post

Зголемeте ја продуктивноста, дури и ако мислите дека не можете

Секој кој работи на нешто, секогаш ќе сака да биде попродуктивен.

Нормално е да сакаме да завршиме повеќе работа со подобар квалитет побрзо. Тоа значи подобра продуктивност. Поради тоа не сакаме да изгубиме дури ни секунда од нашиот ден особено затоа што знаеме дека денес нашето време е најскапиот ресурс.

Но, тоа е полесно да се каже отколку да се имплементира во секојдневната работа. Имаме тони задачи кои треба да се сработат. Имаме тони идеи подготвени за имплементација. Имаме тони одвлекувања на вниманието околу нас…

Како можеме да бидеме попродуктивни во таков хаотичен свет во кој што живееме? Одговорот е едноставен: треба да бидеме самодисциплинирани, подобро организирани, и подготвени да ги смениме работите околу нас, со цел да ја подобриме нашата сопствена продуктивност.

Тука сакам да ја споделам мојата листа со 33 чекори кои започнав да ги имплементирам. Ова е мојот акционен план за зголемување на сопствената продуктивност, и она што веќе го имам имплементирано ми ги дава саканите резултати.

  1. Започнете со мали нешта.
  2. Разберете дека вие сте одговорни за подобрувањето на вашата продуктивност.
  3. Измерете го секој аспект од вашата работа.
  4. Запрете со мерење и започнете со анализа на вашиот работен тек.
  5. Имплементирајте ги подобрувањата врз основа на анализа.
  6. Повторете го процесот мерење, анализирање и подобрување.
  7. Намалете го стресот.
  8. Подобрете го вашето работно место.
  9. Управувајте го вашето време.
  10. Мотивирајте се себеси, но и сите околу вас.
  11. Користете технологија која ќе ви помогне во зголемувањето на продуктивноста.
  12. Работете го она што сакате да го работите, и делегирајте го останатото.
  13. Работете го она што најдобро го правите, и делегирајте го останатото.
  14. Мерете го времето кога работите.
  15. Користете шаблони каде што можете со цел да заштедите на време.
  16. Почнете да ги прекинувате непродуктивните состаноци.
  17. Бидете јасни во врска со своите цели.
  18. Добро знајте ги вашите намери.
  19. Бидете фокусирани и обрнете внимание на вистинските нешта.
  20. Преземајте акција, не одолговлекувајте.
  21. Организирајте го вашиот ден, направете го колку што е можно попродуктивен.
  22. Вежбајте со различни работи кои ќе ја зголемат вашата продуктивност.
  23. Приоритизирајте ги вашите активности.
  24. Спроведувајте го 80/20 правилото за да ги идентификувате критичните неколку активности каде што навистина сте потребен.
  25. Автоматизирајте го сето она што може да се автоматизира.
  26. Не ги заборавајте оние први нешта кои што треба да бидат во прв план.
  27. Сè што можете да направите сега, направете го тоа сега.
  28. Кога ви е потребна помош, прашајте за тоа.
  29. Почнете да кажувате не, повеќе од да.
  30. Пронајдете го она што ја зголемиува вашата креативност.
  31. Бидете организирани секојдневно.
  32. Расчленете ги вашите проекти на јасно дефинирани задачи.
  33. Користете “да направам” листа и следете ја.

Како што можете да видите ако сакате да станете попродуктивен треба да имплементирате различни промени во вашиот личен и професионален живот. Морам да нагласам дека имплементацијата не е нешто лесно. Потребни се вежби и упорност во напорите за да се зголеми продуктивноста.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*