бизнис стратегија може да се поистоветува со онлајн стратегија?
  • Дали навистина онлајн стратегија во иднина ќе биде и единствена бизнис стратегија?
  • Дали бизнисот мора да продава преку интернет за да има онлајн стратегија?
  • Дали онлајн стратегија ќе опфаќа само продажна и маркетинг онлајн стратегија за бизнисот?

Ќе се обидам накратко да го дадам моето размислување за одговори на овие прашања.

Дали бизнис стратегија може да се поистоветува со онлајн стратегија?

Бидејќи стратегијата е средство за исполнување на бизнис цели која е составена од тактики и активности кои треба да се спроведат може да се каже слободно дека онлајн стратегијата може да се поистоветува со бизнис стратегија. Се повеќе луѓето, па и бизнисите бараат информации на интернет, купуваат преку интернет, комуницираат преку интернет, се спријателуваат преку интернет, споделуваат преку интернет… Затоа и се повеќе бизнис релациите ќе се селат од кафеани на интернетот, па од тука и потребата онлајн стратегијата да биде дел од бизнис стратегијата.

Дали навистина онлајн стратегија во иднина ќе биде и единствена бизнис стратегија?

Во поразвиените земји ова е веќе реалност, а неможам да кажам дека нема да биде реалност и кај нас. Многу бизниси целосно своите операции ќе ги префрлат на интернетот, дел од бизнисите ќе префрлат само дел во вид на продажба и маркетинг, некои само ќе бидат присутни минорно, но оние кои воопшто нема да бидат присутни мислам дека ќе го започнат процесот на умирање од животните циклуси на бизнисите. Можностите се огромни, не само во продажба и маркетинг туку и во се останато, штета е да не се искористат.

Дали бизнисот мора да продава преку интернет за да има онлајн стратегија?

Не. Едноставен, но сигурен одговор. Во никој случај продажбата не е и не треба да биде поврзана со присутноста на глобалната мрежа. За да бидете најдени едноставно треба да бидете присутен таму каде што некој бара нешто што вие можете да му го понудите. На кој начин ќе ве исконтактира, на кој начин ќе комуницирате и на кој начин ќе се договорите останува на Вас како еден претприемач, а можностите и слободата за креативноста се огромни.

Дали онлајн стратегија ќе опфаќа само продажна и маркетинг онлајн стратегија за бизнисот?

И тука одговорот кој мислам дека е точен е НЕ. Маркетинг и продажба претставуваат срце на бизнисот, но за да функционираат онака како што треба потребни се многу други елементи како истражување и развој, анализи, идеи, подобрувања… За сето ова постои можност да се користи интернетот. На пример, однесувањето на купувачите можете да го предвидите преку интернетот, потребите на потенцијалните купувачи и нивните проблеми исто така можете да ги откриете преку интернетот. Можете да развивате нешто со колегакој е во некоја трета земја без никаков проблем.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Дали онлајн стратегија претставува бизнис стратегија? — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Дали онлајн стратегија претставува бизнис стратегија? http://ow.ly/17hC2Y […]

  2. […] дадов некои видувања за тоа околу поистоветување на онлајн стратегијата со бизнис стратегијата. Мислам дека за да не се направи грешка со испуштање на […]

  3. […] пати тука на претприемач ја нагласувам потребата за онлајн стратегија и присуство на глобалниот интернет простор на еден […]

  4. […] повеќе работа и ангажман. Се надевам дека веќе имате онлјн стратегија за Вашиот бизнис во кој е или ќе биде опфатен блогот […]

  5. […] многу бенефиции за блогот да биде дел од Вашата онлајн стратегија, но тука во однос на еден SEO процес би претставил две […]

  6. […] Значи целта со оваа истражување и анализа е да дојдеме до клучни зборови во согласност со нашата онлајн стратегија. […]

  7. […] како дел од тактиките на Вашата онлајн стратегија ќе ја имате и тактиката за сопствен форум. Тоа значи […]

  8. […] Онлајн стратегија станува една од најважните бизнис стратегии за еден бизнис. Секое подобрување претставува севкупно бизнис подобрување. […]

  9. […] стратегија е една од најважните бизнис стратегии. Во голем дел успешноста на еден бизнис ќе зависи на […]

  10. […] Веќе многу бизнис стратеги во голем дел се базираат на онлајн стратегија. Размислете добро за целта на онлајн присутноста на […]

Speak Your Mind

*