post

ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА!

Дали го препознавате насловот? Сигурно повеќето од Вас го виделе овој наслов во рекламните кампањи на Владата како и соопштенија на телевизијата. Ние веќе пишувавме за тоа што значи знаење? Можете да прочитате за синџирот учење – знаење – моќ. Овие кампањи со кои секојдневно сме бомбардирани преку весници, радио и телевизија се за задолжително средно образование. И навистина колку повеќе знаење имаме толку подобро за нас сите. Едуцираниот човек ќе знае нешто да купи што вреди. Едуцираниот човек ќе знае како да започне бизнис. Едуцираниот човек ќе знае како да биде успешен претприемач итн.

И овој сајт кога го започнавме се постави цел да служи како непресушен извор на знаење за сегашни и идни претприемачи. И навистина за 4 месеци постоење има над 250 страни пишан материјал на артиклите на претприемач и над 100 страни пишан материјал на блогов како и 5 видео материјали. Но, она што е назначајно континуирано се објавуваат уште материјали и со оа навистина ја исполнуваме нашата поставена цел за непресушен извор на знаење. Ако ви кажеме дека само во моментов имаме спремено преку 50 различни текстови кои чекаат објавување на интернет.

Но, ова не е целта за овој наслов. Овој напис со ваков наслов ми дојде денес кога го пишувам (25.04.2009) бидејќи по распоред ќе биде објавен наредната недела. На телевизија видов соопштение од Владата за задолжително средно образование. Накратко ова го запомнив:

  • Поголема веројатност за иднина, среќа и успех ќе имаат само оние кои завршиле средно образование.
  • Само со знаење може да се оди напред.
  • Знаењето е моќ, знаењето е сила.

И можеби уште нешто но, сега не ми текнува. Но, она што сакав да го искажам со овој напис е тоа што кога го слушам соопштението, кое навистина содржи многу добри зборови и рака на срце се е вистинито, ми дојде во главата во вид на слика насловната страница од пред неколку денови во Вест. Еве ја сликата:

bajram

Што вика насловната страна? ЌЕ СЕ ЗАПИШАМ ВО СРЕДНО! Најверојатно се мисли на средно училиште. И добро, не е ништо страшно некој да нема завршено средно. За се постои можност доколку се сака. Но, она што мене ми изгледа страшно е написот: НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА ВЕТУВА:.

Значи господинот кој сега ќе се запишува во средно е веќе градоначалник. Дали убедувањата на нашата Влада со соопштенија и реклами, кои верувам дека се доста скапи паѓаат во вода со една ваква информација. Кога ќе видиме дека некој кој има само основно училиште станал градоначалник во Република Македонија, а од друга страна знаеме колку со високо образование немаат работа. ОВА МОРА ДА ЗНАЧИ ДЕКА ВРЕДНОСНИТЕ СИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОБРКАНИ. Дали ваквите луѓе можат да станат идоли на идните генерации. Со тоа што луѓе без соодветно образование доаѓаат и стануваат се и сешто можеме да очекуваме дека утре може и претседател или премиер да станат ваквите.

Од друга страна внатре во текстот стои дека немал време да заврши средно бидејќи морал да се посвети на бизнисот. ЗНАЧИ ОВА Е ПРЕТПРИЕМАЧ. Блазе си ни кога имаме такви успешни претприемачи. А, во исто време се прашувам дали заради тоа сме во ситуација каква што сме вопоследните 15-тина години.

Допуштање на вакви работи во еден систем како што е држава може да има големи негативни последици, особено за младата популација. Да не зборуваме какви последици ќе има за претприемништвото. Може да даде слика да оние кои сакаат да учат и знаењето да го претворат во сила и моќ да се откажат. Со нивно откажување губиме огромна потенцијална енергија во претприемништвото во република Македонија.

СЕПАК НИЕ ОСТАНУВАМЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА! ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ. Незнаењето може да доведе до високи позиции само доколку:

  • имате среќа
  • имате успешен татко
  • имате солидна криминална група околу вас (тепачи) кои ќе ви го расчистуваат патот.

Но тоа не сме ние! Само вредносните системи сеуште се поставени наопаку. Ние сме оптимисти дека ќе се сменат. Колку побргу, толку подобро за сите нас.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Zoran says

    Другарче,

    И сам занаеш колку кај нас се 'цени' знаењето и способноста, сведок си за тоа.

    Но моќта / силата се осеќа …

    Среќни сме …

    Татковците ни се успешни штом имаат синови како нас …

    А патот ни се расчистува … да … – ете уште малу па ке фатиме 'џаде' …

    П.С.

    И јас го прочитав тогаш весникот и незнаев дали да се смеам или да го жалам.

Speak Your Mind

*