post

Епизода #05: Учење за бизнис цели во денешни услови [Подкаст]

Оваа е пета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Во оваа епизода зборувам за ”Учење за бизнис цели во денешни услови.” Едно нешто е сосема вистинито, а тоа е дека учиме додека сме живи. Оваа е особено вистинито кога станува збор за претприемништвото бидејќи истото претставува една комплексна дисциплина испреплетена со многу други научни дисциплини, но и практична имплементација на истите во секојдневната работа без да постојат ограничувања за тоа како ќе се примени нешто, дали ќе се прилагоди и како ќе се прилагоди тоа што ќе се имплементира.

Продолжи…

post

Кои мерки треба да ги следите?

Дали сте си го поставиле прашањето од насловот на овој пост? Доколку сте претприемач со висок потенцијал за успех сигурно веќе барем еднаш сте си го поставиле оваа прашања.

Понекогаш сметам дека главната улога на претприемачот е да постави вистински мерки кои ќе ги следи и врз основа на кои ќе донесува квалитетни одлуки кои пак ќе го туркаат бизнисот нанапред.

Во денешен деловен свет лесно можеме да наброиме не десетици, не стотици, не илјадници туку милиони различни мерки кои на овој или оној начин може да имаат влијание на вашиот бизнис. Некои од нив се директни мерки кои покажуваат износ од нешто на пример мерката профит покажува дали работите во добивка или загуба. Но, од оваа една мерка може да произлезат илјадници други мерки кои не се директни туку едноставно служат за подобро да го разберете работењето на вашиот бизнис. На пример, профит по број на вработени, или профит по број на купувачи, или пак профит по вложени средства… Сите овие мерки имаат за цел да ја видите пореално состојбата во која се наоѓа вашиот бизнис.

Продолжи…

post

6 Знаци дека треба да прекинете со тековната визија

Вашата визија претставува една од најкруцијалните делови од вашиот претприемачки пат која ги става сите ваши погони на максимална моќност за да ве донесе до толку посакуваната дестинација опишана во визијата. Но, што доколку треба да прекинете со вашата визија?

Можете да имате визија за да станете милијардер. Но, што доколку не можете да станете милијардер поради објективни причини?

Веќе знаете дека ќе имате различни препреки на вашиот пат за реализација на визијата. Тие препреки можат да бидат објективни и субјективни.

Понекогаш едноставно ќе откриете дека не можете веќе да ја следите вашата визија што значи дека ќе треба да запрете и започнете одново со нова визија. Но, кои се знаците кои ќе ви кажат дека треба да прекинете со тековната визија и започнете со нова?

Да разгледаме некои од нив.

Продолжи…

post

7 чекори да ги промените вашите лоши навики

Сите имаме одредени видови не навики. Некои навики си ги носи е од детство, некои сме ги научиле во образовниот систем, некои сме ги наследиле од родителите, а некои ни се од нашето сопствено искуство.

Навиките во многу случаи се добри! Тие создаваат чувство на сигурност кога нешто работиме и честопати со нивна помош воопшто не треба да се змараме и да ги размислуваме кога ги користиме. Навиките обезбедуваат работите да ги изведуваме по автоматизам, и во многу случаи тие навики и тој автоматизам обезбедуваат да бидеме попродуктивни.

Но, проблемот не е во добрите навики, проблемот е што постојат и сигурно имаме и лоши навики. Лоши навики се оние навики кои не прават понепродуктивни, кои не обезбедуваат додадена вредност на онаа што го правиме и кои едноставно имаат потенцијал да ни наштетат.

Како да ги промените лошите навики во нови, подобри навики кои ќе ве направат попродуктивен и подобар претприемач?

Како одговор на оваа прашање ќе ги презентирам следниве чекори.

Продолжи…

post

Што да правам тие едноставно ме копираат?

Денес живееме во свет каде се и сешто се копира, и едноставно иновативните претприемачи доаѓаат до навистина една тешка позиција да се заштитат себеси и бизнисот кој што иновира. Фактот дека е полесно да се копира отколку иновира и дека може да даде огромни резултати можете да го потврдите и преку примерите на Microsoft во минатото но и преку чекорите на Samsung во последните неколку години при што од првично копирање влегуваат во драстични иновации.

Доколку не можете да го направите добро, направете најмалку да изгледа добро. – Bill Gates

Сепак, понекогаш станува проблем поради некои мали ситни иновативни решенија кои едноставно влијаат на купувачите, а сепак лесно може да се забележат од конкуренцијата сегашна или пак потенцијална и да биде интегрирано во нивните производи или пак деловни процеси.

Продолжи…

post

Зошто на администрацијата и се потребни индустриски инженери

Сакам овој пост да го претворам во еден вид на искуство што го доживеав пред некој ден, но испреплетено и со искуството и кога јас бев дел од административната служба во земјава.

Веќе мислам дека 20 години зборуваме за “тромава” администрација, неефективна администрација, скапа администрација… Но, ми се чини дека остануваме на тоа зборување.

Марк Твен вели:

Акцијата зборува погласно од зборови, но не и толку често.

Тоа и се случува, секогаш сме појаки на зборовите отколку на делата и акциите кои ги преземаме. Па, дали ниедна влада досега не успеа да забележи подрачја за подобрувања. Не, ни требаат огромни пари, ниту скапи консултантски компании, ниту пак премногу дополнителни ресурси… Нам едноставно ни треба да ги искористиме сопствените ресурси но да ја подобриме работата на администрацијата, но и подобра услуга за народот кој ја користи услугата од тие административни органи.

Продолжи…

post

Безхартиено работење

Безхартиено работење полека но сигурно станува еден стандард во работењето на бизнисите од сите видеови.

Читаме екниги, праќаме електронска пошта, комуницираме електронски, не користиме нотеси, добиваме и испраќаме фактури електронски…

Сето тоа доведува до намалување на потребата на хартијата во еден бизнис.

Не толку одамна (пред 3-4) години се сеќавам кога сите ги печатевме пораките од епошта. Кога секој документ без разлика на страниците требаше да го имам во печатена форма за да го прочитам, означам согласно потребите и да состанчам во однос на него. Кога ги принтав деловите од книгите или копирав тие делови за да ми се најдат во иднина. Кога ќе пронајдев нешто на интернет го принтав за да го имам за во иднина.

Сето тоа е минато на кое само можам да се сеќавам.

Продолжи…

post

Може ли да фунцкионира вашиот бизнис без вас

Знам дека вие сте претприемач, некој кој го создал своето бебе – бизнисот, некој кој вложил се да го застане на нозе, да прооди, да функционира…

Но, дали тоа функционирање е самостојно?

Што доколку не сте тука, да кажеме цел еден месец?

Дали во една таква состојба бизнисот може да преживее?

Непредвидливи работи се случуваат, но бизнисот мора да има вградени механизми да функционира и без вас.

Продолжи…

post

Како да дознаете што е она што го правите погрешно?

Никој не може да каже дека е 100% без грешки. Претприемачите како и сите други живи организми нормално е и да грешат.

Но, она што е важно е да се биде свесен за грешката како би можела да се поправи и извлече одреден заклучок во форма на знаење.

Значи првиот чекор во зголемување на потенцијалната енергија на претприемачот и бизнисот воопшто претставува дознавање дека е направена грешка.

Како да дознаеме кога сме направиле грешка?

Понекогаш мислиме дека тоа е најисправното. Понекогаш не сме ни свесни дека грешиме. Понекогаш дури и свесно не сакаме да ги погазиме сопствените чекори кои се погрешни.

Подолу се некои можности кои може да ви помогнат за да дознаете што е она што го правите погрешно.

Продолжи…

post

Продажба и менаџирање на време

Продажба е една од најважните функции на бизнисот. Без продажба нема приходи, нема профит, па ќе нема ни бизнис.

Понекогаш, а посебно кога станува збор за малите бизниси, се случуваат преклопувања помеѓу продажната функција и маркетингот (што е нормално), но и преклопувања помеѓу административните функции и продажбата.

За да се случи една продажба потребни се повеќе подготвителни активности од кои повеќето може да бидат оние кои не додаваат директно вредност за случување на самата продажба.

Затоа и доаѓаме до прашањето: Дали вашиот продавач е максимално продуктивен?

Продуктивност кај продажниот тим значи да се “склопат” повеќе продажби за вложено исто време работа.

Како да ја подобрите продуктивноста кај вашиот продажен тим?

#1 Анализирајте ја работата што во моментов се изведува од продажната функција

На пример, што еден продавач прави на дневна основа? Колку потенцијални купувачи контактира? Колку има лице во лице состаноци на дневна основа? Кои административни работи треба да ги изведе?

Што е она што треба неделно да го направи? На пример, пишување на извештај за сработеното, креативно размислување за подобрување на продажниот процес, подготовка на приодите за продажба…

Целта на овој чекор е да имате листа на сите активности (формални и неформални) кои се изведуваат од страна на вашиот продажен тим.

#2 Поделете ги анализираните активности на оние кои додаваат вредност и на оние кои не додаваат вредност

Откако ќе имате една листа на активности веќе ќе можете да ги поделите истите на оние кои додаваат вредност на самиот продажен процес и оние кои не додаваат вредност.

Оваа анализа ќе ви овозможи да забележите дека 80/20 правилото функционира и тука. Тоа значи дека 20% од активности кои ги имплементираат обезбедуваат 80% од продажните резултати.

#3 Изведете подетална анализа на оние кои додаваат вредност

Во овој чекор вашиот фокус ќе биде на оние 20% кои додаваат вредност на продажбата. Целта е да ги најдете можните начини на подобрување на истите, иако тие се веќе доволно силни во самиот процес. На пример, што ќе се случи доколку направите Б наместо А?

#4 Елиминирајте ги оние кои не додаваат вредност преку доделување на останатите функции во бизнисот

Претходната анализа и поделба на активностите ви покажа дека 80% од активностите или треба да ги елиминирате или драстично да ги подобрите во однос на времето кое се троши за нив и резултатите кои се добиваат од нив.

Самата елиминација не значи дека воопшто нема да постојат, но значи дека ќе бидат доделени на останатите функции или системи во бизнисот. На пример, административните активности ќе бидат дел од административниот тим.

Сепак, при анализата размислете дали нешто воопшто треба да се изведува? Доколку нешто бара премногу време, а сметате дека не треба да се изведува поради многу мала вредност која се додава со таа активност во однос на вашиот бизнис, најдобро е веќе воопшто да не постои.

#5 Следете и подобрувајте ја состојбата на определен период

Континуирано подобрување е карактеристика на секој претприемач и секој мал бизнис. Иако со самиот процес веќе сте направиле драстични подобрување на вашиот продажен процес, со кратење на потребното време на еден продажен циклус, сепак се може и треба да се подобри. Дури и подобреното може да се подобри.

Затоа следете, мерете, анализирајте, научете и примените во процесот.