Веќе знаеме дека прво треба да бидеме ефективни (да ги правиме правите работи), а потоа ефикасни.
Успешноста се базира на ефективноста и ефикасноста како на претприемачот, така и на бизнисот воопшто. Но, дали може бизнисот да биде ефикасен и ефективен, без притоа претприемачот да биде ефикасен и ефективен.
Кога станува збор за бизнисот, како еден организациски систем ефективноста и ефикасноста се стекнуваат со помош на системите кои ќе ги изгради претприемачот. Е, токму затоа претприемачот мора да биде ефективен и ефикасен.
Кога веќе знаеме кои се оние “вистинските” работи кои треба да се прават од страна на претприемачот време е да започнеме да ја подобруваме ефикасноста што значи тие прави работи да ги завршиме на прав начин. Ова значи дека:
- Брзо ќе ги завршиме тие работи и
- Ќе ги завршиме со најмал можен напор, но со најдобри можни резултати.
Но, не можеме да очекуваме дека од првпат ќе се случи тоа. Зголемување на ефикасноста е процес кој се базира на знаење и постојано учење. Еве како изгледа тој процес: