10 Книги за менаџмент кои мора да се прочитаат од секој претприемач

Враќање во училиште за да станеш одличен

Работиш ли со луѓе во твојата компанија? Менаџираш ли различни проекти во твојот бизнис? Сакаш ли твојот бизнис да успее? Доколку одговориш со да на овие прашања тогаш ќе ти бидат потребни менаџерски вештини. А, ќе ти требаат и лидерски вештини. Еден начин за да ја зголемиш твојата бизнис потенцијална енергија во твоите менаџерски вештини е да најдеш, прочиташ и научиш од различни книги за темата. Тука сакам да споделам листа од « Продолжи »

Книга: Enchantment од Guy Kawasaki

Enchantment

Минатата недела завршив со читање на книгата насловена како Enchantment од Guy Kawasaki. Од самото започнување со создавање на една поширока заедница за креирање на книгата преку дизајн на корицата за која се крена голем прав, истата привлече големо внимание низ целиот свет. Внимание привлече и одлуката на авторот да не користи веб сајт за нејзина промоција туку едноставно Facebook страна. Затоа и јас бев еден од оние на кои процесот на enchantment на « Продолжи »

Книга: Со содржина до потрошувачи

Книга: Со содржина до потрошувачи

Само што завршив со читање на книгата Со содржина до потрошувачи (Get Content Get Customers) од Joe Pulizzi & Newt Barrett и би сакал да дадам краток преглед на истата. Јасно е дека маркетингот и начинот на конекција на компаниите со потенцијалните потрошувачи и трансформација на истите во купувачи е променет суштински од самите корени. Дури и големите компании како Nike, Procter & Gamble, Johnson & Johnson, General Motors и многу други ги оставаат зад себе традиционалните « Продолжи »

Книга: Poke the Box од Seth Godin

Уште првиот ден кога излезе ја купив оваа книга насловена како Poke the Box. Пред една недела ја прочитав и последната страна и еве не тука денес со еден краток преглед на претприемач за оваа книга. Во книгата во делот за насловна страна стои следново: Човекот во брзање е еден архетип, првпат откриен во хиероглифите на античките египќани. Тоа си ти, возбуден, оптимистички експериментатор кој разбира дека ризикот е погрешно разбран и тоа « Продолжи »

Книга: Генерирање на бизнис модел

Бизнис модел е нешто што јасно и недвосмислено ги дава внатрешните и надворешните врски на еден бизнис. Бизнис модел ви помага јасно и недвосмислено да знаете што вашиот бизнис прави и како тоа го прави. Бизнис модел ги поврзува вашите снабдувачи преку вашиот бизнис со вашите купувачи. Бизнис модел е... најважното нешто за еден бизнис. Доколку сте редовен читател на претприемач сигурно сте забележале дека сум голем подржувач на « Продолжи »

Книга: Поумно, побрзо, поефтино – Не здодевни, бесплатни стратегии за маркетинг и промоција на твојот бизнис

Книга: Smarter, Faster, Cheaper

Маркетингот е променет и сеуште се менува во однос на начинот на пристап до потенцијалните потрошувачи. Поумни, побрзи, поефтини наспроти поглупави, поспори и поскапи стратегии за маркетинг и промоција на бизнисот навистина претставува предизвикувачки за читање. Како дојдов до оваа книга? На Twitter објавив дека започнувам да ја читам книгата Нови правила во маркетингот од David Meerman Scott. Набргу потоа добив директна порака на истата « Продолжи »

Преглед на книгата Making Ideas Happen

Уште од самиот почеток на овој блог бизнис идеите се тема која доста ја разработуваме. Тие се основата и почетокот на секој бизнис, тие се денот Д во раѓањето на еден нов бизнис. Пред извесен период ја купив Kindle верзијата на Making Ideas Happen од Scott Belsky и моето првично искуство од овој нов начин на читање е на многу високо ниво за што повеќе пишував Технологија – промена на навики. Она што во прв план можам да го кажам во однос на оваа книга е « Продолжи »

Технологија и промена на навики – Kindle

Досега веќе скоро 10 години купувам книги од Amazon. Искуството започна некаде 2000-2001 година и се сеќавам на првата нарачка кога ми беше страв да внесам кредитна картичка, но ја внесов. Потоа секој ден нервозно проверував каде се наоѓа мојата пратка со книги, па незнам сега е испорачана сега е на аеродром во САД, сега е на аеродром во Германија се додека по 2-3 недели не стигнаа книгите. Наредните нарачки веќе не постоеше страв. Но, она што « Продолжи »

Преглед на книга: Crush It!

Пред неколку дена ја грабнав и ја прочитав оваа книга која е насловена како Crush It!: Why NOW Is the Time to Cash In on Your Passion. Ја купив затоа што претходно знаев за успехот на авторот Gary Vaynerchuk во огромното „раснење“ на неговиот семеен бизнис (продажба на вино) од неколку милиони долари годишно на неколку десетици милиони годишно. Овој успех го постигнува навистина релативно млад со помош на Wine Library TV. Погледнете (иако можеби не сте заинтересирани за « Продолжи »

Маркетинг во Ерата на Google – Книга

Пред некој ден ми стигна книгата која ја нарачав во вид на пред нарачка и која ја споменав во написот Дали онлајн стратегија претставува бизнис стратегија. Сеуште не стигнав да ја прочитам, но ја разлистав на брзина за да видам дали вреди за дадените пари. Досега вообичаено купував книги за кои имаше можност да ја погледнам содржината и секако имаше различни прегледи од страна на оние кои ја имаат купено и прочитано, онака како што го « Продолжи »