post

Тестирање на идеи… Дали ќе успеам?

Да се има многу идеи е само едерн мал дел од постигнувањата кои ќе ги имате како еден претприемач. Сепак, главното не е завршено. Идеите едноставно не се доволни.

тестирање на идеи

Сега доаѓаме во фаза кога треба да ја тестирате вашата „голема идеја”. Дали ќе успеете? Анализите, истражувањата, размислувањата може да покажуваат навистина дека треба да ги имате производите или услугите, процесите или бизнис моделот кои се резултат на тие идеи.

Продолжи…

post

Матрица на понуда и побарувачка

Колкава е понудата и побарувачката на пазарот на специфични производи или услуги кои ќе резултираат од вашата бизнис идеја? За одговор на оваа прашање може да се користи матрица на понуда и побарувачка.

понуда и побарувачка

Матрица на понуда и побарувачка е една алатка која ја имам развиено уште пред повеќе од пет години со цел да можам во определени аспекти да ја мерам бизнис потенцијалната енергија на една бизнис идеја.

Продолжи…

post

Идеи за утрешницата: Како да се подготвите за утрешните „жешки” идеи?

Успешен претприемач мора да има способност да го избере или создаде вистинскиот производ услуга што ќе им ги понуди на купувачите на пазар на кој нормално постоела, постои и ќе постои конкуренција.

идеи за утрешницата

Сигурно и некој пред вас започнал сличен бизнис и нуди некои видови на производи или услуги на пазарот. Сигурно и купувачите во моментов успеваат на некој начин да ги задоволат потребите кои вие сакате да им ги задоволите или пак воопшто не ни знаат дека имаат таква потреба. Но, вистинскиот производ или услуга кој вие ќе го изберете ќе ви го каже почетната анализа на пазарот.

Продолжи…

post

Тестирање на претпоставки во услови на неизвесност

Тестирање и експериментирање претставува една од главните обврски за вас како еден претприемач. Имате претпоставки, се занимавате со тестирање на тие претпоставки и притоа внимавате на стапиците и едноставно подобрувате бидејќи сепак тоа се само претпоставки, а не факти.

тестирање на претпоставки

Ќе започнам со едно истражување на Стенфорд Универзитет спроведено од Д-р Керол Двек кое покажува како луѓето размислуваат за нивните акции и како тие се поврзуваат со успех и неуспех во еден неизвесен свет на еден од два начини.

Продолжи…

quote

Ако не можете да ги објасните вашите идеи, тогаш сте во неволја

Aко не можете да објасните нешто на шест годишно дете, тогаш ни вие не го разбирате тоа.

~ Albert Einstein

post

Што доколку не постои пазар за вашиот иновативен производ?

Оваа прашање кое се однесува за иновација за која сеуште не постои пазар е доста актуелно прашање. Ајде да видиме што можете да правите доколку се најдете во таква позиција.

иновирај

Што значи сеуште не постои пазар за една идеја и/или иновација?

Продолжи…

post

Има ли пазар…? Моето лично мислење е…

На прашањето има ли пазар за твојата идеја, иновација, бизнис најчест одговор од страна на претприемачи кој го добивам започнува со „моето лично мислење е…”

пазар

И потоа продолжува има пазар, ќе има пазар, сеуште нема но ќе го создадеме итн. Не, не, не, не, не… Прашањето е јасно има или нема. Не ме интересира твое лично мислење ме интересира мислењето на оние кои го сочинуваат или ќе го сочинуваат пазарот во иднина.

Продолжи…

audio

Епизода #25: Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете

Продолжуваме со дваесет и петтата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за тема поврзана со иновации и стартапи, односно за тестирање на претпоставки, односно хипотези за нова идеја или иновации.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се навратиме на темата на годината, иновациите која на некој начин е поврзана и со стартапи. Денеска не можеме да очекуваме дека можеме да научиме нешто и да го имплементираме онака како што сме го научиле во реалноста. Секој бизнис, ама баш секој бизнис функционира во крајно неизвесно опкружување. Дури слободно можеме да кажеме дека неизвесноста е единствената константа за секој бизнис.

Продолжи…

post

Големи идеи и не мора да бидат големи идеи

Сите ние имаме големи идеи, но сепак само еден мал дел од нив може да се реализираат, се реализираат или пак воопшто ниедна нема да се реализира. Тоа е реалноста.

големи идеи

Еден проблем кој го забележувам е барање и чекање на таа мноооогу мнооогу голема идеја и тогаш бууууум успехот е неминовен. Но, во 99,99999% на случаи таа голема идеја воопшто нема ни да дојде. Секако дека големите идеи имаат и поголема бизнис потенцијална енергија, но сепак мора да ви биде јасно и тоа дека голема потенцијална енергија не значи дека успешно ќе се трансформира во тој износ во кинетичка енергија која носи до успехот.

Продолжи…

video

Најпотребно за секој стартап бизнис

Што е она што е најпотребно за секој стартап бизнис? Многумина сметаат пари. Но, сепак не е така.