Но, онаму каде што ќе се појави раст некаде ќе биде брз, а некаде навистина спор. Брзината на растот е определена од вашите постапки како еден претприемач. Па затоа и со овој наслов сакам малку да дискутираме за вашите опции кога се наоѓате во ваква состојба.
Како расте еден бизнис?
Растот на организацијата може да се забележи на повеќе начини. Воведување нов производ или проширување на асортиманот на производите исто така претставува раст на организацијата, а од друга страна тоа резултира во различно производство, маркетинг, примена на нова технологија итн. Доколку се отвори нов погон во друга земја или пак доколку се купи нова технологија ќе треба луѓето од таа земја да се обучат за работните задачи, а и ова претставува раст на организацијата. Вработување на нов, свеж кадар во бизнис исто така значи раст на бизнисот, односно организација. Набавка и инсталација на нова технологија повторно значи раст на организацијата. Би можело да се каже дека растот се забележува преку следниве постигнувања:
- Зголемување на број на вработени,
- Инсталација на нова технологија,
- Имплементација на нови процеси,
- Проширување на асортиманот на производите и
- Проширување на пазар на кој се настапува.
Што ви стои на располагање како опција за обезбедување на растот на бизнисот?
Оваа прашање е доста интересно прашање кога станува збор за растот, бидејќи од одговорот и вашето постапување согласно тој одговор ќе зависи дали ќе обезбедите раст и дали растот ќе се одвива со брзина со која сакате да се одвива. Затоа мора да бидете свесни за опциите кои ви стојат на располагање, а различната ситуација во која се наоѓате вие како претприемач или вашиот бизнис ќе каже која опција најмногу одговара.
- Направи индивидуално сам опција. Иако можеби воопшто оваа опција не би требало да биде како опција во оваа листа, сепак ја ставив со цел да потенцирам некои опасности. На пример, забележувате еден континуиран раст на вашиот бизнис откако сте го започнале и сеуште вие сте единстевниот за се (и претприемач и менаџер и вработен). Полека, но сигурно чувствувате притисок, при што го намалувате преку зголемување на работните часови кои ги поминувате на работа. Затоа не вработувате, не инвестирате во нова технологија, не имплементирате нови процеси, не го проширувате асортиманот на производите, ниту пак се обидувате да настапите на друг пазар, нормално немате време. Едноставно уживате во благиот но континуиран раст на вашиот бизнис. Вие сте индивидуалец кој држи се во свои раце. Но, по извесен период кога веќе нема да можете да ги зголемувате вашите работни часови растот првин ќе запре, ќе се појави стагнација, а потоа и назадување се до изумирање на вашиот бизнис од соништата, доколку може да се каже така.
- Изгради со твојот тим. Втората опција е кога нема да дозволите и покрај благиот континуиран раст да бидете сам за се одговорен, туку ќе започнете со вработување на ваш сопствен бизнис тим. Зголемување на бројот на вработени како плус од вас самите значи раст на бизнисот. Но и зголемување на можноста да работите со вашиот тим на развој и инсталација на нова технологија интерно во вашиот бизнис, развој и имплементација на нови процеси, потоа самостоен дизајн на производи или услуги заради проширување на асортиманот на производите кои ги нуди вашиот бизнис или пак самостојна разработка на стратегија заради настап на друг пазар, при што ќе вработите луѓе кои ќе бидат одговорни за тој пазар. Забалежувате дека оваа опција значи дека со ваши сопствени ресурси првичниот благ раст континуирано ќе го претворате во постојан уште поголем и поголем раст. Со оваа опција, ништо не купувате и ништо не најмувате.
- Позајми од некаде. Третата опција е позајмување за да го поддржите растот на вашиот бизнис. Вака не купувате, или не вработувате при што и не дизајнирате, развивате и имплементирате самите, туку едноставно барате опции за позајмување на се онаа што ви е потребно. На пример, најмувате фрилансери за определен вид на активности за вашиот бизнис, изнајмувате определен вид на опрема, најмувате сезонски вработени како поддршка на растот на вашиот бизнис, најмувате компанија која ќе го дизајнира вашиот следен производ, најмувате производител кој ќе го произведе то ново дизајниран производ… Како еден претприемач мора да бидете секогаш свесни дека постои оваа опција, и дека во многу ситуација кога ќе размислувате за поддршката на растот на вашиот бизнис, оваа опција може да биде најдоброто решение.
- Купи на пазарот. Четвртата опција е да купите нешто готово или веќе постоечко на пазарот. Кога станува збор за вработување, доста големи компании ја користат оваа опција за да дојдат до квалитетни човечки ресурси при што ги преземаат, односно купуваат помалите компании. Со оваа опција ниту развивате сопствена технологија, ниту пак позајмувате, едноставно ја купувате. И оваа опција постои и мора да бидете свесни дека во доста случаи во кои ќе се најдете може да биде и најдобрата опција за вас и вашиот бизнис.
- Комбинација на сите или дел од презентираните опции. И секако, последната опција која и најмногу ќе ја користите е да ги комбинирате некои од претходно споменатите или пак сите заедно кога работите на поддршка на растот за вашиот бизнис.
Speak Your Mind