post

Што влијае на неуспехот на една иновација

Практиката ни покажува дека имаме многу повеќе неуспешни отколку успешни иновации. Замислете што се би имале денес доколку сите биле успешни?

иновирај

Во оваа кратка статија сакам малку да дискутирам за онаа што како влијателен фактор може да доведе до неуспех на една иновација. Секако има повеќе фактори, сепак тука ќе наведам 4 за кои сметам дека се навистина многу важни за секоја компанија која сака да иновира.

Ајде да почнеме.

  1. Самата идеја за иновација. Во голем број на случаи самата идеја за иновација може да биде причина за неуспех на иновацијаta. Генерално земено, идејата е причина за неуспех кога е премногу напредна во однос на можностите пазарот да ја апсорбира од една страна и кога не создава повеќе корисности за оние кои треба да ја користат од друга страна.
  2. Слаб процес во самата организација. Еден иновативен процес започнува многу пред да се започне да се работи на самата иновација. Тој започнува уште во фазата на идеизација која подразбира зголемена креативност со цел да се дојде до иновативни идеи. Понатаму процесот содржи приоритизација и избор на идеи, процес на трансформација на идеите во нешто опипливо, развој на купувачи… Било кој дел од процесот, доколку претставува слаба алка, процесот нема да успее, односно иновацијата ќе биде неуспешна.
  3. Слабо интегрирана организација во поширокиот екосистем во кој функционира иновацијата. Успехот на една иновација не зависи само од компанијата која иновира. Таа ќе зависи од степенот на развојот на технологијата за да може да ја апсорбира или поддржи таа иновација, ќе зависи и од снабдувачите, ќе зависи и од конкурентте, ќе зависи и од купувачите… Сите тие и уште многу други потенцијални чинители на еден екосистем ќе влијаат на успехот на онаа што вие го иновирате.
  4. Базирање само на купувачите при предвидување на успешноста на иновацијата. Иновација често пати претставува нешто разорно, нешто што сеуште не постои и нешто што купувачот не е ни свесен во моментов дека му треба или ќе му треба во иднина. Во сегашноста секој функционира онака како што знае дека треба да функциоинира. Затоа и многу успешни иновации кои започнале во големи и успешни компании доживеале неуспех, а подоцна успех како стартап на инженерот/претприемачот. Постоечките компании ги прашуваат постоечките купувачи, а постоечките купувачи вообичаено сакаат да си ја одржат тековната стабилност и бегаат од немирните води кои ги носи некои сеуште неиспробано иновативно решение. Затоа иновацијата мора цврсто да биде врзана со развој на купувачи, а не само на интервјуирање на тековни купувачи.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*