post

5 Грешки при градење на тим кои можете да ги направите, a треба да ги избегнете

Ќе имате потреба од вашиот тим доколку сакате да го поставите вашиот бизнис да се движи во вистинската насока која води до невиден успех. Тоа е факт. Но, како прво, ќе треба да избегнете неколку чести грешки при градење на тим кои можете да ги направите.

градење на тим

Како прва задача кога зборуваме за тим кој победува, тимска ефикасност и ефективност, тимска успешност или било што друго поврзано со тимот на вашиот бизнис е да изградите ваш сопствен тим на кој ќе се потпира вашиот бизнис. Колку вашиот тим е подобар, подобри резултати можете да очекувате од тимската работа во вашиот бизнис. Затоа и прашањето кое се „мотка” низ главата скоро на сите претприемачи е како можат да изградат вистински тим за нивниот мал бизнис.

Секој претприемач ќе треба да ги знае следните грешки при градење на тим кои ќе треба да ги избегне кога го гради најефективниот тим за неговиот мал бизнис бидејќи избегнување на овие грешки ќе значи дека ќе успеете да наметнете многу подобри работни услови во тимот и ќе поентирате преку многу подобри резултати од тимската работа.

  1. Грешка при градење на тим #1: Не успевате да ги донесете најсоодветните членови на тимот за специфичен проблем. Често пати имам слушано од различни претприемачи како се жалат на членовите на нивниот тим. Но, моето прво прашање кое секогаш го поставувам е: Кој е најодговорниот за доведување на тие луѓе на кои се жалите во вашиот бизнис? По поставување на прашањето не може да се слушне ништо, една голема тишина. Да, вие сте најодговорниот за да составите тим со најсоодветни членови во него. Знаете ли какво знаење, вештини и искуство барате во нив?
  2. Грешка при градење на тим #2: Не поставувате SMART цели пред вашиот тим. Втората грешка која често пати ја гледам е кога претприемачите не поставуваат SMART цели. SMART цели се цели кои се специфични, лесно мерливи, остварливи, реални и временски ограничени. Членовите на вашиот тим имаат потреба токму од такви цели за да успеат да ги реализираат вашите очекувања. Доколку работите на градење на тим за вашиот бизнис и не поставите SMART цели, вашите напори за градење на успешен тим нема да ви ги обезбедат резултатите кои сакате да ги остварите.
  3. Грешка при градење на тим #3: Членовите на вашиот тим не се подготвени да работат заедно за решавање на специфичен проблем. Следна забележителна грешка која ја наоѓам во повеќе случаи е кога претприемачите едноставно поставуваат различни луѓе да работат во тим, но тие не се спремни да работат заедно. Ова се случува особено во рганизациите каде личните односи не се баш на највисоко можно ниво. Бидејќи вие сте претприемач, и одговорноста за градење на тимот и остварувањата на тимот е кај вас, ќе мора добро да размислите за овој вид на препреки секогаш кога градите тим.
  4. Грешка при градење на тим #4: Градите тим кој треба да реши погрешен проблем. Решавање на погрешни проблеми е нешто што не додава вредност во вашиот бизнис. Една грешка која често пати ја забележувам е кога тимот се фокусира на сосема погрешни и неважни проблеми. Прашањето е дали навистина ви треба еден таков тим? Да земеме еден стартап како пример. Започнувате со активности на градење на тим, но проблемот кој сакате да го решавате за вашите купувачи не е сосема јасен. На таков начин, ризикувате да изгубите пари и време градејќи тим кој ќе решава погрешен проблем гледано од перспектива на купувачите. Мора да бидете многу повнимателен кога градите тим за решавање на специфичен проблем.
  5. Грешка при градење на тим #5: Не обезбедувате на членовите на тимот специфични водичи и прирачници за нивната работа. Понекогаш претприемачите мислат бидејќи тие знаат што треба да направат и сите останати знаат што треба да направат. Но, во повеќето случаи оваа не е точно. Членовите на вашиот тим очекуваат специфични водичи и прирачници за работата кои ќе им помогнат да ги остварат вашите очекувања. Помогнете, за да ви помогнат. Кога работите на градење на тим, во исто време размислувајте за специфични водичи и прирачници кои ќе им ги обезбедите на членовите на вашиот тим. Мора да го поддржите вашиот тим доколку сакате супер резултати.

Сигурно постојат уште многу грешки кога станува збор за градење на ефикасен и ефективен тим, но сметам дека овие 5 грешки се нешто најчесто што се случува кај претприемачите и менаџерите во многу мали бизниси.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*