post

Откријте ги тајните желби на вашите купувачи

Секој има различни видови на тајни. И вашите купувачи имаат нивни сопствени тајни. Затоа е важно за вас како еден претприемач да знаете кои се тајните желби на вашите купувачи.

купувачи

Тајна е нешто што едно лице го одржува како непознато за други лица. Доколку имаме двајца кои знаат нешто, тогаш тоа нешто веќе не е тајна. Но, како можете да ги откриете тајните на вашите купувачи кога самите тие нема да ви дозволат да ги дознаете тие тајни?

Тајна е нешто што едно лице го одржува како непознато за други лица. Доколку постојат двајца кои знаат за нешто, тогаш тоа нешто не е тајна. Но, прашањето е како да ги откриете тајните на вашите купувачи кога тие нема да ви дозволат да ги знаете, затоа што веќе нема да бидат тајни.

За таа цел мора да бидете интелигентен претприемач.

Во овој текст би сакал да зборувам малку за можностите кои ги имате доколку сакате да работите на откривање на тајните желби на вашите купувачи.

Зошто да ги знаете тајните желби на вашите купувачи?

Но прво да видиме зошто ќе имате потреба да ги знаете тајните желби на купувачите.

  • Кога ќе ги откриете тајните желби на вашите купувачи подобро ќе излезете во пресрет на нивните желби поврзани со проблемите и потребите кои ги имаат а за кои вашиот бизнис продава решение.
  • Кога ќе ги откриете тајните желби на вашите купувачи бргу ќе станете лице и бизнис од доверба за вашите купувачи.
  • Кога ќе ги откриете тајните желби на вашите купувачи секогаш ќе бидете еден чекор пред конкуренцијата.

Тактики за откривање на тајните желби на вашите купувачи

Сега, бидејќи знаете зошто треба да работите на откривање на тајните желби на купувачите, можеме да продолжиме со тактиките кои ќе ви помогнат за да успеете во овие ваши намери.

  1. Секогаш обидувајте се да градите отворена конверзација со вашите купувачи. Доколку разговарате на редовна основа со вашите купувачи, ќе знаете повеќе за нив. Знаењето за вашите купувачи ќе ви помогне во предвидување на нивните идни желби без разлика за тоа дали станува збор за такни или јавни желби.
  2. Следете го и анализирајте го нивното однесување. Не можете се да научите за вашите купувачи само преку директни разговори. Затоа ќе мора да преземете еден чекор повеќе и кога разговарате со нив секогаш да го следите нивното невербално однесување за да научите нешто повеќе од јазикот на телото. на ваков начин ќе можете да откриете многу тајни за вашите купувачи.
  3. Едноставно ако ги прашате за нивните желби некогаш може да даде резултати. Друг начин за откривање на тајните желби на купувачите е да започнете да ги прашувате на редовна основа за нивните посакувања и потреби кои со соодветна анализа ќе ви кажат за нивните можни тајни желби.
  4. Ставете се во нивна позиција и размислете за можни желби кои би ги имале. Обидете се дабидете само еден ден во позиција на вашиот купувач и размислувајте како нив, работете како нив, дишете како нив, и правете се што тие редовно прават во еден просечен ден. Ќе откриете многу тајни желби кога ќе се ставите себеси во нивна позиција.
  5. Постојано разгледувајте околу вас и барајте нови трендови. Насекаде околу вас постојат многу трендови кои ќе ви кажат многу различни работи за вашите купувачи. Една можна работа која можете да ја научите кога сте систематичен во однос на трендовите околу вас ќе биде и некоја тајна желба на вашиот купувач.

Што користите и како ги откривате тајните желби на вашите купувачи?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*