Подобрување на севкупните економски состојби во земјава во голем процент зависи од развојот на претприемништвото. За таа цел Британскиот совет во Македонија организира натпревар по претприемништво за средношколци од 15 до 18 години. Во петок, 16 ноември 2012 год, Британски совет во Македонија организира натпревар во претприемништво за средношколци на возраст од 15 – 18 години од 20 училишта од Македонија. Натпреварот ќе се одржи во « Продолжи »
Идеја во успешен бизнис за еден викенд – Startup Weekend
Од идеја до успешен бизнис за 54 часа. Дали е можно тоа? Може доколку процесот во однос на креативноста, знаењето и комерцијализација биде воден на вистински начин. Викендот 24-26.06.2011 во Скопје се организира Startup Weekend за првпат кој веќе е организиран во повеќе од 110 градови низ светот и кој даде одлични резултати во креирање на нови компании од страна на млади луѓе. Настанот ќе биде организиран викендов 24-26.06.2011 на ФОН « Продолжи »
Писмо на CEO на Nokia Stephen Elop до вработените
Пред некој ден CEO на Nokia, Stephen Elop до вработените испрати писмо кое се толкува како искрена оценка за позициите во која се наоѓа компанијата. Ова писмо во целост го објави Engadget. Како еден од корисници на производите на оваа компанија до пред една година (користев само Nokia повеќе од 10 години при што ги купував сите најнови телефони кои ќе ги лансираа) се најдов и самиот себеси во приказната. Она што ме заинтересира е не толку проблемите со « Продолжи »
Желби на малите бизниси за 2011 – Google
Во декември Small Business Marketing тимот на Google спроведе иницијатива во која ги праша малите бизниси кои им се желбите за 2011 година. Тоа беше еден вид на „желботека“ на Google. Различните желби тимот на Google ги групира во 3 категории и подкатегории. Еве некои желби што малите бизниси ги имаат и бараат во 2011 од Google: Повеќе можности и дополнителни карактеристики на онлајн алатките. Повеќе онлајн ресурси кои ќе им помогнат во растот на малите « Продолжи »
Нов дизајн на претприемач за 2011
Оваа година ја започнавме со еден сосема нов дизајн на претприемач. Кога велам дизајн не мислам само на визуелниот дел од истиот туку и на некои дополнителни карактеристики кои ги воведовме, а кои на некој начин во претходните постови беше најавено. Првин, ја сменив целосно работната околина во која функционира новата тема на претприемач. Досега ја користев Thesis темата од која сеуште не се откажувам и сеуште некои тековни и некои « Продолжи »
Најдоброто на претприемач во 2010 година
За некој ден завршува и оваа 2010 година која ќе ја паметиме по добри работи, а ќе се обидеме да ја заборавиме по сите лоши работи. Како и минатата година, така и оваа би сакал да ја завршам со серијал на постови за најдоброто на претприемач и воедно да ги презентирам некои досегашни постигнувања и секако планови за развој на овој блог за 2011 година. Оваа година има вкупно 307 постови на претприемач од различни теми кои ја опфаќаат оваа « Продолжи »
Интересни неделни информации 20.09-26.09.2010
Избор на вести од претходната недела на претприемач Либерализација на .мк доменот Се најавува либерализација на .мк доменот. Ќе се овозможи регистрирање на правни и физички лица. За полесна регистрација МИО најавува мрежа на компании кои ќе го претставуваат МАРНет и ќе обезбедат полесна регистрација на домените. МАРНет ќе се регистрира како јавна установа и се очекува да отпочне со работа од 1 јануари 2011 год. Компаниите кои ќе ги « Продолжи »
Интересни неделни информации 13.09-19.09.2010
Избор на интересни вести за минатата недела 13-19.09.2010 ВИП оператор, подршка за млади програмери и иноватори ВИП се покажува како компанија со општествена одговорност која дава подршка за иновативноста и креативноста кај младите програмери. ВИП веќе имаше конкурс на кој конкурираа околу 300 апликанти со свои проекти. Победниците на конкурсот добија чек од 500.000 ден. и телефон htc desire. Проектот кој што беше награден е софтверска « Продолжи »
Интересни неделни информации 06.09-12.09.2010
Наш избор на вести за минатата недела: Резерви на нафта уште 10 години? Изворите на нафта не се непресушни и се резултат на процес на фосилизација која траела со илјадници години. Научниците од службите за геологија и природни богатства проценуваат дека за 10 години ќе се исцрпат резервите на конвенционалната нафта. Решение е во нови извори на енергија кои полека би го замениле традиционалото гориво на 20-тиот век - нафтата. Новите « Продолжи »
Нов серијал на видео материјали на претприемач
Новите 10 видео материјали за тоа како до веб презентација се подготвени и пуштени на сите регистрирани за билтени на претприемач. Можеби тој трансфер од стари до нови видео материјали доведе до тоа некој да ги добие не од почетното прво видео, но на секое наредно видео ги има линковите до претходните. Сите видео материјали од претходната верзија се отворени и се наоѓаат во категоријата видео на претприемач. Следниве презентации се « Продолжи »

Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






