video

Интересни размислувања за начинот на изведување на работата

Интересни размислувања, но и факти за начинот на изведување на работата, постигнувањата, продуктивноста… Вредат 10 минути од вашето време.
post

Значајност на навремени организациски промени

Значајноста на организациски промени е сè поголема во организациските системи од секаков вид, облик, големина, индустрија или пазар.

организациски промени

Притисокот од околината е сè поголем и поголем, особено изразен преку драстично зголемување на моќта на купувачите во последните пет до шест години и развојот на новата технологија која станува сè подостапна и за организациите и за индивидуалистите.

Продолжи…

post

Донесување на одлуки и спроведување на одлуки

Сите, ама баш сите се занимаваме на некаков начин со донесување на одлуки и со спроведување на одлуки без разлика дали станува збор за претприемачи или менаџери или обични луѓе кои секојдневно сме поврзани со некакви одлуки.

донесување на одлуки

Да се донесе одлука не значи ништо се додека не се спроведе донесената одлука. Но, проблемот кој се јавува е тоа што големите одлуки за да се спроведат ќе бараат многу, а во некои случаи и илјадници мали одлуки.

Продолжи…

video

KAIZEN промени за постигнување на крупни цели

Причина за непостигнување на она што сакате да го постигнете и особено доколку постигнувањето е нешто големо и нешто неостварливо одеднаш, туку бара повеќе чекори, повеќе труд и работа е обид да се постигне одеднаш, обид да се постават нереални активности и нереален план без разлика на вашиот личен и бизнис капацитет и потенцијал. Во оваа видео зборувам за 4 совети кои ќе ви помогнат да работите на постојано доближување до целта и тоа преку KAIZEN филозофија на промени.
post

Неколку идеи за подобрување на вашиот бизнис

Подобрување и особено континуирано подобрување е тема што постојано ќе биде актуелна за претприемачите и малите бизниси, па затоа идеи за подобрување секогаш ќе бидат потребни.

идеи за подобрување

Без постојано подобрување, бизнисот стагнира, привремено се одржува во состојбата во која што е, но сепак тоа се знаци кои кажуваат дека започнува патот на назадување на компанијата.

Продолжи…

image

Извори на информации за деловно разузнавање

Оваа слика е резултат на моето истражување за докторска дисертација која содржи некои извори на информации кои процесот на деловно разузнавање може да ги користи за иницирање на организациски промени. Овие извори се само еден мал дел од онаа што денес постои и може да се користи, но и се однесува само на 5 највлијателни извори на организациски промени: купувачи, конкуренти, човечки ресурси, технологија и промени во законодавство.
post

10 изговори од страна на купувачите за да не купат од вас

Кога нешто не сакаме да направиме, секогаш можеме да изнајдеме стотици, па дури и илјадници изговори. И кога купуваме и ни се нафрла упорно здодевен продавач кој едноставно само гледа да ни „натрапи” нешто исто така бараме изговори за да не купиме бидејќи едноставно не сакаме да купиме.

промени чекори

Повторно, нешто што најдов во архивите на старите хард дискови префрлајќи ги од тие стари хард дискови на Time Capsule и повторно документ кој е резултат на работа со еден од моите клиенти уште во 2009 година. Една од моите задачи беше да дојдам до листа на можни приговори кои ќе претставуваат препрека за неговите купувачи да донесат одлука за купување во било која фаза од продажната инка.

Продолжи…

post

Може ли вашиот бизнис да ги поддржи вашите идеи

Како еден претприемач вие можете и треба постојано да имате нови и свежи идеи. Вашиот бизнис го бара тоа од вас. Вашите купувачи го бараат тоа од вас. Успехот го бара тоа од вас.

идеи

Можеме да имаме илјадници идеи, тоа е наша дарба како човечки суштества. Можеме да сонуваме колку што сакаме. Можеме да мечтаеме колку што сакаме. Можеме да планираме колку што сакаме. Сепак, ништо од тоа нема да ви вреди доколку не го имплементирате.

Продолжи…

post

6 прашања за да изградите одличен процес на вработување

Растот на вашиот бизнис ќе се базира на тимот кој вие како еден претприемач ќе го изградите. Градење на победнички тим ќе бара од вас да имате одличен процес на вработување и успехот на овој процес ќе го обликува успехот на вашата цела компанија.

вработување

Но, прашањето е како можете да го создадете најдобриот процес на вработување кој нема да толерира грешки? Ја нагласувам 0 толеранција за грешки бидејќи знам дека грешките во процесот на вработување ќе ве чинат премногу. Доколку ви е дозволено да правите грешки во другите процеси како дел од вашето претприемачко учење, кога вработувате немате некој голем простор за грешки.

Продолжи…

post

5 Важни мерки кои ќе треба секогаш да ги знаете како еден претприемач

Ги знаете ли бројките кои навистина можат да го сменат вашиот претприемачки живот? Нешто што ќе ви каже многу работи за вашиот бизнис? Доколку мерите, ќе ги знаете перформансите на вашата компанија и секако ќе ги донесете важните одлуки кои ќе ве доведат до успех.

важни мерки

Како еден претприемач, ќе треба да знаете и следите повеќе различни важни мерки и бројки во вашиот бизнис. Но, тука сакам да зборувам и да ги објаснам петте најважни мерки кои навистина ќе треба да ги знаете доколку сакате да бидете во позиција за донесување на вистински одлуки за вашата компанија.

Продолжи…