post

22 Прашања за конкуренција

Конкуренција

Конкуренција

Сите сакаат да немаат конкуренција, но тоа е нереално и неостварливо. Барем за подолг временски период.

Конкуренција е неминовен фактор за секој бизнис без разлика на големината, индустријата, пазарот… Дури и да нема конкуренција, не значи дека нема да се појави. Не треба да се стравува од конкуренцијата доколку имплементирате одреден стратешки и систематски приод во нејзина анализа и имплементација на сознанијата во секојдневно функционирање на бизнисот заради останување на вистинската патека.

Доколку се избегнува конкуренција, ќе настапат вистински проблеми карактеризирани преку намалување на учеството на пазарот, намалување на продажбата, намалување на бројот на купувачи, проблеми со готовински тек и „недај боже“ смртност на бизнисот.

Затоа во одреден временски период (најдобро квартално – на 3 месеци) поставете си ги следниве прашања во врска со онкуренција и одговорете ги.

  1. Кои се најзначајните конкуренти кои имаат влијание врз нашиот бизнис?
  2. Каде се наоѓаат во конкурентската анализа тие во однос на вас?
  3. Кои се можните потенцијални конкуренти кои сеуште не се но, може да бидат?
  4. Кои се нивните производи и/или услуги?
  5. Каде се наоѓаат нивните производи и/или услуги во однос на вашите?
  6. Каква е вредноста која ја нудат?
  7. Имаат ли поголема или помала вредност која што ја нудат во однос на вашата?
  8. Што е она што кај нив е добро а го нема кај вашата вредност?
  9. Можеме ли да го имплементираме она што ни фали во вредноста а го има кај нив?
  10. Каква е нивнта севкупна понуда?
  11. Се разликува ли и во што се разликува доколку се разликува нивната севкупна понуда?
  12. Каде нивната понуда е подобра од вашата?
  13. Каде вашата понуда е подобра од нивната?
  14. Кои се корисности а кои се карактеристиките кои ги нудат со тие производи и/или услуги?
  15. Каде ги наоѓаат нивните потрошувачи?
  16. Кои се нивните најважни купувачи?
  17. Како вашите конкуренти ги поттикнуваат купувачите да купуваат?
  18. Колку наплаќаат за нивните производи и/или услуги?
  19. Каде ги рекламираат нивните производи и/или услуги?
  20. Како регрутираат свежи кадри за нивниот бизнис?
  21. Колку често ја анализираме конкуренцијата?
  22. Ги применуваме ли откритијата од анализата во работата?

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*