audio

Епизода #10- Email маркетинг и основни прашања на кои треба да одговорите

Оваа е десета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на тој ваш пат.

Претприемачки пат

Темата за email маркетинг е доста интересна тема и секако дека ќе бара многу поголем простор за да се опфатат сите важни елементи од овој процес кој доколку го дизајнирате како што треба, ќе постигнете неверојатни резултати.

Продолжи…

post

Креирајте ја вашата стратегија за маркетинг со содржина

Содржината станува една од најважните маркетинг тактики за денештните претприемачи. Сега, секој мал бизнис станува креатор и на содржина.

Зошто имате потреба од различна содржина за вашиот мал бизнис?

Живееме во ера на социјални медиуми, каде секој креира нешто, дава нешто, споделува нешто, зборува за нешто… Тоа нешто е еден вид на содржина креирана од лица кои се обидуваат да креираат различни релации со други луѓе. Тие креираат и споделуваат пораки, блог постови, слики, видео, презентации…

Растот на различните социјални медиуми околу нас го прават овој процес на креирање и дистрибуција како и достапноста на различна содржина за различни лица многу полесен. Малите бизниси го знаат или пак треба да го знаат тоа и едноставно сакаат да бидат дел од севкупниот екосистем на креирање, дистрибуција и консумпција на различна содржина.

Во овој наслов, сакам да зборувам малку за стратегија за маркетинг со содржина бидејќи доколку знаете дека ви треба содржина, знаете и дека ќе ви треба одлична стратегија. Одлична стратегија значи дека ќе имплементирате стратешки приод за да успеете во вашиот напор во однос на креирање и дистрибуирање на содржина заради зголемување на потенцијалот на бизнисот.

Продолжи…

post

12 начини за прибирање на email адреси за вашиот бизнис

Email маркетингот претставува корисно маркетинг средство за малите бизниси. Се карактеризира со добро таргетирана група на приматели, но и релативно ниска цена на чинење.

Тука нема да стане збор за оние пораки кои што ги добивате секојдневно и кои пристигаат на инфо адресите на компаниите, или пак оние кои на крај имаат забелешка дека email адресата е преземена од јавни регистри и доколку не сакате веќе да добивате да реплицирате на пораката со текст unsubscribe. Тука ќе стане збор за email маркетинг базиран на одобрение, некој сакал да влезе на листата и да остане информиран за вашиот бизнис, како и понуди кои ги праќате.

 

Листава не е конечна, туку претставува збир на најкористени техники кога станува збор за малите бизниси. Ограничувања не постојат, освен вашата креативност како да го имплементирате процесот.

  1. При секоја продажба понуди можност да им испратиш на купувачите email кој треба да го потврдат за да влезат на вашата email листа.
  2. На вашите бизнис картички поставете линк до страната за оставање на информации каде луѓето може да се регистрираат.
  3. На летоците поставете линк до страната за оставање на информации каде луѓето може да се регистрираат и објаснете накратко што добиваат.
  4. Вашите брошури нека содржат информации како да се регистрираат луѓето.
  5. Кога учествувате на семинари понесете лаптоп на кој ќе биде отворена страната за регистрација и поканете ги луѓето кои доаѓаат до вашиот штанд да се регистрираат заради подетални информации.
  6. Во потписот на вашиот email поставете линк до страната за регистрација со што секоја ваша конверзија преку епошта ќе биде можност за регистрација.
  7. Обезбедете дека на секоја страна на вашиот веб сајт и блог имате форма за регистрација.
  8. Можете да користите скокачки прозорец на вашиот бизнис веб сајт за потсетителите да бидат потсетени за за можноста за регистрација и придобивките.
  9. Имплементирајте иницијативи за регистрација како попуст само за регистрирани или пак некоја дополнителна вредност во замена за eпошта.
  10. Поставете форма за регистрација на Facebook страната на вашиот бизнис.
  11. Здружете се со некои бизниси кои користат email маркетинг и взаемно испратете понуди за регистрација на листата на партнерите.
  12. Оптимизирајте ја страната со форма за регистрација во однос на клучните зборови како лесно би можеле да бидат најдени преку пребарување.

Повеќе информации за оваа маркетинг средство можете да прочитате на:

post

Интернет маркетинг – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата интернет маркетинг на претприемач има вкупно 112 наслови од кои на оваа година отпаѓаат 52 постови. Денес и не може да се замисли бизнис без да се гради присутноста на интернетот. Иако малку ја запоставивме оваа категорија бројката од над 50 наслови ја зголемува предизвикот за блогирање за бизнис во 30 денови.

Да ги издвоиме најдобрите од оваа година во категорија интернет маркетинг.

  1. Подобрете ја вашата email кампања во 2011. E-mail маркетинг претставува основа за бизнисите преку која можат да поттикнат комуникација со потенцијалните потрошувачи, да ја зголемат препознатливоста на брендот, да ги едуцираат потенцијалните потрошувачи, да соработува со потенцијални потрошувачи… Во постот се презентирани 7 елементи кои може и треба да се подобруваат постојано.
  2. 11 чекори за маркетинг со содржина. Содржината е основата кога станува збор за настап на интернет на еден бизнис. Во постот се презентирани 11 чекори кои треба да ги преземете.
  3. Зголемување на конверзија – Интернет маркетинг. Една од целите на следење на сите активности во однос на интернет маркетинг претставува зголемување на конверзијата.
  4. Google + и можното влијание врз бизниситеGoogle + e статистички најбрзо растечка социјална мрежа, која пак од друга страна има или пак ќе има огромно влијание на рангирање на вашиот веб сајт. Иако сеуште платформата не е подготвена за бизниси сепак добро е да започнеш како физичко лице да ја градиш присутноста и едноставно да ги учиш правилата на игра.
  5. Блогирање за бизнис е-книга. Овој пост е опис на она што е опфатено во е-книгата блогирање за бизнис која сите регистрирани за билтени ја добиваат бесплатно.
  6. Предизвик за блогирање за бизнис во 30 денови.  Овој пост ги групира серијата на постови кои одеа секојдневно како предизвик за блогирање за бизнис.
  7. SEO оптимизација за пребарувачи: 5 најчести грешки. Во постот потенцирани се 5 грешки, кои спаѓаат во групата на ненамерни или несвесни грешки кои што може и во најголем број на случаи се прават.
  8. Зошто онлајн успех води до офлајн успех? Можеби постои мислење дека еден бизнис кој целосно е фокусиран на офлајн продажба нема потреба од онлајн присуство. Но, сето тоа не е точно. А, во постот е опишано и зошто.
post

Биди најден и конвертирај повеќе со целни страни

Едно од почесто поставуваните прашања е како бизнисот да биде најден во една прашума од страни на интернетот од колку што може повеќе потенцијални потрошувачи и во исто време кога веќе ќе стигнат до страната да се конвертираат (да ја преземат акцијата која претприемачот ја сака) повеќе.

Затоа и вториот вебинар на премиум претприемач е од темата на интернет маркетингот: Како да бидеш најден и да конвертираш повеќе преку твоите целни (landing) страни? Кое сигурно си го поставуваш доста често доколку градиш присутност на интернет (а кој бизнис не гради).

Во овој вебинар станува збор за следниве прашања:

  • Што се тоа целни страни? Основата е да се знае точно што претставуваат целни страни. Постојат различни видувања кои се ограничувачки, но постојат и видувања кои се со многу пошироки видици. Целта е еден претприемач да го прошири сопствениот видик кога станува збор за целни страни.
  • Кои се трите фактори од кои зависи конверзијата? Многу е важно да постои двојна конверзија. Зошто? Потребна ти е конверзија на самата кампања (PPC реклама, банер, пребарување…) за да се стигне до таа целна страна. Поголема конверзија тука, повеќе посетители до страната, каде самата страна треба да ја преземе конверзијата во однос на преземање на акција од страна на посетителот (купувањље, нарачка, контакт, email листа…). Затоа во вебинарот навлегуваме во основните три фактори или како што уште се нарекуваат “троножец” на конверзија.
  • Примери од локално и глобално ниво во однос на целните страни и трите фактори на конверзија? Во минатите неколку месеци собиравме различни примери на кампањи (повеќето од локално ниво) и целни страни до кои водат тие кампањи кои во самиот вебинар ги анализираме и забележуваме што е добро, а што лошо.
  • Процес на креирање на целни страни. На крајот секако прикажан е еден процес на креирање на целни страни кој е најоптимален за најмалку можни грешки.
  • Акции кои треба да ги превземете. И секако и овој вебинар како и секој останат е проследен со акции кои ќе треба да ги преземете.

Пристап до еден вебинар на премиум претприемач е 500 денари, а со пристап до вебинарот имате и пристап до транскрипт на истиот, самата презентација и акциона листа.

Вебинарот трае еден час и 22 минути, а можеш и да го погледнеш воведниот дел на истиот во видеото подолу:

Уште еднаш линкот до вебинарот насловен како: Како да бидеш најден и да конвертираш повеќе преку твоите целни страни?

post

Зошто онлајн успех води до офлајн успех?

Онлајн стратегија Понекогаш постои страв дека онлајн активности не влијаат на офлајн подобрувања на бизнис функциите. Некои претприемачи сметаат дека постои јасна и недвосмислена граница меѓу офлајн и онлајн активности на еден мал бизнис и дека за некои бизниси не можат да се применуваат онлајн стратегии за да се успее целосно во офлајн светот на бизнисот.

Можеби постои мислење дека еден бизнис кој целосно е фокусиран на офлајн продажба нема потреба од онлајн присуство.

Но, сето тоа не е точно. А, еве и зошто.

#1 Се повеќе луѓе имаат интернет и го користат секојдневно

Дали се присутни заради комуникација, забава, информација, проширување на знаењето или било што друго, факт е дека луѓето поминуваат се повеќе време и се почесто се наоѓаат закачени на интернетот. Дали директо преку PC или пак лаптоп или пак во движење со мобилен телефон, тие се таму. Тие се присутни, комуницираат, споделуваат, се забавуваат, слушаат, гледаат, бараат, се информираат…

Каде ти и твојот бизнис се наоѓате во тој свет? Дали твоите летоци се присутни и достапни на овој се поголем и поголем сегмент? Дали твоите радио реклами или брошури се таму?

#2 Онлајн дава нов приод на комуникацијата

Знам дека имаш телефон и го користиш за повикување на потенцијални купувачи, примање на нарачки од тековни купувачи, обележување на некои денови како честитки за роденден или празници со тековните купувачи…

Знам дека користиш и состаноци, ручеци, вечери, кафиња… Сето тоа е твојата секојдневна комуникација со пазарот.

Но, може ли и нешто поинаку. Што е со видео презентација, коментар на блог пост, Google Hangout, Skype, социјални медиуми… Треба ли да ги избегнуваш. Доколку и мал дел од твоите потенцијални купувачи се онлајн, мора да ги користиш и новите онлајн техники на комуникација. Тие му даваат еден сосема нов приод на твојата секојдневна комуникација со пазарот.

#3 Поедноставена препорака

Твојот бизнис во голем дел зависи од препораки кои може да бидат од уста на уста, преку споделување на пишан материјал, преку раскажување за твојата радио реклама или ТВ реклама…

Но, што е полесно, прераскажување на ТВ реклама и чекање кога ќе биде (што воопшто не е така) или еден клик на YouTube видео реклама или презентација на твојот бизнис. Брзината со која препораките се одвиваат онлајн не може да се мери со брзината на препораките офлајн.

#4 Онлајн те поттикнува да излезеш од зимскиот сон

Да, токму така. Се чини дека се наоѓаш во зимски сон со твоите офлајн активности. Но, онлајн мора да бидеш жив, мора твојот бренд да биде жив. Се бара постојата комуникација, постојано споделување, постојана едукација… Нешто што те одржува буден постојано, а со тоа и твојот бренд.

#5 Луѓето се повеќе бараат производи и услуги онлајн

Првин ги интересира решение за проблемот за кое сакаат да се едуцираат. Потоа бараат понуди, споредуваат цени, карактеристики, бенефиции… Потоа проучуваат и анализираат брендови, кредибилитет, репутација, доверба.. А, потоа одлучуваат каде ќе купат.

Дали ти си присутен во овие фази од донесување на одлука на потенцијалниот купувач?

post

Зголемување на конверзија – Интернет маркетинг

Конверзија преку целни страни

Конверзија преку целни страни

Минатите неколку недели и најверојатно следните неколку недели преку подготовка на еден материјал за премиум претприемач анализирав повеќе интернет базирани реклами (банери, AdWords кампањи, Facebook реклами, како и повеќе query-ја од пребарување на Google). Анализите беа со цел следење на оние целни страни (Landing Pages) во однос на било која кампања.

Но, за жал резултатите од анализата покажаа дека скоро сите компании од Македонија го трошат интернет маркетинг буџетот сосема непотребно без некоја соодветна цел која таа кампања треба да го постигне. Трите основни столба на кои треба да се базираат тие кампањи (релевантност, вредност и повик за акција) се целосно невидливи во тие кампањи, а поради тоа најверојатно и конверзијата е слаба (доколку се мери истата, бидејќи без конкретна цел не се знае што ќе се мери).

Три фактори (столбови) на конверзија

Секоја интернет маркетинг кампања мора да се базира на 3 основни столбови, кои имаат за цел да ја зголемат конверзијата на таа кампања. Конверзијата е број на превземени акции на целната група кон која е насочена таа кампања. Тие фактори се следниве:

  • Релевантност. Дали вие сте релевантен за она што јас го барам?
  • Вредност. Знам ли или може ли лесно да дознаам зошто вие сте вистинското решение?
  • Повик за акција. Јасно ли е што треба да направам, кога веќе ќе знам дека вие сте вистинското решение?

Но, она што е важно е дека овие фактори се користат како за самата кампања (реклама или резултат од пребарување), така и за самата целна срана која ќе ме одведе кога ќе кликнам на таа ваша кампања.

Релевантност

На пример, доколку на пребарувачот барам маркетинг план, очекувам да видам реклами кои ќе се однесуваат или на маркетинг консултантски компнии или на компании кои произведуваат некој вид на алатка поврзана со маркетинг план или пак нешто поврзано со маркетинг план. Не очекувам дека ќе дојдам до реклама за мебел. Тоа е релевантноста. Од друга страна, релевантноста е и кога веќе ќе кликнам на вашата реклама да го има она што е наведено во самата реклама. Дали тоа е попуст, дали е нешто гратис, дали е специфичен производ или услуга или било што што е споменато во рекламата треба да биде и на целната страна. Тогаш релевантноста е комплетирана.

Добро можеби мислите дека не е важно дали ќе кликнам важно е да постојат импресии (покажувања). Точно до некаде за зајакнување на брендот доволни се и импресии. Но, за тоа веќе зборувавме во Google Adwords – Quality Score каде покажавме дека CTR (стапка на кликнувања) во Google Adwords има најголемо влијание за позиција и број на покажувања на вашата реклама.

Вредност

Интересно е што повеќето бизниси од анализираните кампањи (поточно само една беше согласно „правилата“) воопшто не се подрудиле да ја покажат вредноста како во самата кампања така и на самата целна страна до која ме води кампањата. Па, така доколку во рекламата е конкретизирано што ќе добијам (на пример, бесплатна испорака или попуст) тоа воопшто неможам да го видам на страната на која ме води. Или пак го има, но некаде сокриено и би ми требало време за да го најдам. Се чувствувам излажан и единствено што ми преостанува е Х на десниот горен агол.

Само да напоменам дека вакви примери најдов и на поголеми глобални веб сајтови каде во реклама имам една цена додека на целната страна друга. Што не е добро, барем не во времето во кое живееме.

Повик за акција

Повикот за акција до некаде постои во анализираните кампањи бидејќи секој се потрудил да обезбединекаков клик. Но, истиот целосно е загубен во целната страна. Значи сте ме привлекле да кликнам, но веќе кога сум на страната која сум ја кликнал гледам еден куп работи кои немаат врска со она за што сум кликнал, кои едноставно ме бунат. Дали треба да купам, дали реба да се информирам, дали треба да се регистрирам…? Што е финтата?

Што сакате да постигнете? Барем тоа е едноставно, вие го знаете. Па едноставно обидете се тоа да го постигнете преку секоја кампања.

post

Блогирање за бизнис – Е-книга

Се повеќе луѓе од светот на бизнисот сфаќаат дека доколку не се видливи во онлајн светот, воопшто нема да постојат за нивните потрошувачи. Веб сајт спакуван со маркетиншки јазик кој е нешто за малку повеќе од вашата брошура не е доволен. Се бара едукација, се бара информација, се бара препорака, едноставно се бара содржина која ќе се преплетува како „пајакова мрежа“ низ интернетот. (Повеќе детали за оваа пајакова мрежа можете да прочитате во Промени во маркетингот.)

Повеќепати на претприемач имавме содржина која се однесува на оваа маркетинг средство. Доколку сте пропуштиле можете да ги прочитате следниве наслови за блог како маркетинг средство:

Но, да се вратиме на целта на овој пост, а тоа е новата е-книга за блогирање на бизнис.

Е-книга – Блогирање за бизнис

По неколку месеци работа (добро, не постојано туку кога ќе успеев да украдам време) успеавме да ја завршиме првата верзија на оваа книга насловена како Блогирање за бизнис.

Велам првична верзија бидејќи истата ќе подлежи на промени не само поради тоа што се однесува на подрачје од бизнисот кое континуирано се менува туку и заради тоа што знам дека има простор за подобрување и секако има простор за уште наслови во самата книга. Затоа секоја добронамерна забелешка е добредојдена и слоборно можете да ни реплицирате со идеи или потреби кои ги имате во однос на блогирање за бизнис.

Како што знаете пред да ја довршиме книгата преку еден од билтените на претприемач побаравме одговор на еден прашалник за теми кои би сакале да се опфатат во книгата. Од одговорите најмногу се бараа темите за стратешко планирање, чек листа за успешен бизнис блог и 50 идеи за блог постови на кои и посветивме повеќе внимание.

Што е опфатено во блогирање за бизнис?

Овој материјал е структуриран преку следнава содржина:

  • Вовед
  • Што е тоа бизнис блог?
  • Зошто блогирање за бизнис?
  • Стратешко планирање за имплементација на блогирање за бизнис како дел од вашата маркетинг стратегија.
  • Креирање на содржина, видови на содржина, структура на содржина и оптимизација на содржина.
  • 50 идеи за блог постови
  • Технологија за бизнис блог
  • Чек листа која ќе ве води кон успешно блогирање за бизнис.

Најмногу внимание посветивме на сратешко планирање и креирање на содржина. Особено во делот за креирање на содржина можете да прочитате за видови на содржина која ќе се објавува на вашиот бизнис блог, структура на содржината (секој блог пост), процес на креирање на таа структура од идеја до вистински блог пост како и 50 идеи за блог постови за вашиот бизнис блог. Овие 50 идеи се дел од еден сервис во кој како тест период беа и сеуште се вклучени неколку бизниси кои секоја недела добиваат по 5 идеи. Тука од над 100-тината идеи ги ставивме 50-те за кои сметаме дека се едни од најважните.

Но, да не должиме многу. Можете да ја превземете оваа е-книга од 72 страни преку регистрација за неделни билтени. По регистрација веднаш ќе добиете email со линкови од оваа книга како и други бонус материјали како дел од овие билтени на претприемач.

post

Email маркетинг – Пример зошто професионален сервис

Email маркетинг како едно маркетинг средство е моќно за малите бизнис особено поради тоа што претставува доста ефикасно и ефективно, а од друга страна и доста ефтино, па дури за некои и бесплатно.

Кога веќе го споменав зборот бесплатно, треба да напоменам дека иако не сум некој кој препорачува ваков пристап (поради фактот што поминав низ сите тие фази од бесплатен сервис до професионален сервис), сепак може да се користи од страна на бизнисите доколку станува збор за помала меилинг листа и со користење на бесплатни сервиси кои постојат до одреден број на email адреси кои ги содржи листата.

Целта на овој краток пост е да покажам еден пример зошто сервисите кои професионално ги нудат овие услуги се наплаќаат. Сакам да напоменм дека иако повеќе од една година го користам Aweber како сервис сепак сеуште ги учам можностите и опциите кои ми стојат на располагање, па така не ја исклучувм можноста да споделувам дополнителни елементи кои ги учам низ целокупниот процес.

Првин би започнал со едно потсетување на два термини од подрачје на email маркетингот кои ги опишавме во Ажурирање на бизнис поимник за email маркетинг:

  1. Bounce Rate – Претставува стапка на вратени email-ови до испраќачот кои се карактеризираат со порака од mail системот дека е вратена заради причини како што се непостоечко домен име, преполни инбокс на примателот, непостоечка еmail адреса.
  2. BlackList – Овој збор означува листа која содржи група на IP адреси, кои се осомничени за испраќање на несакани email пораки (спам). Доколку IP адресата од која ги испраќате вашите email пораки како дел од една email маркетинг кампања имаат висока стапка на жалби до интернет сервис провајдери, висока bounce стапка, или голем број на испраќања на стари и непостоечки адреси ќе постои поголема шанса да влезе во оваа несакана листа.

Ова значи дека доколку постојано испраќате email на адреси кои се веќе непостоечки, или не се отвораат поголем временски период па затоа сандачето е преполно или пак испраќате на адреса со непостоечки домен вашата адреса од која испраќате ќе влезе во таа црна листа.

Во Aweber ова е решено така што доколку неколку пати се врати пораката во вид на Bounce автоматски системот го брише тој email од листата.

Во примеров подолу забележувате дека двe email адреси се категоризирани како bounce и тоа два пати по ред за две последователни пораки.

Aweber Bounce

Aweber Bounce

Затоа системот автоматски ги брише со што се запира понатамошното праќање на тие email адреси.

Aweber - Неможност да се испрати

Aweber - Неможност да се испрати

 

post

Кревање на врева со бизнис блог

Бизнис блог

Бизнис блог

Најлесно нешто кога станува збор за бизнис блог како маркетинг средство е да се постави блогот да биде жив онлајн. Процесот е инсталација на CMS (најкорисен е WordPress), одлука за тема, инсталација и неколку подесувања. На мојот личен блог пишував како се завршив за 30 минути со помош на Genesis и темата Prose во тој случај.

Но, што понатаму? Бизнис блогот е поставен и жив онлајн. Како сега да го ставиме во функција на бизнисот? Тоа е и првото прашање кое треба да се одговори од страна на претприемачот. Понекогаш и доста често оваа прашање останува неодговорено и целиот процес завршува тука. Ова е поради фактот што претприемачот сфаќа дека ова е долг и макотрпен процес кој не гарантира брзи резултати. Но, на долги стази овој процес може само да помогне во градење на долгорочна благосостојба на бизнисот.

Многу често првиот пост кој се пишува е пост кој содржи нешто вакво:

Ова е блог на тој и тој бизнис и во него ќе читате за нашите производи и/услуги како и сите последни информации за нашиот бизнис. Ќе ве известуваме за нашите постигнувања како и за сите наши прес конференции. И супер, нас многу ни е драго што вие сте тука, за да прочитате за нашите бла, бла, бла…

Од здодевно има ли поздодевно. Многу ми е гајле за твоите производи и/или услуги. Сигурно ги имате на вашиот веб сајт и ако затоа сум тука би ги побарал на страната Производи. Могу ми е гајле што Вие правите или пак што ќе правите. Многу ми е гајле за Вас. Многу ми е гајле за Вашите прес конференции – не сум новинар. Но, првото прашање ќе ми биде: Што има за мене тука? Вредност? Дали треба да се навраќам на овој блог повторно?

Затоа секој (или во поголем дел) блог пост треба да креира некаква вредност за мене. Би требало да ме поттикне на нешто:

  • да ве контактирам
  • да купам доколку продаваш
  • да споделам…

Во денешно време контактирање и купување не оди толку бргу, сепак зависи и од видот на проблемот кој вашиот бизнис го решава и вистинската потреба од решавање на тој проблем на пазарот. Но, иако некој не ве контактира, не значи дека сте го загубиле доколку комуницирате вредност преку вашиот бизнис блог. Тој е тука, ќе дојде и утре, или пак можеби за една недела или за некој месец или пак за некоја година да косумира уште од вредноста која ја давате и можеби тогаш ќе одлучи да превземе чекор за поблизок однос со вашиот бизнис.

Истиот тој, можеби ќе забележи нешто вредно и ќе сподели на Facebook за тоа да биде прочитано од неговите виртуелни пријатели. Зарем ова не е придобивка за вашиот бизнис – вашиот бизнис блог станува нешто со висок потенцијал да генерира вирозен маркетинг од содржината која ја објавувате.

Бизнис блог е одлично маркетинг средство кое комбинира персоналност и градење на односи кои пак водат до лојални потрошувачи кои стануваат ваши најголеми поддржувачи.

Прашања пред започнување со бизнис блог

Започни со следниве прашања:

  • Каква вредност нуди мојот бизнис?
  • Како таа вредност да ја трансформирам во вредност која ќе се комуницира преку мојот бизнис блог?
  • Што ќе поттикне насмевка на лицата на читателите на мојот бизнис блог?
  • Што е она што нема да биде здодевно за нив?
  • Што е она што сакаат да го читаат?
  • Што е она што ќе ги поттикне да превземат некоја акција (контакт, купување, споделување)?
  • Кои се првите 20-30 наслови кои би биле интересни?

4 Совети за кревање на врева

Во наредниот дел би споделил неколку совети кои можете да ги применувате кога станува збор за користење на бизнис блог како маркетинг средство и кревање на врева преку овозможување на вирозен елемент во истиот.

  • Иако, тука на претприемач блогот го нарекуваме како маркетинг средство, сепак тој е само еден од многуте социјални медиуми. Дали кога ќе се сретнете со некој ваш потенцијален клиент на некој настан на кој присуствувате и двајцата веднаш му давате брошура со вашите производи или услуги? Најверојатно не, првин се запознавате, разменувате бизнис картички, разговарате и за приватни работи, кажувате вицеви, можеби ќе закажете видување на ручек или на кафе, споделувате искуства… Така да запомни дека твојот бизнис блог служи за градење на долгорочни односи, а не за директна продажба, па затоа не пробувај да продаваш во секој пост. Затоа споделувај совети кои ќе бидат корисни за читателите.
  • Кога станува збор за производите или услугите кои твој бизнис ги продава сподели информации за продажни промоции и попусти. Читателите и потенцијалните купувачи ќе сакаат да добиваат информација од прва рака за тоа кога можат да купат нешто поевтино и ќе се навраќаат за да проверат дали таква информација постои. Мора да се вметне конзистентноста во однос на оваа прашање за да не се случи по неколку обиди и не наоѓање на таква информација да дојде до откажување.
  • Секогаш кога ќе спомнете некој од вашите производи или услуги не ги објаснувајте во детали. Тие треба да се објаснети на страната за продажба (доколку имате) или пак на страната наречена како “Производи” на вашиот веб сајт или пак во вашиот каталог ако немате таква страна. Наместо објаснување кое би било повторување на овие елементи едноставно ставете линк до тие елементи и ако некој сака да прочита или да се информира повеќе за вашите производи ќе одлучи да кликне.
  • На одреден временски период објавувај наградни игри преку кои ќе изберете победници кои ќе добијат некоја награда во вид на попуст или пак некој производ кој го нудите. Луѓето сакаат да учествуваат во наградни игри и да добиваат награди. Освен тоа еден ваков пристап поттикнува интеракција со потенцијалните купувачи. За да ја добијат наградата ќе мора нешто да направат (коментираат, споделат линк до постот каде е наградата или било што што може да има некоја идна вредност за вашиот бизнис). На пример, ZAGG – онлајн продавница од која купив тастатура во месец февруари секој ден доделуваше по еден iPad за еден од оние кои ќе споделат информација за оваа промоција. За да учествуваш во можноста за извлекување треба да се вклучиш во нивната листа. За да ја зголемиш за двојно можноста од извлекување треба да споделиш линк на Facebook и Twitter каде постои потенцијал за нови потенцијални потрошувачи кои ќе влезат во нивната emal листа.

Ова се само еден мал дел од препораките кои можам да ги опфатам тука, но во секој случај едни од поважните за да го користите во вашиот бизнис блог како средство за кревање на врева за вашиот бизнис.