status

Следна епизода: стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис

Следна епизода: стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис

Како тема за следната подкаст епизода која ќе биде објавена во понеделник (30.09.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Во оваа подкаст епизода ќе зборуваме за:

Продолжи…

status

Од 02.09.2013 продолжуваме со подкастот “претприемачки пат”

Од 02.09.2013 продолжуваме со подкастот “претприемачки пат”

Само како најава дека од 02.09.2013 повторно ќе продолжиме со подкастот “претприемачки пат”. Единаесетата епизода ќе се однесува за тоа како да го изградите профилот на вашите купувачи и можете да поставите ваши прашања на страната за подкаст прашања до 31.08.2013 и истите ќе бидат опфатени во епизодата. Во меѓувреме можете да ги прегледате првите 10 подкаст епизоди на страната на “претприемачки пат” подкаст или пак преку iTunes.

status

Нека ни е честит голем ден “Илинден”

Нека ни е честит голем ден “Илинден”

Тимот на претприемач ви го честита овој наш голем празник.

status

Пауза од подкастот “Претприемачки пат”

Пауза од подкастот “Претприемачки пат”

Периодот на годишни одмори започнува, така и ние ќе започнеме со намалување на интензитетот на нашата работа. Затоа во следниот период, поточно месец август 2013 година ќе правиме пауза од подкастот “претприемачки пат”.

Сега за сега можете да ги следите првите десет епизоди од подкастот преку линкот за претприемачки пат.

status

Користење на Aweber за email маркетинг

Користење на Aweber за email маркетинг цели

Во Free Silver членството на премиум претприемач е додадено уште едно видео во кое е објаснет системо за користење на Aweber за креирање на email маркетинг пораки. За да пристапите до оваа видео како и до останатите бонус материјали обезбедете си пристап преку формата за регистрација на овој линк:

Free Silver

status

Редизајн на претприемач за 2013 година

Редизајн на претприемач за 2013 година

Во моментов и следните неколку денови на претприемач ќе се изведуваат работи заради целосно воспоставување на функционалноста на новиот дизајн. Може да има некои проблеми во текот на оваа недела, затоа се извинуваме доколку имате некои проблеми при следење на сајтов.

Во секој случај, новата верзија на претприемач ќе обезбеди поголема разноликост на содржината која ќе ја објавуваме. Се надеваме дека ќе ви се допадне.