post

Претворање на проблем во вистински бизнис

Сите ние имаме почувствувано одредени проблеми. Сите ние имаме одредени незадоволени потреби.

Но, дали и некој друг има таков ист проблем или потреба? Веројатно да. Сепак потребно е и другите да го разбираат онака како што вие како еден претприемач го разбирате и гледате тој проблем кој е основа за вашиот бизнис.

Можете ли проблемот да го претворите во вистински бизнис или пак да го интегрирате во вашиот постоечки бизнис доколку веќе имате бизнис?

Сепак мора да размислувате и за раст и развој на постоечкиот бизнис доколку веќе сте претприемач, а не само за проблеми како основа за нов бизнис.

Подолу се дадени некои прашања на кои би требало да дадете одговор.

1. Дали проблемот е навистина голем проблем?

Проблемите кои се решаваат за купувачите не се со исто значење за потенцијалните купувачи. Некои проблеми едноставно може да се игнорираат од страна на купувачите, а такви проблеми нема потреба да се решаваат од страна на еден бизнис.

2. Дали проблемот предизвикува голема желба за решавање?

Освен големината или интензитетот на проблемот или потребата на купувачите, потребно е тој проблем да предизвикува доволно голема желба кај купувачот за решавање. Без една таква желба не можеме да очекуваме дека ќе има голема побарувачка за нашето решение.

3. Дали има доволен број на луѓе со таков проблем кои сакаат да го решат?

Третото прашање е за големината на пазарот, односно дели постојат доволен број на луѓе кои го имаат или веќе почувствувале проблемот. Како еден претприемач, нормално е да сакате пазар со голем и предвидлив раст со што ќе обезбедите и континуиран раст на вашиот бизнис.

4. Дали постои некакво делумно или целосно решение за тој проблем?

Што се случува во моментов на тој целен пазар, односно како оние кои го имаат тој проблем го решаваат денес или пак дали воопшто го решаваат?

Кога станува збор за оваа прашање потребно е да размислите и за делумно решавање или пак и за одредени идни, односно потенцијални конкуренти на пазарот.

5. Доколку постои решение што му недостасува на тоа решение?

Ако веќе постое некакво решение за тој проблем или сличен проблем, добро е да размислите што е она што му недостасува на тоа решение.

6. Можете ли вие да го решите проблемот или пак да го подобрите постоечкото решение?

Оваа прашање честопати се занемарува од страна на потенцијални претприемачи иако е доста важно во целиот процес. Сепак, за да еден препознаен проблем го претворите во вистински бизнис потребно е и да имате потенцијал да го решите, односно да го знаете решението.

7. Што ќе ви биде потребно за да го решите проблемот?

Многу е поверојатно дека нема да можете сами да го дизајнирате и создадете решението. Тоа значи дека ќе имате потреба од дополнителни човечки ресурси. Освен тоа ќе имате потреба и од финансиски и материјални ресурси.

8. Што треба да тестирате со решението?

Едно решение не е комплетно решение се додека пазарот, односно купувачите не го кажат тоа. Првото решение ќе треба да се тестира, со што ќе се подобри самото решение. Повторно следува тестирање, се додека не се добие идеален и оптимален производ или услуга.

9. Како ќе стекнувате, одржувате и ќе го зголемувате бројот на купувачите?

И последното прашање е прашање кое веќе го обликува маркетинг и продажниот процес на вашиот бизнис. Доколку не успеете да дизајнирате процес кој ќе генерира, одржува и зголемува бројот на купувачите за вашиот бизнис, подобро е да не одите понатаму.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*