Секој бизнис бара повеќе работа се додека не стане независен во одреден степен од претприемачот. Балансот помеѓу работата и приватниот живот е нешто во што страдаат премногу претприемачи. Премногу време еден претприемач троши на планирање, генерирање на идеи, маркетинг, продажба, истражување и развој, финансии… Но, каде е тука еден претприемач? Која е неговата компензација за овие напори? Претприемачот има живот и пред и по започнување на бизнисот. Живее со неговото семејство. Го има неговото најголемо богатство – семејството и секако децата.
Најчесто поставуваните прашања кои доаѓаат во умот скоро на секој претприемач се за балансот помеѓу работата и приватниот живот. Тие се прашуваат себеси:
- Како да го балансираат животот со работата?
- Како да го балансираат домашниот живот со работата?
- Како да се постигне баланс помежу работата и приватниот живот?
- Како да ја балансираат работата со личниот живот?
Што претставува балнас на работата и приватниот живот?
Што е поважно бизнисот или семејството? Многу тешко прашање за еден претприемач.
Во наједноставна форма балансирање на работата и животот претставува менаџирање на работните или неработните аспекти или бизниси и небизнис аспекти на животот на еден претприемач. Како и да е, претприемачот работи за да обезбеди подобар живот за себе и своето семејство. Доколку треба да го дефинирам балансот помеѓу работата и приватниот живот би го кажал следново:
Баланс помеѓу работата иприватниот живот е концепт кој имплементира менаџирање на бизнис и не бизнис живот за да се постигнат оптималните работни часови кои ќе обезбедат за мене и моето семејство да имаме прекрасен живот надвор од бизнисот.
Понекогаш постои присутност на погрешен концепт помеѓу претприемачите кој вели дека тие мора да работат повеќе доколку сакаат да заработат повеќе. Во постот насловен како Повеќе работа, не значи повеќе завршена работа презентирав 4 важни фактори кои имаат влијание на продуктивноста. Доколку повеќе работни часови не е еднакво на повеќе завршена работа, тогаш повеќе работни часови исто така не е еднакво на поголема заработка.
Менаџирање на балансот на работата и животот
Менаџирање на балансот на работата и животот е нешто што може да го елиминира стресот и да го подобри севкупниот живот на еден претприемач. Ова значи дека вие како претприемач ќе мора да го менаџирате Вашето време, да ги планирате Вашите активности, да ги разберете приоритетите, знаете што ве задоволува…
- Планирајте ги Вашите дневни, неделни, месечни и годишни бизнис и не бизнис активности. Вашиот план мора да се базира на бизнис и лични цели истовремено.
- Контролирајте ги Вашите ветувања и постигнувања во однос на се што сте испланирале за бизнис и личен живот.
- Организирајте ги бизнис и личните активности. Доколку не сте организиран претприемач нема да можете да постигнете квалитетен баланс помеѓу работата и животот.
- Мотивирајте се себеси, Вашето семејство и Вашите вработени за да ја завршите работата која секој од Вас мора да ја заврши.
Неколку совети за постигнување на баланс
- Поделете го вашето вкупно време на време за работа и време за самите вас и вашето семејство.
- Креирајте листа на врвни приоритети.
- Не се замарајте со активности однизок приоритет.
- Користете тајмер и аларм кој ќе ве потсети да запрете со работата за денес.
- Користете ист планре на работни и неработни активности. Нека левата страна биде за работни активности, а десната страна за неработни активности.
- Направете распоред за следната недела. Можете да ги одговорите 10-те прашања кои треба да се прашате себеси пред започнување на следната недела.
- Делегирајте се што може да биде завршено од страна на другите.
- Ветувајте го само она што можете да го испорачате и за семејството и за Вашите клеинти/потрошувачи.
- Јасно дефинирајте што се очекува од Вас за Вашата компанија и Вашето семејство.
- Започнете да го слушате Вашето тело тоа најдобро знае што можете а што не.













