post

Заење и Креативност – Втор Слој за Успех на Еден Претприемач

Знаењето е моќ, знаењето е сила! Многу популарна маркетинг кампања кај нас во последно време.

Знаење и креативност за успех на еден претприемач

Ова е веќе четврти напис од овој серијал за карактеристики на успешни претприемачи. Првин спроведовме една анализа за фактори кои еден претприемач го прават успешен, а подоцна резултатите од анализата ги поставивме во една хиерархиско пирамидална структура за најважни фактори.

Минатата недела го обработивме првиот слој од таа хиеарирхиско пирамидална структура – Спремност да се превземе акција. Ако сме спремни да превземаме акција потребно е таа спремност да ја надоградиме со вториот слој на патот кон успешноста, а тоа е знаење и креативноста.

Што претставува знаење за еден претприемач?

Јас имам знаење за ова. Јас имам знаење за она. Тие имаат знаење за нешто друго. Секаде околу нас се врти некакво знаење. Секоја личност има некое специфично знаење кое си го носи со себе. Мислам и дека не пости човек кој нема одредено знаење. Знаење почнува уште од нашето раѓање. Секој нов ден од нашиот живот претставува стекнување на одредено знаење. Знаењето го стекнуваме, дома од родителите, во градинка, подоцна во училиште, факултет и од животот.

Значи знаењето е составено од два значајни елементи:

  • Искуство. Сето она што го доживуваме на некој начин се преточува во наше знаење. Тоа е наш личен капитал или личен капитал на еден претприемач.
  • Едукација. Сетоа она што го стекнуваме низ задолжителниот и незадолжителниот едукациски систем се преточува во наше сопствено знаење. Освен оној едукациски систем, како училиште, факултет, курсеви, тука влегува и читање на некоја книга, стекнување на информации од интернет и било што што ќе Ве едуцира Вас како претприемач и што ќе ви го зголеми тековното знаење за нешто.

Што претставува креативност за еден претприемач?

Во Wikipedia за креативноста се вели:

Креативност е ментален и социјален процес на откривање на нови идеи или концепти, или ново поврзување на креативниот ум помеѓу постоечките идеи или концепти.

Значи кретивноста е директно поврзана со откривање на нови идеи или концепти или пак модификација на постоечки идеи и концепти.

Да се биде креативен не е лесно. Да се стекне знаење е многу полесно отколку да се биде креативен. Креативноста не се учи, туку едноставно се спроведува и излегува од самиот претприемач.

Комбинација на знаење и креативност

Затоа и вториот слој од претприемничкиот пат кон успешноста претставува едноставен микс меѓу знаењето и креативноста. Зошто еден ваков микс?

Првин, можете да имате знаење во преголеми количини, но без креативна примена на тоа знаење во секојдневната практика нема да Ви гарантира дека ќе бидете успешен претприемач.

Од друга страна сметам дека знаењето пак е единствениот фактор кој може да ја зголеми креативноста на еден претприемач. Како еден претприемач може да биде креативен доколку нема знаење? Најверојатно, никако. Освен ако очекува некаква божја дарба за да биде креативен.

Токму тука лежи овој концепт на миксање на знаењето и креативноста со што само ќе се зголеми веројатноста за успехот на претприемачот. Како што го зголемувате знаењето за одреден предмет така ќе се зголемува и потенцијалот на Вашата сопствена креативност.

Втор фактор кој влијае на зголемена креативност е самиот претприемач. Ова се однесува на тоа што го викаме вродено нешто кај некој. Се смета дека уметниците се најкреативни затоа што едноставно имаат талент од некоја гранка на уметноста и затоа што едноставно креираат уметност со сопствениот отворен ум. Веќе пишувавме на претприемач за 6 совети за зголемување на креативноста.

Со сето ова што го изложив погоре слободно можеме креативноста да ја изразиме математички како функција од знаење и претприемачот:

Креативност = f(знаење + претприемач)

Како да бидете подобар претприемач преку знаење и креативност?

И на крај она најважното прашање: Како да бидете подобар претприемач преку знаење и креативност?

Ќе набројам неколку совети за Ваше лично подобрување како претприемач, што секако ќе има директно влијание на подобро работење на Вашиот бизнис:

Зголемување на знаење

Бидејќи претходно објаснив зошто знаење без креативноста не оди и обратно, треба да тргнеме со зголемување на претприемничко знаење. Ова може да се постигне на два начина:

  • Постојано учење на нови вештини. Барем денеска имате огромна можност за учење. Потребно е само да воспоставите систем кој постојано ќе го зголемува Вашето знаење како претприемач. Тргнете од подрачјата каде сте најслаби, а Вашиот бизнис ги бара тие подрачја. Читајте стручна литература, списанија и весници од тие подрачја и применувајте го наученото во секојдневната работа.
  • Учење од грешки – искуствено учење. Со учење на нови вештини и нивно применување во секојдневнта работа постојано ќе ги усовршувате тие вештини преку сопствено искуство. Дури и грешките кои ќе ги направите ќе го зголемат Вашето сопствено знаење и ќе ве направат да бидете подобар претприемач.

Однесувајте се како претприемач

Да, претприемач значи да бидете креативни, па затоа користете ги најкреативните методи и техники кои ќе ви дојдат во умот за да ја зголемите сопствената креативност и знаењето. Како 6 совети за претприемничка креативност би ги издвоил повторно:

  1. Имајте бележник секогаш крај себе.
  2. Сменете ги рутините во вашиот живот.
  3. Разгледувајте.
  4. Вмрежувајте се.
  5. Реиновација.
  6. Користете ги местата кои ја зголемуваат креативноста.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Тоа не е позиција за секој, тоа е позиција за луѓе кои знаат и умеат да изградат и инсталираат доверба во тимот кој им е […]

  2. Веб хостинг и видови на хостинг услуги | МКхост Блог напиша:

    […] со цел еден претприемач да го зголеми своето претприемничко знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка […]

  3. […] со цел еден претприемач да го зголеми своето претприемничко знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка […]

  4. […] пред вратата ни стојат многу промени во оваа поле. Знаење е дел од вториот слој за успех на еден претприемач. Еден начин на постојано […]

  5. Хостинг индустрија – терминологија која се користи | МКхост Блог напиша:

    […] со цел еден претприемач да го зголеми своето претприемничко знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка […]

  6. Веб хостинг и видови на хостинг услуги напиша:

    […] со цел еден претприемач да го зголеми своето претприемничко знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка […]

  7. Хостинг индустрија – терминологија која се користи напиша:

    […] со цел еден претприемач да го зголеми своето претприемничко знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка […]

  8. […] има. Оваа разноликост е последица на акумулираното знаење и искуство во еден […]

  9. […] идеја која ќе се трансформира во успешен бизнис? Креативноста е дел од вториот слој за успех на еден […]

Speak Your Mind

*