post

12 Најважни состојки за да постигнете се што ќе посакате

Сите ние сакаме многу работи во нашиот живот. Но, едноставно ни станува јасно дека не можеме се што сакаме и да постигнеме со сигурност и на таков начин се откажуваме од нашите напори да постигнеме се што сакаме.

состојки

Во последните 5 години се имам фатено себеси неколку пати како сакам да постигнам нешто и брзо по тој иницијален ентузијазам едноставно се откажувам и продолжувам со нормалните работи околу мене. Навистина погрешно однесување од моја страна. Но, кога започнав да се тренирам себеси да ги гледам работите поинаку, ми стана јасно дека се може да се постигне, секако доколку е реално и остварливо согласно мојот потенцијал.

Во овој наслов, сакам да споделам нешто што го научив од сопствено искуство во форма на 12 најважни состојки за да постигнете се што сакате да постигнете.

  1. Секогаш бидете личност која презема акција доколку сакате да постигнете се што сакате. Не можете да очекувате дека ќе постигнете се што сакате доколку не преземете акција која единствено може да ви го обезбеди постигнувањето. Доколку знаете што сакате, тогаш што ве спречува да го добиете тоа? Започнете со правење на нешто, бидејќи никој на тацна нема да ви го донесе тоа што го сакате. Тоа е ваша одговорност.

  2. Бидете повеќе проактивен наместо реактивен за да постигнете се што сакате. Реагирање на нешто не е особина на успешни претприемачи. Успешни претприемачи се проактивни личности, и тоа проактивно однесување им овозможува да го постигна онаа што сакаат да го постигнат. Па, бидете повеќе проактивен за да успеете во вашите анмери.

  3. Постојано учете како да постигнете се што сакате. Знам дека вие веќе имате знаење, вештини и искуство за изведување на многу работи поврзани со вашиот бизнис. Но, тоа знаење, вештини и искуство често пати нема да биде доволно за да постигнете се што сакате да постигнете. Постојано ќе треба да го зголемувате сопственото знаење учејќи повеќе различни работи кои ќе ви помогнат во вашите намери за постигнување на нешто.

  4. Секогаш бидете уникатен. Врз основа на вашата сопствена визија, повеќе работи кои што ќе сакате да ги постигнете ќе бараат од вас да бидете целосно уникатен кога работите на реализација на вашите соништа. Бидете вие самиот, некој кој знае што сака, како ќе го постигне тоа што го сака и кога ќе го постигне онаа што го сака. Овој пат не е нечиј туѓ пат, тоа е твојот пат и затоа направете го да биде колку што може поуникатен.

  5. Бидете сигурни дека навистина го сакате онаа што го работите. Веројатно веќе знаете дека не можете да постигнете што сакате да постигнете доколку треба да правите нешто што навистина не сакате да го правите. Затоа, мора да бидете сигурни дека онаа што го сакате силно ќе биде поврзано со потребата на онаа што треба да направите и онаа што треба да го направите е нешто што навистина сакате да го правите.

  6. Слушајте разни гласови околу вас. Секогаш ќе имате различни гласови околу вас кои ќе ви кажуваат ќе ви кажуваат различни работи во однос на вашето патување за да постигнете се што сакате да постигнете. Некои од нив ќе бидат поддржувачки, но некои ќе бидат навистина вознемирувачки со нивните интенции да ве запрат на вашиот пат кон успехот. Слушајте ги сите гласови, но само како информација која ќе ја процесирате додека патувате и која ќе ви помогне да ги донесете најдобрите одлуки за да постигнете се што сакате да постигнете.

  7. Бидете креативен во пронаоѓање на вашиот сопствен пат за да постигнете што сакате да постигнете. Да се постигне се што сакате да постигнете не е едноставна задача. Но едно нешто е сигурно. Се може да се постигне доколку сакате да постигнете и да ја вклучите вашата креативност во откривање на најдобриот и вистинскиот пат за да го постигнете онаа што сакате да го постигнете.

  8. Изградете силна заедница околу вас. Факт е дека многу работи едноставно не можете да ги постигнете сами без помош од други луѓе. Затоа, една силна заедница околу вас и вашиот бизнис е нешто со голем потенцијал за да ви помогне во вашите напори. Започнете со градење на заедница со силна поддршка на онаа што го работите и заедница која ќе ви помогне на вашиот пат кон успехот.

  9. Помагајте им на другите луѓе во вашата заедница. Ако сакате да ви се помогне, мора и да помагате на другите. Принципот на реципроцитет е корисен принцип.

  10. Несебично споделувајте го вашето исксуство со другите. Вие не сте единствениот кој сака да постигне могу нешта. Но, ако несебично го споделувате вашето искуство со други кои навистина имаат потреба од ваша помош, можете да очекувате дека и тие ќе ви помогнат во постигнување на вашите цели.

  11. Планирајте го вашиот план, но бидете сигурни дека ќе започнете да се движите на тој пат. Планирање на патување е важно во постигнување не се што ќе посакате да постигнете, но само доколку започнете да го имплементирате планот кој го креирате. Инаку, тие се бескорисни за вас.

  12. Инспирирајте се кога започнувате да работите на зацртаните постигнувања. И како последна состојка е вашата инспирација. Логично, не можете да започнете да ги завршувате работите кои ќе ви помогнат во постигнувањата доколку не сте доволно инспириран за да ги преземете акциите кои се потребни.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*