Сепак, мора да напоменам дека лоша „да направам” листа е многу поопасна отколку и воопшто да се нема таква листа.

Зошто “да направам” листи може да бидат безвредни

Приоритизација: работи кои навистина значат за вас
~ Johann Wolfgang von Goethe

Прoцес на дисквалификација на купувачи
Кога станува збор за претприемачи и бизниси, најголемата причина за вакво нешто е стравот дека нешто ќе се изгуби или пак нешто ќе се испушти. И едноставно поради тој таков страв започнуваме да се распространуваме на сите страни, да работиме се и сешто, да задоволуваме секого, да се обидуваме да задоволиме секого… И наместо да бидеме некој кој најоптимално и најпродуктивно ќе поентира на нашите најсилни компетенции стануваме просечен како и секој друг.

Епизода #21: 10 елементи со бизнис потенцијална енергија
Всушност во оваа подкаст епизода зборувам за еден начин кој го користам во практиката и кој го развивам веќе пет години за да анализирам како бизнисот функционира и кои се слабостите кои бараат подобрување, односно промени. Развојот на оваа теорија започна некаде во 2008 година при што користев иницијална квантификација на повеќе фактори за пресметка на бизнис потенцијална енергија на бизнисот и специфично за секој елемент кој придонесува во интензитетот на таа бизнис потенцијална енергија. Дури пред некој месец кога ги разгледував првите документи за процесите на оваа методологија забележав дека скоро ништо не е исто. Развиените алатки како и процесите кои сум ги користел во почетните денови еволвирале и се развивале да денес се сосема различни. Едно нешто е исто, идејата на која започнав да ја базирам оваа теорија.

Можете ли да постигнете повеќе со помал вложен труд
Уште од најраниот период на теорија на менаџментот било проучувано постигнувањето на индивидуата (поединецот) и неговата улога во организациска смисла врз основа на различни променливи. Различни фактори влијаат на различен начин на индивидуалното постигнување, и тоа е факт, веќе докажано. Но, поголемиот дел од тие истражувања се од период кога промените не биле ниту брзи ниту големи како денес.

Поставување на прашања за зголемување на вашиот потенцијал
Добро, прашањата не даваат резултати и тоа е факт. Но, сепак тука зборувам за бизнис потенцијална енергија која се зголемува со нив, а бизнис потенцијална енергија не е нешто што дава резултати. Резултатите бараат бизнис кинетичка енергија.

Сакате ли да ја подобрите вашата продуктивност
Многу е важно за вас како еден претприемач да бидете попродуктивно лице бидејќи само на таков начин ќе започнете да завршувате многу поважни работи во пократок временски период и тоа поквалитетно. На ваков начин ќе постигнете повеќе резултати како на личен така и на професионален план.

Пасија, цели и системи… Што води до успех?

На кого се се потпира вашата иновација
За да постои некоја иновација согласно дефинирање на терминот треба да постои корисност и тоа не само за еден човек (вас или било кој друг) туку за поголем број на луѓе кои навистина ќе се најдат зависни од таа ваша иновација.