post

7 Совети за примена на систематски пристап во учење

Целиот наш живот се базира на различно учење на различни нешта. Учењето е неизбежен дел од нашето секојдневие, и во секој момент од нашиот живот ние учиме нешто ново. Но, понекогаш учењето може да стане еден од најголемите проблеми за претприемачите.

учење

Дали сте се нашле во ситуација со бескрајна листа за тоа што треба или сакате да научите?

Сте се нашле ли во ситуација да купувате курсеви и книги или да го пребарувате интернетот цел ден за да најдете и научите нешто ново, но на крајот повторно сметате дека има уште нешто ново за да се научи?

Овие прашања претставуваат реалност за многу денешни претприемачи и особено денес кога живееме во свет во кој се може да се најде во некоја форма спремна за учење. Го имате интернетот, Amazon, YouTube… Листата е навистина голема и јас не би можел да набројам се во еден текст како овој.

Константното прашање е од каде да започнете и што да користите?

Затоа тука би сакал да споделам седум совети кои ќе ви помогнат во имплементација на систематски приод кога станува збор за учењето.

7 совети за примена на систематски пристап во учење

  1. Мора да имате проблем и навистина позитивна инспирација и мотивација за да го решите тој проблем. Решавање на проблем секогаш значи учење на нешто ново. Доколку сакате да научите нешто ново базирајќи се на решение, тогаш најдете проблем кој навистина е важен и сакате да го решите.
  2. Учете од сопствено искуство, но и од искуство на други луѓе. Најдоброто учење доаѓа од ваше сопствено искуство без разлика дали станува збор за добро или лошо искуство. Но, зошто да не го комбинирате вашето сопствено искуство со искуство на други луѓе, особено кога сакате вашето сопствено искуство да генерира колку што може помалку грешки (не очекувајте дека ќе бидете безгрешни, тоа е невозможно).
  3. Комбинирајте различни техники на учење. На пример, учење од искуство, учење преку читање, учење преку зборување со различни луѓе како купувачи, вработени, пријатели, ментори… Комбинирајте ги различните техники на учење и ќе видите како вашата бизнис потенцијална енергија ќе започне да расте.
  4. Мора да бидете систематичен во приодот на учење, доколку не скаате да го изгубите фокусот. Понекогаш учењето може да биде навистина фрустрирачко за вас, особено поради фактот што секогаш ќе мислите дека постои уште нешто што треба да научите. Учењето може да ја зголеми вашата бизнис потенцијална енергија, но не може да ја трансформира истата во кинетичка енергија која всушност ги носи вистинските резултати за вас.
  5. Пред да започнете да учите нешто, мислете за крајниот резултат кој што ќе го добиете. Доколку не сакате да го загубите вашиот фокус кога учите мора да започнете со крајните резултати кои ќе ги добиете, или едноставно што сакате да постигнете по завршување на вашите активности за учење. На таков начин точно ќе знаете што треба да научите, кои техники на учење да ги користите и каде да го најдете материјалот потребен за учење. Заштедете си време уште пред да започнете со самиот процес на учење.
  6. Кога научите нешто ново, веднаш обидете се да го имплементирате во вашата работа. Како што веќе и напоменав, учење без имплементација не е нешто што го посакувате како краен резултат. Доколку навистина сакате да ги почувствувате бенефитите од учењето, ќе треба да преземете акции и да го имплементирате онаа што сте го научиле во вашата секојдневна работа.
  7. Не мислете дека знаете се, секогаш ќе има нешто ново за учење. Иако оваа е опасно, сепак тоа е факт. Никогаш не можете да кажете дека знаете се. Вашата работа ќе има потреба од различни вештини и знаење кои треба да бидат инвестирани од ваша страна на секојдневно ниво.

Прашање: Кое е вашето искуство со процесот на учење во вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*