Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Идеи кои можете да ги искористите од Јуни 2013

Големи податоци – Револуција која ќе трасформира како живееме, работиме и размислуваме
Големи податоци – Револуција која ќе трасформира како живееме, работиме и размислуваме од Viktor Mayer-Schönberger и Kenneth CukierВо оваа одлична книга, авторите даваат еден аутлајн на најкорисните алатки и чекори, но наместо преку научен и теоретски јазик користат збир на успешни приказни во однос на овој нов феномен кога станува збор за користење и дејствување на база на големи податоци.
Книгата може да ви помогне во промена на тоа како во моментов го гледате светот. Со еден сосема нов поглед на светот од ваша страна како еден претприемач, ќе бидете свесни дека се околу вас може да биде важно и корисно доколку се собира и поврзува со податоците кои веќе ги поседувате во вашиот бизнис. Авторите велат:
Да се гледа светот како информации, како океан на податоци кои можат да бидат истражени во уште поголема ширина и длабочина, ни нуди перспектива за реалноста која ја немавме порано.

6 Совети за да ги најдете најдобрите одговори на вашите прашања
Ќе имате еден тон прашања за вашите купувачи, конкуренција, технологија, човечки ресурси, правни аспекти на вашата компанија и многу други важни подрачја за вас и вашиот мал бизнис.

7 Начини драматично да ја подобрите вашата кариера

Вашата уникатност е основа за успех
~ Dan Miller
48 Days to the Work You Love

Иновација преку поставување на прашања
Извор: Innovation Excellence
Прашања кои се однесуваат на важни аспекти на еден бизнис и нивниот одговор се основа за иновација кај малите бизниси. Во овој одличен текст се дадени три клучни подрачја во кои вие како еден претприемач ќе треба да поставувате прашања и да барате одговори кои ќе ги користите како основа за иновирање во однос на вредноста, процесите и технологијата во вашиот мал бизнис.
- Поставување на прашања на купувачите. Да поставувате прашања на вашите купувачи претставува фидбек за се онаа што вие како еден бизнис го работите. Не само што ќе дојдете до квалитетни идеи за иновација, туку ќе дојдете и до квалитетни информации и знаење за најпроблематичните процеси во вашиот бизнис кои лесно може да станат предмет на подобрување.
- Поставување на прашања за конкурентите. Следното подрачје каде прашањата може да водат до квалитетна иновација е конкуренцијата. Уште во 2011 година дизајнирав 22 основни прашања кои постојано ќе треба да си ги поставувате во однос на вашите клучни конкуренти. Истите прашања лесно ќе се надоградат со повеќе подпрашања, само треба да започнете. Инаку, што прават вашите конкуренти, како го прават, која е нивната вредност и многу слични прашања како и одговорите ќе ве поттикнат да преземете нешто и вие во вашиот бизнис.
- Поставување на прашања за заедницата. Заедницата која постои околу еден бизнис е поширока и опфаќа повеќе ентитети освен тековни купувачи и конкуренти. Тука се вработени, потенцијални вработени, поддржувачи, критичари, потенцијални купувачи, потенцијални конкуренти, снабдувачи, потенцијални снабдувачи… Сите овие ентитети кои ја сочинуваат заедницата на еден бизнис имаат потенцијал да поттикнат иновација во еден мал бизнис. Затоа и прашањата во однос на заедницата околу вашиот бизнис ќе можат да поттикнат иновација во вашата компанија.
Поставувајте прашања. Поставувајте многу прашања за се околу вас и вашиот бизнис. Тие ќе ја поттикнат креативноста кај вас, а со тоа полесно ќе станете многу поиновативна компанија. А, на поиновативните компании им е загарантиран успехот.

Генијалец според Napoleon Hill – Дефиниција
~ Napolenon Hill
Think and Grow Rich

Купувачот како CEO
Книгата е навистина нешто што ќе ги подготви компаниите за иднината која станува се поенеизвесна, особено поради фактот на оваа промена на сопственоста на моќта каде купувачите стануваат се помоќни за сите видови на компании.
Книгата базира на голем број на истражувања и фокус групи и затоа преовладува со доста случаи и примери од вистинскиот свет. Авторот ги користи овие случаи и примери за да ги објасни сите 9 видови на моќ кои што денес купувачите ги поседуваат. Книгата е корисна за сите претприемачи и вреди да се потроши дел од времето на читање, но и на имплементирање од наученото.

Од каде претприемачите добиваат пари?

Како да бидете како Стив Џобс?
Извор: Entrepreneur
Nolan Bushnell, човекот кој во 1974 година го вработил Стив Џобс како техничар дава пет начини како претприемачите да бидат повеќе како Стив Џобс:
- Бидете непријатен – особено кога станува збор за вашите цели и имплементација на истите.
- Бидете интензивно страствен – кога станува збор за вашата пасија и страст кон нешто, тоа е нешто посилно што ќе ве води кон успехот.
- Бидете креативен кога делегирате – успехот за инвентивноста не е само кај вас, туку и кај вашиот тим, нормално доколку знаете како да делегирате.
- Бидете хипер-љубопитен – да сакате да знаете како се околу и во вашиот бизнис функционира.
- Бидете подготвени и на падови и грешки – грешките и падовите се составен дел на патот кон успешноста


